GDPR е најголемата законска промена на дигиталната ера.
Во продолжение прочитајте кои се 4те причини поради кои вие би требало да поминете GDPR обука и да го усогласите вашето работење со оваа регулатива од Европска Унија.
#1 Високи казни
За неприменување на одредбите кои произлегуваат од Законот за заштита на лични податоци, казните се преземени од европските земји, односно 20 милиони евра или 4% од прометот на институцијата и 10 милиони евра или 2% од прометот на институцијата.
#2 Репутација
Неусогласеноста со оваа европска регулатива може да влијае на Вашите репутација и да резултира со губење на довербата на вашите клиенти и потенцијални потрошувачи.
#3 Транспарентност
Како дигитални маркетери Вие треба да бидете транспарентни во секое време. Мора да комуницирате многу јасно, да известите кога собирате лични податоци и да објасните за што тие податоци ќе бидат искористени. Притоа мора да имате писмена согласност, а истовремено да ги информирате вашите потрошувачи за нивното право да одбијат или да ја повлечат својата согласност.
#4 Доверба
GDPR регулативата дефинитвно бара од вас, како маркетинг професионалци нов свеж поглед на Вашата работа и креативни решенија кои на крајот ќе Ви помогнат да изградите подобри односи со Вашите потрошувачи кои треба да се базираат на доверба и транспарентност.
Во праксата постојат и случаи каде што големите компании се соочуваат со истиот предизвик. Конкретно против Google Spain се води спор познат под името Maria Costeja Gonzales за кого Европскиот суд пресуди во негова корист и притоа го наметна ова право во GDPR регулативата или уште попознато како right to be forgotten.
Запознајте се со Right to be forgotten, право кое директно произлегува како обврска од Законот за заштита на лични податоци.
Делувајте веднаш. Разберете го во целост влијанието на GDPR регулативата врз вашиот бизнис. Едуцирајте лице кое ќе ја интегрира и имплементира регулативата на ниво на Вашата компанија.
Обуката е наменета за: дигитални маркетери, огласувачи, лица кои собираат податоци преку наградни игри, кодови и други промотивни активности и сл.
Истата ќе се одржи на ден 28 – 29.01.2019.
Повеќе информации за GDPR обуката на тел. број: 078 439541 или на [email protected]