Промовирани огласи »

Почитувани,
Ве известуваме дека на ден 01.02.2019г.поради уличен дефект ф80м.м.на ул.Јосиф
Јосифовски Свештарот 35 сопрекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од
следните улици:Јосиф Јосифовски Свештарот Ленинградска Тетовска и неколку
кратки улици во близина1 долно Лисиче од 12:30ч. до завршување на дефектот.

Промовирани огласи »

По пример на Европските градови: Скопје ќе го добие првиот „Retail park”

На површина од 9.500 м2 и преку 300 паркинг места се гради првиот Retail park во Скопје.

На површина од 9.500 м2 и преку 300 паркинг места се гради првиот Retail park  во Скопје.

По пример на Европските градови, свој Retail Park за неколку месеци ќе добие и Скопје. Паркот се наоѓа во општината Чаир – Бутел, на местото на некогашната фабрика Типо и е позциониран на достапна локација, помеѓу два булевара кои се стратешка комуникациска точка помеѓу скопските населби Центар, Карпош, Бутел и Чаир.

На површина од 9.500 м2 и купувачите ќе ги сретнат познатите модни брендови, потоа трговски ланци за техничка стока како и продавници за покуќнина и мебел. Дел од Retail park-от ќе бидат добропознатите брендови НЕПТУН, JYSK, LC Waikiki, Sport Vision KFC, ZEGIN.  Исто така, во паркот се планираат и супемаркет, банка, кафетерија, ресторан и игротека за деца на 2.500 м2.

„Долго време Скопје чекаше проект од ваков карактер, интересот за закуп на простор во проектот е голем. Посветено работиме и со нетрпение го очекуваме отворањето”, изјави Катарина Николов, од Cushman and Wakefield/FortonМКА.

Инвеститор на објектот е компанијата Али Тобако од Скопје, а отварањето е предвидено за јуни, 2019 година. 

Промовирани огласи »

Од следниот месец електронска наплата на патарините

За петнаесетина дена стартува електронската наплата на дел од патарините на Коридорот 10. Додека Коридорот 8 ќе се дигитализира до крајот на годинава.

За петнаесетина дена стартува електронската наплата на дел од патарините на Коридорот 10. Додека Коридорот 8 ќе се дигитализира до крајот на годинава. Картичките ќе се купуваат и надополнуваат на бензиските пумпи и на самите патарини. Надлежните информираат дека лаќањето во готово нема да се укине.

Сметаме дека на овој начин ќе се намали големиот метеж кој што го имаше низ годините наназад, особено во летниот период бидејќи ќе биде олеснета комплетната процедура на наплатните станици, изјави Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

Идниот месец ќе проработи и контролниот центар кај патарината Петровец. Во координација со другите контролни пунктови ќе се надгледуваат патарините и целокупниот сообраќај по автопатите низ земјава.

Од овде ќе може да се мониторира и да се контролира целиот сообраќај во Македонија, било што да се случи, да не се создаваат колони од автомобили да чекаат некоја сообраќајка што го блокирала патот, но навремено ќе може веднаш да се пренасочува сообраќајот, веднаш да се интервенира и со амбулантни возила и со сообраќајна полиција и со противпожарни возила. Значи, ова ќе биде окото на цела патна инфраструктура во Македонија, вели Зоран Китанов, директор на ЈП Државни патишта.

На автопатот Миладиновци-Штип засега граѓаните ќе возат бесплатно. Таму допрва ќе се градат патарини.

Промовирани огласи »

За сите пешаци: Што треба да направите ако автомобил деновиве ве испрска на улица?

Направете го ова ако ве испрска возило

Несовесни возачи на автомобили  честопати  во трката да стигнат час поскоро не се ни обидуваат да ги избегнат вирчињата на патот, па водата редовно завршува во некој пешак што оди крај улиците.

Покрај премините на семафори, граѓаните велат дека уште полоша е ситуацијата кога минуваат пешачки премини. Во тие случаи велат дека возачите воопшто не внимаваат дали има пешачи. 

За да бидат казнети несовесните возачите мора да бидат фатени во моментот кога го извршуваат делото. Според Секторот за внатрешни работи - Скопје, казнувањето е можно ако возачот го запре возилото или, пак, полицаец да биде сведок на настанот.

Според членот 129 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, возач што се движи по коловоз на кој има вода е должен да го приспособи возењето така што нема да ги испрска пешаците, велосипедистите, моторџиите и слично.

Според регулативите, сообраќајниот полицаец мора на самото место да го констатира тој прекршок, што значи дека мора да биде сведок на делото за да следува казна за несовесниот возач. Другата опција на докажување е да го задржите возачот што ве испрскал додека дојде полициска екипа, па потоа тој да го признае делото.

Според законот, граѓаните можат да пријават прскање од несовесен возач на телефонскиот број 192. Според Законот, казната за ова дело е 35 евра во денарска противвредност, или 15 негативни поени впишани во возачката дозвола. 

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »