Промовирани огласи »

Здравствените институции работат на ново решение за документ што треба да го поседуваат граѓаните при добивање лекарски услуги. Картичките, чие времетраење е поминато, се вон функција, но и оние што се уште имаат рок, лекарите не ги бараат, па граѓаните ги остваруваат лекарските услуги со старите книшки.

Ниту Министерството за здравство ниту Фондот не го навестуваат можното решение.

Формирана е работна група со претставници на Министерството за здравство, Фондот за здравство, единицата за електронско здравство и Факултетот за компјутерски науки, која изготви предлог за континуирано обезбедување на електронски услуги во здравствениот систем. Анализирани се процесите каде треба да се користи сегашната електронска здравствена картичка и дигиталниот сертификат. Во согласност со собраните информации, работната група подготви краткорочни и долгорочни решенија за надминување на проблемот со користењето на здравствените услуги, велат од Министерството за здравство за „Алсат“.

Промовирани огласи »

Регулаторната Комисија за Енергетика тукушто ги објави новите максимални цени на горивата – бензините поскапуваат за 0.5, односно 1.00 денари додека цената на дизелот останува непроменета.

Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 0.98 проценти.

Преведено во цени, тоа значи дека цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за 0.5, односно 1.00 денари, и еден литар од овие горива ќе чини 62.50 односно 64.50 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото останува иста и еден литар дизел гориво ќе продолжи да чини 60 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.

Промовирани огласи »

Стани дел од Еден на Еден маркетинг агенцијата и работи за брендови како Pepsi, Mirinda, Alkaloid, Ramstore, Golden Art, Savana, Tikves, Bekament и многу други: https://kariera.mk/job/WbecVZNMkkiEBWt04htpZg/grafichki-dizajner

Нето плата од 18.000 денари за работа како МАГАЦИОНЕР во Нептун: https://kariera.mk/job/NZQYuCL-E068KiOVmfEueQ/magacioneri-3-izvrshiteli

Доколку си од Битола, можност за работа како ШПЕДИТЕР во Дени Интернационал: https://kariera.mk/job/VGI6utdZ5Uy6gBIKah9cXg/shpediter-bez-iskustvo-bitola

Котон за своите продавници во Тетово бара ПРОДАВАЧ И РАКОВОДИТЕЛ ВО МАЛОПРОДАЖЕН ОБЈЕКТ: https://kariera.mk/company/6oKCngudhUC1FageKkQGcQ/koton-magazadjilik-dooel


Стабилна долгогодишна работа и професионална обука за работа во АРМОР ПЛУС: https://kariera.mk/job/1Nwub8V8GkGiEzfgr1kg4g/magacioner

Вработи се како ВИДЕО МОНТАЖЕР во Алфа Лаб: https://kariera.mk/job/7dTcvZ33zk2b1ieB4SrEnw/video-montazher

Кеитаро вработува PROJECT MANAGER/SCRUM MASTER: https://kariera.mk/job/TRuSgYkS2USyTAP12nf5jg/project-manager-scrum-master

Редовни месечни примања и стабилна работа за ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО во Диа Груп Лајтинг: https://kariera.mk/job/lf2UHabFZUuzG6KoYIzqSg/operator-vo-proizvodstvo

Промовирани огласи »

Функционирањето на модерните паметни телефони прави се потешко вработените да се исклучат од електронските сервиси за комуникација по завршување на работното време, како и во текот на викендите, слободните денови и празниците. Постојаното „светкање“ на телефонот со нотификации за примени пораки во електронското сандаче според повеќе медицински студии укажува на се поголема зависност од смартфонот, како и потребата да се провери што е ново, дали стигнала нова порака, и што е потребно да се одговори или сработи.

Во повеќе европски држави се воведуваат нови регулативи кои им овозможуваат на вработените заштита од преоптовареност од пристигнати е-мејл пораки по завршување на работното време што придонесува за зголемен стрес. На пример во Франција вработените имаат право да се „дисконектираат“ откако ќе си отидат од работа, а неколку компании во Германија ги блокираат е-мејл серверите со што на вработените кои се на годишен одмор не им пристигнуваат нови пораки за работа.

Големата неопходност од поврзување преку социјални мрежи за бизнис вмрежување колку што носи предности, на пример брз и директен канал за комуникација, споделување документи и креирање на планови и роковници, исто така создава тензија кога вработениот има потреба максимално да го искористи слободното време. На овој начин се нарушува приватниот простор, страда комуникацијата со семејството и најблиските, и се троши многу време по работниот ден во преглед на сите пристигнати нови мејлови и барања за одговор поврзани со работата.

Исто така лошо влијаат и групите за допишување на социјалните мрежи, како Facebook Messenger, Viber или WhatsApp. Често се случува да се пишуваат непотребни пораки, да се оди надвор од содржините наменети за работа, како и да се врши психолошки притисок врз вработените побрзо да ги завршат задачите или пак им се поставуваат постојани проверки.

Различните групи за допишување се добри за брза координација и инстантно пренесување на важна порака до сите, меѓутоа нивното екстензивно користење придонесува за дополнителен товар, стрес и притисок врз сите кои се вклучени, а тоа што социјалните мрежи претежно се наменети за персонална и приватна употреба го прават деловното комуницирање дополнително проблематично.

Експертите препорачуваат да се направат коренити промени во корпоративната култура, и тие мора да пристигнат од самото раководство кое е задолжено да воспостави здрави работни навики и политики. Така се препорачува да не се користи опцијата Reply all доколку пораката не е наменета за сите членови во групната комуникација, да се воспостави еден ден во неделата без праќање на мејлови, како и да се примени воздржување од непотребни мејлови кои не се толку итни по истекот на работното време.

Дополнителната комуникација преку социјалните мрежи исто така го зголемува ризикот од создавање зависност за користење на истите кај вработените. Социјалните мрежи се полни со информации, едно лизгање на екранот може да ве воведе во бескраен луп на „скролање“, па токму тоа подоцна и негативно ќе се одрази врз секојдневното работење. Лесно е да се дефокусира вниманието од поставената задача, посебно кај луѓето кои имаат проблеми со самоконтрола, сметаат експертите.

Се препорачува регулирање на користењето на приватните и службените електронски уреди во канцеларијата, на работното место и вон него, како и правила за вработените кои немаат потреба од дигитални алатки за разлика од персоналот задолжен за маркетинг и комуникации за кои е пожелно да ги градат своите персонални и професионални профили за поголем опсег на контакти и канали за продажба.

Извор: ft.com

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »