Промовирани огласи »

Според „Голд брокер“, Македонија во моментов го дели шестото место со Ангола во светот според стапката на невработеност.

Недостижен на врвот е Конго со 46 отсто, втора е Босна и Херцеговина со 35 отсто, а трето Косово со 30 отсто.

Пред Македонија се само уште Јужна Африка со 27 отсто и Нигерија со 23 отсто.

Веднаш зад Македонија следуваат Грција и Јордан со по 18,6 проценти, Боцвана со 18,1 отсто, Либија со 17,7 отсто, Етиопија со 16,8 отсто, Оман и Руанда со по 16 отсто, Тунис со 15,5 отсто.

Промовирани огласи »

Косовскиот и албанскиот премиер, Рамуш Харадинај и Еди Рама добиваат највисоки плати во регионот во споредба со колегите од другите земји. 

Овој податок се наведува во извештајот на Светска банка.

Српската премиерка, Ана Брнабиќ е со најниска плата во регионот. Нешто повисока плата од неа имаат премиерите на Македонија, Зоран Заев и на Црна Гора, Душко Марковиќ.

„Шефот на косовската Влада, Харадинај има највисока плата или 2.950 евра. Веднаш по него, според висината на месечната плата е неговиот албански колега Рама, со 1.700 евра. Наспроти тоа Албанија и Косово се со најниски просечни месечни плати на Балканот, кои се пониски дури петпати од премерските плати“, наведуваат албанските меиуми.

Брнабиќ има најниска плата во регионот, односно 1.000 евра, додека македонскиот премиер Заев има месечна плата од 1.300 евра, а претседателот на црногорската Влада, Марковиќ има месечни примања од 1.130 евра.

Промовирани огласи »

Министерката за правда Рената Дескоска ја активираше новата тарифа за награда и надоместок на трошоците на извршителите, со што се очекуваат помали трошоци, главно кај граѓаните, на основниот долг на неплатените сметки.

Наградата за платен налог за предмети кои започнуваат да се работат од почетокот на оваа недела, а кои се однесуваат за побарување за неплатени сметки до 100 евра за струја, парно, кабелски оператори, телефон, одржување на заеднички простории се наплаќа само 2 евра. Со старата тарифа тоа можеше да чини 14,5 евра за администрирање и награда. Од 100 до 200 евра наградата е 5 евра по новиот тарифник кој стапи на сила во петокот, а над 200 евра е 10, додека по старо можеше да чини и над 20.

Извршни исправи доколку станува збор за судски одлуки и решенија на државни служби и претпријатија се наплатува 6, 5 евра ако основниот долг е до 100 евра, а ако е од 100 до 300 тогаш тој изнесува 10,5 евра.

Кај поголемите суми нема голема разлика во однос на стариот правилник донесен пред три години. Така, за побарувања до 3.000 евра сега наградата е 7,5 отсто од основниот долг, додека претходно беше 8 проценти плус 30 евра за администрирање.

Поголема разлика има во изготвувањето на налогот за извршување од платата на самото работно место на должникот или над неговата трансакциска сметка во банка. Претходно тоа ги чинеше граѓаните 20 евра, а сега е само 2 евра кога станува збор за неплатени долгови за телен, струја, парно, станување, телевизија и др. Доколку станува збор за друг тип на долг, интервенцијата ќе го чини физичкото лице 6 евра.

Истовремено стапи и тарифата за нотарите, кога станува збор за извршувањето на долг, па така нивната награда не може да биде повисока од 500 денари, ниту за долгови и над 1.000 евра кога по старо би изнесувале 35 евра.

Новата тарифа влегува како подзаконски акт за измените на Законот за нотаријат и на Законот за извршување, донесени претходно од Собранието на Македонија. Во меѓувреме, додека траеше дебатата, министерката Дескоска направи дополнителни компромисни решенија со извршителите, а невладините организации критикуваа дека и понатаму ќе останат високите камати кои тие им ги наметнуваат.

Промовирани огласи »

Документи за идентификација ќе можат да се извадат со „Република Македонија“ дури и откако во сила ќе стапи овие денови новото уставно име со објава во Службен весник затоа што МВР се уште нема распишано тендер за обрасците.

Пасоши, лични карти, возачки дозволи со името „Република Северна Македонија“ ќе се издаваат дури во периодот кога ќе заврши целата тендерска постапка и ќе се изврши набавката, а до тогаш останува старата тековна процедура.

Портпаролот на Владата, Миле Бошњакоски за „Мета“ одговори дека откако нотата ќе биде испратена и ќе биде објавено во Службен весник, потоа МВР треба да распише јавна набавка за новите документи.

МВР треба да набави нови пасоши, документи. Нема ограничување за тоа, дали додека трае набавката на документите граѓаните ќе можат да вадат нови, бидејќи ќе си добијат документи по старо, кои потоа ќе треба да ги заменат во рок од пет години, одговори Бошњакоски.

За сега не е познато колку време ќе трае процедурата за набавка на нови документи.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »