Промовирани огласи »

На површина од 9.500 м2 и преку 300 паркинг места се гради првиот Retail park  во Скопје.

По пример на Европските градови, свој Retail Park за неколку месеци ќе добие и Скопје. Паркот се наоѓа во општината Чаир – Бутел, на местото на некогашната фабрика Типо и е позциониран на достапна локација, помеѓу два булевара кои се стратешка комуникациска точка помеѓу скопските населби Центар, Карпош, Бутел и Чаир.

На површина од 9.500 м2 и купувачите ќе ги сретнат познатите модни брендови, потоа трговски ланци за техничка стока како и продавници за покуќнина и мебел. Дел од Retail park-от ќе бидат добропознатите брендови НЕПТУН, JYSK, LC Waikiki, Sport Vision KFC, ZEGIN.  Исто така, во паркот се планираат и супемаркет, банка, кафетерија, ресторан и игротека за деца на 2.500 м2.

„Долго време Скопје чекаше проект од ваков карактер, интересот за закуп на простор во проектот е голем. Посветено работиме и со нетрпение го очекуваме отворањето”, изјави Катарина Николов, од Cushman and Wakefield/FortonМКА.

Инвеститор на објектот е компанијата Али Тобако од Скопје, а отварањето е предвидено за јуни, 2019 година. 

Промовирани огласи »

За петнаесетина дена стартува електронската наплата на дел од патарините на Коридорот 10. Додека Коридорот 8 ќе се дигитализира до крајот на годинава. Картичките ќе се купуваат и надополнуваат на бензиските пумпи и на самите патарини. Надлежните информираат дека лаќањето во готово нема да се укине.

Сметаме дека на овој начин ќе се намали големиот метеж кој што го имаше низ годините наназад, особено во летниот период бидејќи ќе биде олеснета комплетната процедура на наплатните станици, изјави Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

Идниот месец ќе проработи и контролниот центар кај патарината Петровец. Во координација со другите контролни пунктови ќе се надгледуваат патарините и целокупниот сообраќај по автопатите низ земјава.

Од овде ќе може да се мониторира и да се контролира целиот сообраќај во Македонија, било што да се случи, да не се создаваат колони од автомобили да чекаат некоја сообраќајка што го блокирала патот, но навремено ќе може веднаш да се пренасочува сообраќајот, веднаш да се интервенира и со амбулантни возила и со сообраќајна полиција и со противпожарни возила. Значи, ова ќе биде окото на цела патна инфраструктура во Македонија, вели Зоран Китанов, директор на ЈП Државни патишта.

На автопатот Миладиновци-Штип засега граѓаните ќе возат бесплатно. Таму допрва ќе се градат патарини.

Промовирани огласи »

Несовесни возачи на автомобили  честопати  во трката да стигнат час поскоро не се ни обидуваат да ги избегнат вирчињата на патот, па водата редовно завршува во некој пешак што оди крај улиците.

Покрај премините на семафори, граѓаните велат дека уште полоша е ситуацијата кога минуваат пешачки премини. Во тие случаи велат дека возачите воопшто не внимаваат дали има пешачи. 

За да бидат казнети несовесните возачите мора да бидат фатени во моментот кога го извршуваат делото. Според Секторот за внатрешни работи - Скопје, казнувањето е можно ако возачот го запре возилото или, пак, полицаец да биде сведок на настанот.

Според членот 129 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, возач што се движи по коловоз на кој има вода е должен да го приспособи возењето така што нема да ги испрска пешаците, велосипедистите, моторџиите и слично.

Според регулативите, сообраќајниот полицаец мора на самото место да го констатира тој прекршок, што значи дека мора да биде сведок на делото за да следува казна за несовесниот возач. Другата опција на докажување е да го задржите возачот што ве испрскал додека дојде полициска екипа, па потоа тој да го признае делото.

Според законот, граѓаните можат да пријават прскање од несовесен возач на телефонскиот број 192. Според Законот, казната за ова дело е 35 евра во денарска противвредност, или 15 негативни поени впишани во возачката дозвола. 

Промовирани огласи »

Нaм ни требаат вашите информации за работа и безбедност, но вие контролирате дали ние нив го користиме за рекламирање, пишува основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг во колумна за wsj.

Кога почнав со Фејсбук, јас не се обидував да изградам глобална компанија. Сфатив дека можете најдете речиси се на интернет- музика, книги, информации, освен нешто што е најважно: луѓе. Затоа јас создадов услуга која луѓето можат да ја користат за да се поврзат и да научат за другите. Со текот на годините, милијарди го откривме тоа како корисно, и ние создадовме повеќе услуги што луѓето низ светот ги сакаат и ги употребуваат секој ден.

Неодамна слушнав многу прашања за нашиот бизнис модел, па сакам да ги објаснам принципите за тоа како работиме.

Верувам дека секој треба да има глас и да може да се поврзе. Ако сме посветени  тогаш ни е потребна услуга која е достапна за секого. Најдобар начин да го направите тоа е да нудите услугите бесплатно. 

Луѓето постојано ни кажуваат дека ако сакаат да гледаат реклами, но тие сакаат да бидат релевантни. Тоа значи дека треба да ги разбереме нивните интереси. Значи врз основа на тоа кои страници им се допаѓаат, ги кликаат,  ние создаваме категории - на пример, луѓе на кои им се допаѓаат страниците градинарството и живеат во Шпанија - а потоа наплаќаат да објавуваат реклами во таа категорија.

Иако рекламирањето на одредени начини постоело многу пред интернетот, онлајн рекламирањето овозможува многу попрецизно таргетирање и затоа има повеќе релевантни реклами.

Интернетот исто така овозможува многу поголема транспарентност и контрола над рекламите што ги гледате од телевизија, радио или печат. 

Целата колумна овде

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »