Лошињ Хотели и Вили се хотелски бренд во склоп со Јадранка Хотелите ДОО, член на Јадранка група од Мал Лошињ, Хрватска, која веќе 70 години е меѓу најголемите хотелски компании во Хрватска . Портфолиото на LH&V е составено од пет хотели меѓу кои се и првиот хотел на Лошињ – луксузниот хотел Bellevue, потоа Boutique Hotel Alhambra 5* (член на Мали луксузни Хотели во светот), вили и бројни ресторани.
Сместувачкиот капацитет на Лошињ Хотелите и Вилите е преку 3.500 гости, со постојано зголемување на ноќевањата на домашни и странски гости. Во последните пет години компанијата вложи значајни парични средства за подигнување на квалитетот на сместувачки капацитет, угостителски објекти како и во едукација на кадарот.
Сертифицинани сме со сертификат ISO 9000:2001 за управување на квалитетот, ISO 14001:2004 за зголемено управување на животната средина, како и ХАСАП стандардите. Нашата цел е на домашниот како и на меѓународниот пазар да станеме синоним за понуда на најдобар здрав одмор на Медитеранот.
Познати сме по нашата исклучителна љубезност и супериорност на врвна услуга поради која што гостите се враќаат кај нас. Поради тоа бараме мотивирани, комуникативни и услужни вработени на следната позиција:
КЕЛНЕР (м/ж)
Опис на работното место:
- Прием, сместување и испраќање на гостите, информирање на гостите за дневните понуди и наплаќање
- Организација на масите и примање на нарачки
- Послужување храна и пијалоци во угостителките објекти
- Поставување и сервирање на масите во ресторанот
- Подготовка и завршни работи во ресторанот
- Грижа за чистотата на опремата, инвентарот и просторот
- Место за работа: хотел или ресторан a’la carte
Услови:
- ССС: KV/ССС угостителски смер – келнер
- Активно познавање на минимум два странски јазика (англиски како прв јазик, втор германски или италијански јазик)
- Пожелно е познавање на вина, коктели како и работа во бар
- Пожелна способност за работа по ХАСАП системот
- Работно искуство – минимум две години
Вештини:
- Изразена комуникативност и продажни вештини во однос на гостите
- Точност, уредност, флексибилност и креативност
- Високо ниво на одговорност во извршување на работните задачи
- Системска прецизност, тимска работа
- Способност за континуирано учење на нови знаења и вештини
- Гостопримливост и професионален однос кон гостите
- Насоченост кон квалитетот на работата како и задоволството на гостите
Јадранка хотел Вас ви нуди:
- Работа во иновативна и стимулирачка средина
- Сместување и два оброка (појадок и еден топол оброк) без надоместоци
- Обезбедена санитарна книшка
- На основна плата се пресметува минимална работа
- Додатоци на платата за работа во недела, празници, двократно работење, континуирана попладневна работа, повремени ноќни смени
- По истекот на договорот за работа, награда за работа подолго од 5 месеци
- Надокнада на трошоците за превоз од местото на живеење по истекувањето на договорот на работа
- Вклучување во програмата за надоградба
- Стекнување искуство со искусни и стручни ментори
- Едукација и можност за напредување
Сакате да бидете дел од мотивирачка средина во која во целост ќе го развиете својот потенцијал, а ги задоволувате нашите барања, пријавете се и станете дел од нашиот успешен тим.
Слични огласи »