Промовирани огласи »

Почитувани,
Ве известуваме дека на ден 06.02.2019г.поради водоводен дефек„ на ул 6
с.Бардовци пред руска резиденција прекинато водоснабдување ќе биде 20 куќи на
ул 6 и руската резиденција 10:00часот до санирање на дефектот.

Промовирани огласи »

Репарирано „Фиќо” е првиот македонски електричен автомобил кој ќе вози по скопските улици

Иако одамна не се произведува, и може да се сретне покриен со церада во некои од дворовите, ова возило повторно оживува, овој пат како прв македонски електричен автомобил.

Иако одамна не се произведува, и може да се сретне покриен со церада во некои од дворовите, ова возило повторно оживува, овој пат како прв македонски електричен автомобил ЗАС Г20 чија промоција беше денеска.

Тој е резултат е на тимот специјалисти на ББ Класик Карс, во соработка и со поддршка на повеќе домашнипретпријатија и занаетчии, а особено со германската фабрика Кеслер – производителот на електро мотори вградени и во ова возило, пренесува Вечер.

Популарниот “Фиќо” од 60-тите до 80-тите години од минатиот век повторно ќе се врати на скопските улици. Иако одамна не се произведува, и може да се сретне покриен со церада во некои од дворовите, ова возило повторно оживува, овој пат како прв македонски електричен автомобил ЗАС Г20 чија промоција беше денеска од страна на тимот на ББ Класик Карс, а со финансиска поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој.

ЗАС Г20 привлекува внимание со ретро дизајнот и конкурентноста во доменот на малите електрични
автомобили. Резултат е на повеќегодишно професионално ангажирање на тимот специјалисти на ББ Класик Карс, во соработка и со поддршка на повеќе домашни претпријатија и занаетчии, а особено со германската фабрика Кеслер – производителот на електро мотори вградени и во нашите возила. Кеслер отворија своја фабрика во Македонија со тоа обезбедувајќи ја можноста нашиот електричен автомобил да ја носи етикетата “Произведено во Македонија“ – рече на промоцијата Ален Јегени од ББ Класик Карс.

Промовирани огласи »

„Работиме од денес за утре“: Голем број работници не се дел од системот за заштита при работа

„Ако најдеме работа ќе можам денеска да купам дома за јадење, ако не нема. Автолимар сум, се случува три дена да работам, па две недели да нема работа“.

„Ако најдеме работа ќе можам денеска да купам дома за  јадење, ако не нема. Автолимар сум се случува три дена да работам, па две недели да нема работа“, вели Цобе Божиновски.

Над 20.000 домашните работници во Македонија не се заштитени според Законот за безбедност и здравје при работа и нивната работа не е доволно прецизирана во Законот за работни односи. Немаат пензиско и инвалидско осигурување и се дел од сивата економија.

Тој се плаши дека ако продолжи вака нема да успее да добие ниту пензија. Се надева дека државата ќе најде начин за домашните работници како него да ги внесе и нив во системот.

Но според НВО секторот кој се занимава со оваа проблематика само 30% од домашните работници во Македонија сакаат да бидат внесени во системот, останатите сакаат да работат на црно. За да се стопира сивата економија и овие работници да добијат пензиско и инвалидско осигурување се бара нивно поголемо вклучување во новиот закон за работни односи.

Синдикалците велат дека овој проблем може да се реши само со вистинска одлучност на државата да го реши проблемот, a не како досега.

Од Министерстовото за труд само потврдија дека домашните работници ќе биделе дел од новиот закон за работни односи, но без да прецираат повеќе детали.

Промовирани огласи »

Казни за медицинските лица кои ставале вакцини со грешни декларации

Бројот на заразени од мали сипаници расте секој ден. Во последните 24 часа на Инфективната клиника во Скопје биле примени 14 нови пациенти, а еден е хоспитализиран.

Министерството за внатрешни работи побара од Министерството за здравство документација за истрагата што ја отвори Обвинителството околу вакцините на кои имаше декларации со истечен рок.

Сè уште нема информации за кои документи биле заинтересирани инспекторите на МВР и дали имало пропусти во текот на постапката за снабдување на вакцините против мали сипаници, морбили.

Од Обвинителството велат дека до нив не пристигнал извештај за истрагата на МВР. Во меѓувреме, во зависност од извештајот на обвинителството, се очекува да се изречат казни за лекарите на здравствените установи кои на децата им ставале од овие вакцини.

Во меѓувреме, сè уште не се знае ниту кога ќе бидат уништени спорните вакцини. Иако Агенцијата за лекови најави дека тоа се планира за четврток во скопската депонија Дрисла, од Обвинителството пред неколку дена соопштија дека вакцините ќе останат во просториите на Македонија Лек до завршување на истрагата.

Од друга страна, бројот на заразени од мали сипаници расте секој ден. Во последните 24 часа на Инфективната клиника во Скопје биле примени 14 нови пациенти, а еден е хоспитализиран. Станува збор за 39-годишна жена од Гостивар. Во моментов, 22 пациенти се хоспитализирани, но нивната состојба е стабилна.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »