Работник во домаќинство - собар (Хрватска)

  • Објавен на 1.2019
  • Jadranka Grupa
  • Активен до 16.02.2019
  • Позиција: Останато
  • Локација: Цела Македонија
  • Телефон: +385(0)994699370

Лошињ Хотели и Вили се хотелски бренд во склоп со Јадранка Хотелите ДОО., член на Јадранка група од Мал Лошињ, Хрватска, која веќе 70 години е меѓу најголемите хотелски компании во Хрватска . Портфолиото на LH&V е составено од пет хотели меѓу кои се и првиот хотел на Лошињ – луксузниот хотел Bellevue, потоа Boutique Hotel Alhambra 5* (член на Мали луксузни Хотели во светот), вили и бројни ресторани.

Сместувачкиот капацитет на Лошињ Хотелите и Вилите е преку 3.500 гости, со постојано зголемување на ноќевањата на домашни и странски гости.  Во последните пет години компанијата вложи значајни парични средства за подигнување на квалитетот на сместувачки капацитет, угостителски објекти како и во едукација на кадарот.

Сертифицинани сме со сертификат ISO 9000:2001 за управување на квалитетот, ISO 14001:2004 за зголемено управување на животната средина, како и ХАСАП стандардите. Нашата цел е на домашниот како и на меѓународниот пазар да станеме синоним за понуда на најдобар здрав одмор на Медитеранот.

Познати сме по нашата исклучителна љубезност и супериорност на врвна услуга поради која што гостите се враќаат кај нас, поради тоа бараме мотивирани, комуникативни и услужни вработени на следната позиција:

Работник во домаќинство (собар) (м/ж)

Опис на работното место:

  • Припрема и чистење на собите на гостите и јавните простори
  • Грижа за уредноста, чистотата и хигиената со почитување на стандардите и процедурата на хотелот
  • Професионален и дискретен однос кон гостите
  • Редовно обезбедување на потрошен матерјал во хотелските соби и јавните простории, како и правила за коритење на истиот

Услови:

  • ССС
  • Активно познавање на минимум 1 странски јазик (англиски)
  • Предност имаат кандидатите со искуство

Вештини:

  • Брзина и умешност
  • Дискретност во работата
  • Развиени организациски вештини и темелност во работата, трудољубивост и сигурност
  • Исклучителна посветеност во одржување на хигиената и квалитетот на објектот
  • Насоченост кон квалитетот на работата и задоволството на гостите
  • Високо ниво на одговорност во извршување на работните задачи
  • Склоност кон тимска работа

Вид на вработување:

  • Сезонски со можност за продолжување на договорот на одредено време

Јадранка хотел Вас ви нуди:

  • Работа во иновативна и стимулирачка средина
  • Сместување и два оброци (појадок и еден топол оброк) без надоместоци
  • Обезбедена работна униформа
  • Обезбедена санитарна книшка
  • На основна плата се пресметува минимална работа
  • Додатоци на платата за работа во недела, празници, двократно работење, континуирана попладневна работа, повремени ноќни смени
  • По истекот на договорот за работа, награда за работа подолго од 5 месеци
  • Надохнада за трошоците за превоз од местото на живеење по истекувањето на договорот на работа
  • Вклучување во програмата за надоградба
  • Стекнување искуство со искусни и стручни ментори
  • Едукација и можност за напредување

Сакате да бидете дел од мотивирачка средина во која во целост ќе го развиете својот потенцијал, а ги задоволувате нашите барања, пријавете се и станете дел од нашиот успешен тим.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Останати огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »