Промовирани огласи »

Функционирањето на модерните паметни телефони прави се потешко вработените да се исклучат од електронските сервиси за комуникација по завршување на работното време, како и во текот на викендите, слободните денови и празниците. Постојаното „светкање“ на телефонот со нотификации за примени пораки во електронското сандаче според повеќе медицински студии укажува на се поголема зависност од смартфонот, како и потребата да се провери што е ново, дали стигнала нова порака, и што е потребно да се одговори или сработи.

Во повеќе европски држави се воведуваат нови регулативи кои им овозможуваат на вработените заштита од преоптовареност од пристигнати е-мејл пораки по завршување на работното време што придонесува за зголемен стрес. На пример во Франција вработените имаат право да се „дисконектираат“ откако ќе си отидат од работа, а неколку компании во Германија ги блокираат е-мејл серверите со што на вработените кои се на годишен одмор не им пристигнуваат нови пораки за работа.

Големата неопходност од поврзување преку социјални мрежи за бизнис вмрежување колку што носи предности, на пример брз и директен канал за комуникација, споделување документи и креирање на планови и роковници, исто така создава тензија кога вработениот има потреба максимално да го искористи слободното време. На овој начин се нарушува приватниот простор, страда комуникацијата со семејството и најблиските, и се троши многу време по работниот ден во преглед на сите пристигнати нови мејлови и барања за одговор поврзани со работата.

Исто така лошо влијаат и групите за допишување на социјалните мрежи, како Facebook Messenger, Viber или WhatsApp. Често се случува да се пишуваат непотребни пораки, да се оди надвор од содржините наменети за работа, како и да се врши психолошки притисок врз вработените побрзо да ги завршат задачите или пак им се поставуваат постојани проверки.

Различните групи за допишување се добри за брза координација и инстантно пренесување на важна порака до сите, меѓутоа нивното екстензивно користење придонесува за дополнителен товар, стрес и притисок врз сите кои се вклучени, а тоа што социјалните мрежи претежно се наменети за персонална и приватна употреба го прават деловното комуницирање дополнително проблематично.

Експертите препорачуваат да се направат коренити промени во корпоративната култура, и тие мора да пристигнат од самото раководство кое е задолжено да воспостави здрави работни навики и политики. Така се препорачува да не се користи опцијата Reply all доколку пораката не е наменета за сите членови во групната комуникација, да се воспостави еден ден во неделата без праќање на мејлови, како и да се примени воздржување од непотребни мејлови кои не се толку итни по истекот на работното време.

Дополнителната комуникација преку социјалните мрежи исто така го зголемува ризикот од создавање зависност за користење на истите кај вработените. Социјалните мрежи се полни со информации, едно лизгање на екранот може да ве воведе во бескраен луп на „скролање“, па токму тоа подоцна и негативно ќе се одрази врз секојдневното работење. Лесно е да се дефокусира вниманието од поставената задача, посебно кај луѓето кои имаат проблеми со самоконтрола, сметаат експертите.

Се препорачува регулирање на користењето на приватните и службените електронски уреди во канцеларијата, на работното место и вон него, како и правила за вработените кои немаат потреба од дигитални алатки за разлика од персоналот задолжен за маркетинг и комуникации за кои е пожелно да ги градат своите персонални и професионални профили за поголем опсег на контакти и канали за продажба.

Извор: ft.com

Промовирани огласи »

Според Сојузната канцеларија за статистика, патувањето со автобус е најбезбедниот начин за патување по патиштата.

Многу прашања се отворија по трагичната автобуска несреќа која се случи на патот Скопје – Тетово.

Колку сме безбедни кога патуваме со автобус, како треба да се оснесуваат возачите додека возат, на кој временски рок се прават контроли на автобусите, се проверува ли тоа редовно, прашуваат засегнатите  граѓани, исплашени од страшната несреќа која што се случи деновиве, каде се изгубија 14 човечки животи.

Портпаролот на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, Ристо Манчев, во своето гостување на 1 ТВ, објасни дека според законот, патниците се должни да користат појас секаде каде што тие се фабрички вградени.

Според правилникот за техничка исправност на автобусите, за автобуси кои вршат превоз на меѓуградски растојанија, појасот е задолжителен само за возачот и за предните седишта на автобусот. Во 2006 ЕУ донесе Директива по сообраќајна несреќа со автобус во Франција, со голем број на загинати, според која беше задолжително сите држави да воведат законска регулатива според која носењето појаси за сите патници во автобусите треба да стане задолжително. Тоа го немаат имплементирано сите држави од ЕУ, Македонија во процесот на пристапување ќе мора да ги имплементира и тие стандарди, рече Манчев.

Промовирани огласи »

Дали видеонадзорот во градинките е уште еден луксуз на родителите или реална потреба на современото живеење, е прашањето кое последниов период се наметнува во јавноста.

Неодмна беа актуелни темите за работата на воспитувачите и на негувателите, па од тука и се наметна прашањето, дали е потребен видеонадзор во градинките.

Откако во јавноста излегоа неколку немили настани од страна на наставничките и негувателките, родителите се побунија и дел од нив побараа на камера да си го гледаат своето дете додека е во градинка.

Родителите се со поделени мислења во врска со оваа тема. Некои сметаат дека е добро да има камери во градинките, бидејќи на тој начин ќе има поголема контрола врз вработените и нивниот однос кон децата. Други, пак, ја осудуваат оваа иницијатива, велејќи дека ова отвара можност за злоупотреба на снимките. Родителите и вработените во градинките потенцираат и на фактот дека вината за однесувањето на децата мора да се побара и кај самите родители.

-Јас сум за.Нека има камери во градинките. Ама да се нема пристап до нив освен ако има потреба. Мислам дека многу родители ќе го злоупотребуваат тоа. Никој не сака детето да му трпи насилство ама па сега и за една гребнатинка модрица не оди да се малтретираат негувателките. А се си мислам дека кај нас на тој начин ќе се злоупотребуваат тие снимки и родителите ќе станат напорни. На пример да има одредени правила во кој случај може да се бараат да се видат(како што беше случајот со едногодишното девојче,изгризаното)или приметуваш одредени промени во однесувањето на своето дете.

-Против. Родителите од пуста желба за контрола не може да ги согледаат штетните последици кои би произлегле од ваквиот потег. Интимата на детето изложена на тацна. Дури и да не се стримува видеото, туку да се снима и да се чуваат снимките, повоторно некој би бил задолжен за одржување, чување, бришење итн. на снимките. А јас не сакам било кој да може да го гледа моето дете како јаде, оди во тоалет, спие... Не сакам неговото секојдневие да го споделувам со било кој. Јас би ги прашала родителите кои се за снимање дали би дозволиле камери во нивната спална соба? Оти исто му се фаќа. И не, воопшто не е исто снимање возрасни луѓе на работа и снимање на деца.

Прво сум да има повеќе градинки, и повеќе негователки/воспитувачки. Да не мора врски да се фаќаат уште дури не ти е родено детето, и да не бидат една на 30 деца. Е, кога тоа ќе го средат, може да се разговара за камери. Ставија луѓе во администрација, по двајца на едно работно место, а ваму недостиг на персонал во градинките. 
Секогаш кај нас обратно се решаваат проблемите, затоа никогаш не е ништо решено. 
А за камери ко камери, не сум против, ама џабе додека не се реши другиот проблем.

Промовирани огласи »

Доколку општините не почнат да даваат дозволи за градба, граѓаните веќе од следната година ќе го почувствуваат покачувањето на цените на становите во Карпош, Центар и Аеродром, предупредуваат консултантите за комерцијални недвижности.

Велат дека граѓаните сакаат да инвестираат во недвижности, па поради тоа треба да се забрза градежната активност. Градежниот сектор веќе подолго време се жали дека поради укинувањето на Деталните урбанистички планови не можат да добијат дозвола за градба. Поради ова имаат штети од неколку милиони евра

Доколку продолжи намалувањето на градежната активност, остане истата побарувачка или се зголеми, ќе се створи дисторзија на среден рок. И тоа ќе се одрази на качување на цените, вели извршниот директор на Фортон, Влатко Богоевски.

Граѓаните сакаат да купуваат поголеми и поквалитетни станови. Консултантите сметаат и дека компаниите во земјава знаат и можат да направат квалитетни станови. Но, граѓаните не се финансиски подготвени да платат за такви станови.

Број еден одлучувачки фактор за стан е цената, број два е локацијата, број три функционалноста на станот и број четири е квалитетот. Тоа значи дека не е проблем да се произведат многу поквалитетни станови од постоечките. Проблем е дали има пазар, односно купци за таков вид на станови, вели Богоевски.

Во минатата година во Скопје биле издадени дозволи за над 4.000 станови. Лидери по издавање на дозволи се Аеродром и Центар.

Најскапи се становите во Центар и Карпош, а потоа следат Аеродром и Кисела Вода.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »