Промовирани огласи »

1. Од кога датираат почетоците на Јадранка групацијата со хотелиерство и угостителство?

Јадранка групацијата со хотелиерство и угостителство се занимава од 1947 година, повеќе од 70 години. Со текот на годините, Јадранка ги прошири своите активности на малопродажба, трговија на големо и кампување. Денес, Јадранка е една од водечките хотелско-трговски друштва во Хрватска и еден од најголемите работодавачи. Јадранка група ја сочинуваат друштвата: Јадранка хотели ДОО (бренд Lošinj Hotels & Villas), Јадранка кампови и Камп Слатина ДОО (бренд Camping Cres & Losinj) и Јадранка трговија ДОО.

Ние работиме на островите Лошињ и Црес, лоцирани во северниот дел на Јадранското Море. Лошињ е надалеку познат по својата природна убавина и високиот квалитет на воздухот. Лошињ остварува 2,3 милиони ноќевања годишно, што го прави петтата дестинација според бројот на ноќевања во Хрватска, додека во хотелите, вилите и камповите на Јадранка се остварува околу 60% од бројот на ноќевања.

Јадранка групацијата има околу 800 вработени, додека тој број во летните месеци достигнува и преку 1600 вработени.

2. Вашите хотели и вили се наоѓаат на најатрактивните локации на островот Лошињ. Колку хотели и вили ја сочинуваат Јадранка групацијата? Кажете ни нешто повеќе околу тоа.

Lošinj Hotels&Villas е хотелски бренд на Јадранка хотели ДОО под кои функционираат 5 хотели и 11 ресторани, вили и апартмани сместени на најатрактивните локации на островот Лошињ, со капацитет повеќе од 3.500 гости. Гостите имаат на располагање хотели со 5* и 4*, поточно хотел Bellevue, вила Hortensia, Boutique hotel Alhambra и вила Augusta во заливот Чикат, кој се истакнува со специфична 5* премиум понуда, и Vitality hotel Punta, хотел Aurora и Family hotel Vespera кој со специјализирана понуда на ниво на 4* одговара на различните барања на гостите.

Јадранка управува со четири кампа на островите Лошињ и Црес, врши големопродажни и малопродажни активности во 20 продавници низ целиот остров и во централниот објект за подготовка на храна.

3. Каков вид на туристи/од кои земји најчесто летуваат во Лошињ?

Во Лошињ доаѓаат околу 86% странски гости и тоа најчесто доаѓаат Словенци, Германци, Италијанци и Австријци, а се повеќе и Французи и Швеѓани. Гостите кои за својот одмор ги бираат хотелите и камповите на Јадранка групацијата или пак купуваат во нашите продавници, навикнати се на високо ниво на услуги што ги нудиме.

4. Што ве прави специфични и примамливи како работодавач?

Секоја година Јадранка групацијата инвестира повеќемилионски суми во едукација на своите вработени. Ние веруваме дека инвестирањето во вработените е најекономично инвестирање. Особено сме горди на нашата гастро академија, која е основана со цел развивање посебни вештини специфични за висока услуга на хотел со 5*. Вработените кои што покажуваат интерес за занимања како батлер, им овозможуваме образование во тој правец. Така сме сигурни дека нашите вработени  секоја година ќе пружаат услуга која е во согласност со светските трендови.

На нашите сезонски вработени, им обезбедуваме сместување и храна, ги обезбедуваме трошоците за превоз до дома по истекот на договорот за вработување, нудиме можност за продолжување на договорот за вработување за прераспределено работно време (слободни денови) и денови од годишен одмор. Платите секогаш им се исплаќаат навреме на вработените. Сезонските работници се вклучени во програмата за награди, а на основната плата се пресметуваат додатоци за работа во недели, за празници, двосменска работа, континуирана попладневна работа, повремена ноќна работа и континуирана ноќна работа.

5. Со што ги инспирирате вашите вработени?

Сите вработени на Јадранка се дел од тимот. Нашата заедничка цел е задоволство на нашите гости и купувачи. Најголема награда е кога гостинот повторно ќе се врати кај нашите вработени, поради услугата која што сме му ја пружиле. Тоа е дополнителен поттик.

6. Која е тајна вашиот успех? (кажете нешто околу вашите вработени)

Јадранка групацијата ја прават нејзините вработени, кои секоја сезона посветено работат како на гостите или на купувачите би им пружале најдобра услуга во склад со светските трендови. На нивниот труд и посветеност се темели квалитетот на нашите услуги, па затоа секојдневно вложуваме напори за понатамошно подобрување на условите за работа и усовршување на нашите вработени.

7. Што еден кандидат треба да поседува за да стане дел од вашиот тим?

Бараме кандидати кои се мотивирани за работа во туризмот, спремни за учење и надоградување на своите вештини и добро функционирање во тим. Искуството не е пресудно, нашите искусни и стручни ментори секогаш радо го пренесуваат знаењето на новите колеги. Оние што покажуваат мотивација и интерес секогаш се наградени. Така во Јадранка имаме помошник директор на хотел со 5* кој што кариерата ја има започнато како помошник келнер. Сезонската работа знае да биде захтевна, но наградите се големи.

Јадранка групацијата моментално има отворено работни места за КЕЛНЕР/КА и РАБОТНИК ВО ДОМАЌИНСТВО - СОБАР. Огласите можете да ги погледнете на следниве линкови: https://kariera.mk/job/RmlAs9gslkukkgTELUwo-g/kelner-ka-hrvatska-mali-loshinj и https://kariera.mk/job/oZpOawKZzU-g91ous-caxw/rabotnik-vo-domakjinstvo-sobar-hrvatska.

Нешто повеќе за сезонската работа на најубавиот остров на Јадранот - Лошињ, прочитајте тука: https://kariera.mk/article/4067/sezonska-rabota-na-eden-od-najubavite-ostrovi-na-jadranot-cheka-na-vas.

Промовирани огласи »

Минмалната плата во Америка расте, но кај платите на сопствениците на големи компании таа оди во друга насока.

Имено, се повеќе милионери работат за плата од еден долар, а дури и не си исплаќаат бонуси.

Роберт В. Вуд за Форбс пишува за овој феномен. Всушност ова е многу паметен потег, вели бидејќи е исплатливо за сите кои имаат удели на акции во фирмите.

Во 2012 Марк Закерберг заработил 770,000 долари плати и бонуси, што значи дека бил најслабо платена личност во Фејсбук. Добро разбравте, Марк е еден од милијардерите кои заработуваат плата од еден долар, а неговото богатство оваа година се проценува на 55,3 милијарди долари.

Таа симболична плата всушност значи дека сопственикот на компанијата се грижи за двојните акционери. Закерберг не е единствен кој ова го работи. Сергеј Брин и Лари Пејџ од Гугл заработуваат еднаква сума, а и многу други милијардери.

Кога била извршен директор во Хевлет Пакард, Мег Витман имала богатство од две милијарди, а заработувала само долар годишно. Извршниот директор на американскиот технолошки гигант Епл Стив Џобс во 2010 година примил плата од само еден долар. Симболичен надомест Џобс примал од 1997 година, иако во меѓувремено пазарната вредност на неговата компанија значајно пораснала.

Секако на сите ним ваквата плата повеќе им се исплаќа бидејќи имаат многу повеќе удели во компании а од неа не мора да извлекуваат многу пари за своите плати, пишува вечерни новости.хр.

Промовирани огласи »

Градот Скопје денеска го објави јавниот повик за надоместување дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на град Скопје за набавка на печки на пелети.

Со цел да ги стимулира граѓаните да користат почисто гориво и поквалитетни печки за затоплување на своите домови – печки со повисока енергетска ефикасност и пониски емисии во воздухот, Градот Скопје на граѓаните што имаат купено печки на пелети од 07.11.2018 година до денот на завршувањето на повикот ќе им надомести дел од трошоците за набавка на печката во висина од 70%, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство. Овој повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Јавниот повик ќе трае заклучно со 30 ноември 2019 година, или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена.

Доколку бидат исцрпени сите предвидени финансиски средства, Градот Скопје ќе ја информира јавноста на својата Интернет-страница дека Јавниот повик е прекинат пред истекот на периодот за кој е објавен.

Јавниот повик може да го погледнете на следната интернет-врска.

Промовирани огласи »

Започнати се подготовки кон средината на годината да се воведе поврат на ДДВ за физички лица, пред нас е година на економски раст и повеќе пари кај граѓаните.

Владата предводена од СДСМ во претстојната 2019 година продолжува да ги спроведува зацртаните мерки што се во интерес на граѓаните, економијата и иднината на државата.

2019 е година во која ќе биде остварено уште едно клучно ветување од Програмата за работа на Владата. Започнати се подготовките кон средината на годината да биде воведена мерката за поврат на 15 отсто Данок на додадена вредност за физички лица.

Оваа мерка на крајот на секоја година ќе обезбеди дополнителен приход во секое семејство, ќе ја засили куповната моќ и позитивно ќе влијаеја врз зголемување на потрошувачката.

Владата предводена од СДСМ останува посветена на обезбедување повеќе пари назад кај граѓаните, назад во економијата.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »