Минмалната плата во Америка расте, но кај платите на сопствениците на големи компании таа оди во друга насока.
Имено, се повеќе милионери работат за плата од еден долар, а дури и не си исплаќаат бонуси.
Роберт В. Вуд за Форбс пишува за овој феномен. Всушност ова е многу паметен потег, вели бидејќи е исплатливо за сите кои имаат удели на акции во фирмите.
Во 2012 Марк Закерберг заработил 770,000 долари плати и бонуси, што значи дека бил најслабо платена личност во Фејсбук. Добро разбравте, Марк е еден од милијардерите кои заработуваат плата од еден долар, а неговото богатство оваа година се проценува на 55,3 милијарди долари.
Таа симболична плата всушност значи дека сопственикот на компанијата се грижи за двојните акционери. Закерберг не е единствен кој ова го работи. Сергеј Брин и Лари Пејџ од Гугл заработуваат еднаква сума, а и многу други милијардери.
Кога била извршен директор во Хевлет Пакард, Мег Витман имала богатство од две милијарди, а заработувала само долар годишно. Извршниот директор на американскиот технолошки гигант Епл Стив Џобс во 2010 година примил плата од само еден долар. Симболичен надомест Џобс примал од 1997 година, иако во меѓувремено пазарната вредност на неговата компанија значајно пораснала.
Секако на сите ним ваквата плата повеќе им се исплаќа бидејќи имаат многу повеќе удели во компании а од неа не мора да извлекуваат многу пари за своите плати, пишува вечерни новости.хр.