Промовирани огласи »

Градот Скопје, како една од мерките против загадувањето на воздухот, наскоро ќе распише јавен повик за субвенционирање на граѓаните за купување инвертери и други современи уреди за затоплување.

На јавниот повик ќе се прифаќаат фискални сметки за купен инвертер од 1 јануари 2019 година, граѓаните ќе може да аплицираат на јавниот повик од март, а исплатата на средствата ќе се врши по завршувањето на претстојните претседателски избори.

Имено, сите граѓани на Скопје кои имаат фискални сметки за купување инвертер во 2019 година и кои ги исполнуваат посебните услови за учество на јавниот повик  од 01.03.2019 година ќе имаат можност да аплицираат за субвенции на инвертери. Субвенционирањето на граѓаните на подрачјето на Град Скопје за набавка на посовремени уреди за затоплување за 2019 година ќе се финансира од Буџетот на Град Скопје за 2019 година. Висината на субвенцијата ќе биде  во износ од 50% од вредноста на уредот, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход.

Субвенционирањето на граѓаните при купување на модерен систем за затоплување  е активност предвидена во мерките од Планот за подобрување на квалитетот на воздухот и е дел од мерките на Акциониот план на Стратегијата за климатски промени на Град Скопје.

За надоместување на дел од трошоците, барателот треба да ги исполнува следниве критериуми:

I.      Право на учество:

Право на субвенционирање на дел од средствата за купување на инвертери во 2019 година имаат физички лица кои се жители на Град Скопје (општините во градот: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари) и кои ги исполнуваат следниве услови:

  • да има живеалиште на подрачјето на град Скопје (општините: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај Центар, Чаир и Шуто Оризари),
  • инвертерот да го купил во 2019 година, се до завршување на јавниот повик, односно исцрпување на средствата од Буџетот на Град Скопје за субвенционирање за купување инвертери,
  • да нема искористено субвенции од кој било извор во Република Македонија за затоплување на своето домаќинство (станбен објект),
  • до поднесување на барањето да е корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут,
  • станбениот објект да не е во фаза на градба и во него барателот да живее,
  • да нема приклучок на градско централно греење во станбениот објект каде што ќе биде инсталиран уредот, без оглед на тоа дали го користи,
  • да има платено данок на имот за станбениот објект каде што ќе биде инсталиран уредот, заклучно со 2018 година,

(1)  Само едно лице по домаќинство може да поднесе едно барање за добивање  надоместок исклучиво за набавка на еден уред.

II.    Услови за учество:

При разгледување на барањата за субвенционирање, предвид ќе бидат земени оние во кои подносителот ги исполнил следниве услови:

  • доставил пополнет образец за јавниот повик за доделување субвенции за набавка на посовремен уред за затоплување,
  • доставил доказ дека е жител на град Скопје, што се докажува со фотокопија на личната карта,
  • доставил доказ во оригинал дека е извршено купување во 2019 година и тоа со фискална сметка или фактура со извод од деловна банка за извршена уплата,
  • доставил фотографија од печката на дрва, јаглен, нафта или мазут која ја користел,
  • доставил фотокопија од трансакциска сметка, и
  • доставил потврда за платен данок на имот за станбениот објект заклучно со 2018 година.
     

III.   Објавување на јавниот повик

Јавниот повик ќе биде објавен на 01.03.2019 година, а ќе трае до 30.11.2019 година, односно до исцрпување на средствата за оваа намена.

Купувачот на уредот за затоплување, барањето за надоместување на дел од трошоците, заедно со потребната документација, треба да го достави во затворен плик до Град Скопје, на адреса булевар Илинден број 82, во архивата на Град Скопје (барака 16), секој работен ден од 08:30 до 15 часот.

Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

IV.  8. Финансирање на Програмата

Средствата ќе се користат за делумен надомест на средствата на граѓаните искористени за купување посовремен уред за затоплување, во износ од 50% од вредноста на уредот, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход.

Промовирани огласи »

Пазарот на криптовалути доживеа неочекуван пресврт и ги изненади дури и аналитичарите. Вредноста на најголемите криптовалути – bitcoin, ethereum и litecoin, порасна ненадејно и продолжува да бележи раст.

Litecoin, кој често се опишува како сребрена криптовалута, доживеа најголем пораст, зголемувајќи ја својата вредност за повеќе од 30% во само неколку часа.

Овој пораст е најголем во 2019 година и доаѓа изненадувачки, по неколку месеци на константен пад на вредноста на сите криптовалути.

Bitcoin скоро седум недели бележеше постојан губиток на вредност, пред неочекуваниот пресврт да му донесе пораст од повеќе од 200 долари за еден токен во само 24 часа. Во еден период од само половина час, вредноста на bitcoin се искачи за дополнителни сто долари.

Позитивната насока на движење на вредноста на криптовалутите ќе биде големо олеснување за инвеститорите на пазарот, кои сведочеа постојано опаѓање на вредноста на сите криптовалути откако bitcoin го забележа најголемиот пораст досега и во крајот на 2017 година чинеше околу 20.000 долари за еден токен.

Промовирани огласи »

Се зголемува бројот на заболени од морбили, досега потврдени два смртни случаи, но уште неколку деца се со компликации. Има ли опасност за поголемa епидемија со лош исход. Граѓаните, дури и тие кои ги вакцинирале децата се во паника, останатите се мислат како да се заштитат и самите. 

Моментно на Клиниката за инфективни болести има 25 хоспитализирани лица, но се прегледуваат и се задржуваат деца и на детската клиника. Загрижува што од вкупно 11 илјади невакцинирани деца на предучилишна возраст, досега се вакцинирани само 6.128 деца.

Инаку според последните информации се подаготвуваат респиратори за уште неколку деца на детската клиника. Последниот смртен случај беше потврден вчера, а стануваше збор за 13 месечно бебе од Свети Николе, кое почина како последица на компликации од морбили. Бебето заразата ја префатило од неговиот татко, кој од морбили се разболел пред околу две до три недели.

Бебето од Свети Николе е втора жртва на морбилите, откако пред неколку дена битката ја изгуби и шестмесечно бебе од Куманово.

Промовирани огласи »

Нови протести кај пазарџиите на повидок.

Или целосно ќе се укине законското решение, или оваа категорија граѓани ќе излезат на генерални штрајкови.

Ова станува јасно од последните предупредувања од страна на пазарџиите кои и покрај тоа што надлежните го пролонираа новиот Закон за една година не попуштаат.

Она што го бараат пазарџиите е целосно укинување на законот во спротивно ќе ја блокираат работата на зелените пазари ширум земјава.

Надлежните пак убедуваат дека се информирани за барањата на пазарџиите и дека има согласност меѓу засегнатите страни да се прават консултации.

Можно е пазарџиите до Уставниот суд да побараат преиспитување на уставноста на законот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »