Промовирани огласи »

Директорот на Националниот музеј во Софија Божидар Димитров покрена кампања сите Македонци да се прогласат за Бугари, бидејки како што вели тој – тоа и сме.

Тој секоја сабота на еден канал на бугарска телевизија води своја емисија за историјата, претставувајки се себеси како чувар на бугарското богатство.

Моментално се залага за промена на законот кој на Македонците со бугарско потекло само на основа на усмена изјава на бугарски јазик ќе им се овозможи да добијат бугарско државјанство. Писмен доказ не би бил воопшто потребен.

Тринаесет векови, се до 1944 во Македонија живееле Бугари. Еден ден некој им рекол дека тие се Македонци, а не Бугари. Дека немаат никаква поврзаност со Бугарија, дека ќе им биде конструирана држава, напишана историја и тоа е и направено. А потоа во новото време одеднаш насатанаа проблеми со идентитетот. Околу 500.000 Македонци така би можеле да станат Бугари, а истовремено и граѓани на ЕУ, се надева Димитров.

Тоа би била четвртина од вкупното население на Македонија.

Ако добро се организираме, вели тој, за што не е потребен само закон, туку и политичка волја, многу брзо би можеле индивидуално да ја внесеме Македонија во ЕУ. Така ќе ги решиме нашите демографски проблеми. Македонците тоа го сакаат. Сите на чело со премиерот сакаат бугарски пасош.

Македонија без Македонци. И поранешниот македонски премиер Љупчо Гергриевски има бугарски пасош. Две третини од граѓаните на Македонија имаат двојно државјанство – што за нив значи и слободно движење. И македонските камиони по странските земји најчесто возат со бугарски таблици, додава Димитров.

Божидар уште истакнува и дека македонскиот аналитичар Ким Мехмети за македонско – бугарските односи вели дека: Тоа се два народи. Но никаде историјата на два народи не е така испреплетена како што е случај со Македонија и Бугарија. Така ќе најдете исти споменици во различни главни градови – Скопје и Софија.

Македонија е класична иселеничка земја. Можност за да се добие бугарски пасош дополнително ќе го поттикне тоа иселување. Случаен минувач во Скопје на кој Димитров се повикува рекол: „Нашите гатсербајтери веќе не се враќаат од странство. Наскоро во Македонија веќе нема да има Македонци“, заклучива Директорот на Националниот музеј во Софија во својата емисија.

Промовирани огласи »

Треба да имате во предвид многу работи кога правите интервју за работа.,Не кажувајте го погрешното. Бидете подготвени да одговорите на случајно поставени прашања. Пред се, оставете му впечаток на интервјуерот.

Светскиот одговорен регрутер за вработување на Uber, Jim Baaden дава неколку свои совети. Тој кажува за Business Insider дека едно солидно интервју почнува со добро формирано CV. 

"Мислам дека резимето треба да биде напишано на високо ниво, за колку што е можно да се добие претстава на тоа што сте го направиле досега.

Штом треба да се појавите на некое интервју, Baaden има неколку совети за кандидатите:

1. Бидете подготвени 

Baaden кажува дека правење пред-подготовка за работно интервју е најголемата грешка што би можеле да ја направите. Секој искусен интервјуер ќе се потруди да го прашува тоа во кое имате најмаклу интерес или во врска со знаењето околу компанијата и неговата улога.

Тој кажува дека во Uber кандидатите мора да бидат спремни да одговараат на прашања, како на пример: 

Зошто Uber?
Зошто оваа екипа?
Како вашето искуство ве направи да се вклопите во вашата улога?

Во било која компанија да одите на интервју, треба да бидете добро информирани за нивниот продукт - кажа тој за Business Insider.

2. Прилагодете ги вашите одговори

Негативна политика е да им се испрати истиот примерок на cover letter на секоја компанија во која аплицирате. Истото важи и за вашите одговори на прашањата на интервјуто. Одговор кој би имал големо влијание во некоја технолошка компанија, би можело да ви изгуби неколку поени во некоја финасиска компанија.

Значи, треба да бидете сигурни дека на интервјуерот не му давате затворени и неразбирливи одговори, кажува Baaden.

Компаниите функционираат различно, тие се структурирани различно кажува тој. Вашата свест и истражување на организацијата би требало да ви помогне во формирање на специфичен одговор во врска со таа средина.

3. Бидете љубопитни и прашувајте прашања

Baaden вели дека тој секогаш е во потрага по кандидати кои се љубопитни и инвестираат на самоунапредување. Како би можеле да пренесете љубопитност кај регрутерот?  Па, наједноставно, прашувајте прашања. Исто така, обидете се да го третирате интервјуто како нормален разговор. Преправете се дека само што сте го запознале интервјуерот во еден нормален социјален настан додека им поставувате прашања на нив. 

Тоа му докажува на интервјуерот дека навистина сте заинтересирани - и дека ќе донесете со себе и интелектуална љубопитност во таа улога. 

Промовирани огласи »

Во 2016-та година 82.000 милионери ја напуштиле својата татковина и се преселија во друга земја, покажуваат податоците на „New World Wealth“, цитирани од „CNBC“. Нивниот број се зголемува значително од 2015-та година, 64.000 милионери ја напуштиле својата земја.

Земјите кои привлекуваат најмногу богаташи се Австралија, САД и Канада, следени од Нов Зеланд. Според истражувањето на организацијата во Австралија минатата година се преселија 11.000 милионери. САД ја избраа 10.000 милионери, а Канада – 8.000.

Земјите од кои бегаат најбогатите се Франција (12.000), Кина (9.000), Бразил (8.000), Индија (6.000) и Турција (6.000).

Традиционално, САД ги привлекува богатите луѓе, но во последните години Австралија успева да привлече повеќе милионери, особено од Индија и Кина, дополнува „CNN“. Зелениот континент се смета како сигурно мястго за одгледување на деца, со стабилен здравствена систем и е географски изолиран од кризите во Блискиот Исток и бегалскиот бран во Европа.

Во прилог е тоа што Австралија е и добро место за водење бизнис.

Според „New World Wealth“ всушност главната причина поради која милионерите ја напуштат земјата, е прво можноста за подобро образование за децата, а на следната – личната безбедност. Подобрата клима и здравствен систем се исто така фактори при изборот на новото место за живот.

Богаташите бегаат од Франција главно поради високите даноци, како и поради растечката тензија во земјата, покажува уште студијата.

Промовирани огласи »

Кинескиот сајт за продажба JD.com уште не промовираниот Nokia 8 го постави на својата веб страна со цена од 450 долари како и листа на спецификации иако досега смартфонот не е официјално претставен на јавноста.

Според JD.com новиот Nokia 8 ќе има 5.7 инчен Quad HD дисплеј, 24 мегапикселна главна камера, осум-јадрен Snapdragon 820 процесор и Android 7.0 Nougat оперативен систем. Зошто JD.com толку брза да го прикаже Nokia 8 навистина нема јасни детали, освен дека сака да продолжи да биде прв кој ќе ги продава новите смартфони на HMD GLobal како вистинскиот хит Nokia 6, па потоа да чека да го официјалниот пласман кој може да биде за неколку дена.

Секако вистински дебакл за JD.com ќе биде доколку Nokia 8 е само шпекулација и не биде наскоро промовиран, бидејќи досега се открија информации само за Nokia 3 и Nokia 5 кои ќе пристигнат на MWC 2017, но ќе бидат за основните класи со пониски цени.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »