Промовирани огласи »

Газдите на приватните компании во Македонија постојано бараат работници, но тешко го одврзуваат ќесето за да ги платат.

Прегледот на активните огласи за вработување објавен на веб-странциата на Агенцијата за вработување на Република Македонија открива дека најчесто како основна се нуди месечна плата од 12.000 денари, колку што е и законски минимално утврдената во државата.

Некои дури даваат и помалку, односно по 10.080 денари, колку што претходно изнесуваше минималецот. Објавените огласи покажуваат дека платата од 12.000 денари е стандард за пица-мајсторите, продавачите, готвачите, таксистите, магационерите, градежните работници, фризерите, но неретко им се нуди им се нуди и на дипломирани медицински сестри, фармацевти, инженери од разни струки, книговодители, сметководители, правници, економисти.

Најновите објавени огласи откриваат и зошто во Македонија има дефицитарни струки Минималецот од 12.000 денари им се нуди и на металостругари, дреари, тесари, бравари, машин бравари, фасадери и на лица со слични занимања, кои ги има малку, а се многу барани. Незадоволни од платата што им се нуди тука, мајсторите на овие занаети заминуваат во странство, каде што месечно заработуваат и над 1.000 евра.

На топ-листата на најбарани и најплатени професии во светот во наредните десетина години се оние од областа на заштитата на животната средина. Кај нас баш и не е така. Во моментов еден работодавец бара еколошки ревизор кој сака да го ангажира со полно работно време за основна плата од минимални 12.000 денари. Иста плата се нуди и за забен протетичар, негувателки на деца, осигурителен брокер, машински и градежен инженер, тим лидер, раководител за финансиски работи, како и на менаџер.

Некои од фирмите кои огласиле потреба од работници, сепак, трудот на образованите раб отници го ценат нешто повеќе. Па така, се бара архитект за 15.000 денари, доктор по стоматологија за 14.000 денари, правник за 15.000 денари, инженер технолог за 18.000 денари, доктор по општа медицина за 18.450 денари, архитект за 16.000 денари, медицинска сестра за 15.000 денари. Фирма бара советник за 20.000 денари, но потребен е и референт за 10.800 денари, касиер за 15.000. За туристички аниматор е понудена плата од 17.130 денари, но има и еден оглас за систем администратор со плата од 12.000 денари. За истата плата се бара и забен протетичар. Инструктор за фитнес, според македонските работодавци вреди 10.080 денари, а по аеробик 15.000 денари. 

Во спредба со другите меѓу “топ" огласите се оние за гинеколог и физиотерапевт за плата од 33.000 денари, доктор по спортска медицина за 40.000 денари месечно, судски преведувач за 30.000 денари, програмер за 43.000 денари, информатичар за 27.237 денари, маркетинг агент за 24.000, економист за 30.000 денари, електроинженер за 32,000 и машински инженер за 34.000 денари, систем оператор за 36.000 денари. Добра понуда имаат и два синџира маркети кои бараат менаџер за 37.000, односно за 37.500 денари. Највисока плата во моментов нуди невладина организација, која бара соработник кој месечно ќе го плаќа по 52.000 денари.

Во текот на вчерашниот ден на веб страницата на АВРМ активни беа над 7.4000 огласи за вработување. Најголема потреба од работници имаат скопските комапнии – кои огласиле повеќе од 5.000 слободни работни места. По повеќе од 100 работници бараат фирмите од Струмица, Кавадарци, Битола, Штип, Тетово, Куманово, Гевгелија, Виница, Кочани, Велес, Делчево, Прилеп… Од друга страна, во Свети Николе не е објавен ниту еден оглас за вработување, а само по пет работници бараат фирмите од Демир Хисар и Крушево.

Најмногу раобтници вообичаено побаруваат преработувачката индустрија и трговијата, а десетте најбарани занимања се хигиеничар на производствени, односно работни простории, продавач, работник на лента во фабрика, чувар, општ работник, шивач на текстил, келнер, таксист, магационер и касиер.

Промовирани огласи »

Право на шест илјади денари социјална пензија и на уште една илјадарка во грејната сезона и тоа почнувајуќи од 1 јануари годинава, ќе добијат околу 6.000 постари жители на Република Македонија кои не успеале да остварат право на старосна пензија, а немаат никакви други приходи.

Предлог-законот за социјална сигурност за стари лица со кој е предвидено ова право е влезен во Собранието и чека ред кај пратенците за прво читање.

Но, исплатата на средствата може да се оддолжи повеќе месеци, особено затоа што е оставен простор неопходниот правилник да се донесе во рок од три месеци по неговото стапување во сила. Како и да е, во последниот член од Предлог-законот стои дека влегувањето во сила е осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник#, а примената од 1 јануари 2019 година.

Според предложениот закон, право на популарно наречената социјална пензија имаат државјани на Република Македонија со навршени 65 години возраст, кои во последните 15 години имаат постојано место на живеење во државата, немаат имот и имотни права од кои можат да се издржуваат, не се корисници на пензија од Република Македонија или вид на исплата по основ на старост, инвалидност или доживување од друга држава, не остваруваат приходи и имаат пријавен пензиски стаж во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, или стаж на осигурување во траење помалку од 15 години.

Но, во заедниците во кои во брак или вонбрачно живеат две лица кои ги исполнуваат овие услови, социјална пензија ќе може да добие само едно од нив.

На 12 февруари, со отворање на Лондонската Берза магазинот Форбес ја објави листата “30 под 30” за 2019 година за Европа. Оваа година листата вклучува претставници од 34 европски земји во 10 категории, а на листата се најдоа и Аријана Коскарова и Бојан Коскаров од Македонија, во категорија “социјални претприемачи” со нивниот модел на иновативно неформално образование – Creative Hub.

Creative Hub е концепт на иновативен тренинг хаб кој работи по 5П пристап односно предавачи кои се ескперти од област, програми кои одговараат на потребите на пазарот, визитинг предавачи, настани во текот на програмата и платена пракса за секој учесник. Овој тренинг хаб постои од август 2017 година и за неполни 2 години успеа да се издигне како центар за квалитет препознатлив по урбаните настани како ПР Бар, Македонски Маркетинг настан, HR Сабота, Photography Masterclass со Фотографот на Вог итн. Аријана и Бојан во моментов го отвараат и својот втор хаб во Тирана, Албанија.

Токму овој модел на иновативен тренинг хаб во областа на маркетинг и пр, човечки ресурси, веб и графички дизајн, адвертајзинг итн, фокусиран на тоа да учесниците стекнат вештини и компетенции што им се потребни денес ги донесе овие двајца млади како дел од елитното друштво на Форбес по 30.

Покрај нив, оваа година на листата се најдоа и актерот Даниел Ретклиф ( познат по улогата во Хари Потер), фудбалерот на Атлетико Мадрид Антони Гризман, наследникот на гигантот Луи Витон, Антоан Арно и многу други.

Само да потсетиме ова е втора година Македонија да се најде на оваа листа, лани беше претставена од Нина од “Групер” и Жаре “Еден на Еден”.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »