Промовирани огласи »

На површина од околу 1.800 метри квадратни терасата на Градскиот трговски центар во Скопје , што гледа кон плоштадот,  ќе се претвори во пријатен зелен парк, финансиран од Град Скопје, а со поддршка на УНДП.

Терасата на предната страна од Градскиот трговски центар во Скопје до лето треба да се претвори во пријатна зелена оаза, која граѓаните ќе можат да ја користат за одмор и рекреација.

Предвидени се неколку водени површини, патеки, зелен простор , клупи за седење, кафуле и други содржини во корист на граѓаните, но просторот ќе биде и ограден заради безбедност.

„Ова е прв ваков проект каде се прави зелен покрив по примерот на другите европски градови, а треба да придонесе за намалување на температурата во центарот на градот за време на летните горештини“, смета градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Имено, кога температурата на плоштадот „Македонија“ е 27 степени Целзиусови, на покривот на ГТЦ температурата изнесува 37 степени, покажала неодамнешната студија за „жешки објекти“ во центарот на Скопје.

За изградба на проектот ќе биде користена најнова технологија, а изведувачот ќе го бира УНДП, додека Градот го финансира проектот кој чини околу 33 милиони денари.

Овој зелен кров, според Шилегов, значи дека ова место повеќе нема да биде едно од најтоплите места во Скопје и дека од место кое луѓето го избегнувале, ќе стане катче во кое луѓето ќе уживаат.

Промовирани огласи »

Во изводот од матичната книга на родените на  децата родени во болницата Систина повеќе нема да стои дека се родени во село Злокуќани, туку во Скопје.  Ова е предвидено во предлог измените на Законот за матична евиденција кои се објавени на ЕНЕР.

Освен оваа интервенција со измените на законот се предвидува признавање на нов род .  Во овој дел законот превидува издавање на матичен број за лице го извршило промена на полот од машко во женско или обратно, а во него се утврдени условите и начинот на признавање на родот.

Првата промена на законот се прави на барање на група родители кои побарале во изводот на своите деца да се внесе градот Скопје, а не Злокуќани. Втората измена се регулира по пресуда од Европскиот суд на човекови права, се вели во образложението од Министерството за правда.

Промовирани огласи »

Законот забранува министри, пратеници и членови на локалните власти да вработуваат свои венчани или невенчани сопружници, родители и деца. Казната за ова е до три години затвор и 45.000 евра.

Законот во францускиот парламент е поддржан од 383 пратеници, тројца се спротивставија и 48 се воздржани.

Промовирани огласи »

46-годишниот претприемач и извршен директор ја револуционизира индустријата за вселенски летови со SpaceX, трансформирајќи го светот на електричниот автомобили во Тесла, и туркајќи ја неврологијата и транспортот напред во Neuralink и Boring Company.

Неодамна, Маск, наводно, им најавил на вработените во Тесла дека сака да усвои распоред за смена 24/7 за да добие што побрзо производство на електричниот автомобил Тесла Модел 3. Од овие совети, јасно е дека Маск не е фан на состаноци, бирократија, хиерархија или кој било систем што ја попречува директната комуникација. Тој претпочита луѓето да применат здраво размислување за задачата што е во рака.

Состаноците во големи формати го трошат времето на луѓето. 

“Прекумерните состаноци лошо влијаат на големите компании и речиси секогаш се влошуваат со текот на времето. Ве молиме да се ослободите од сите големи состаноци, освен ако не сте сигурни дека тие им даваат вредност на целата публика, и во тој случај чувајте ги многу кратко.

Состаноците треба да бидат ретки, освен ако не е итно прашање.

Исто така, ослободи се од честите состаноци, освен ако не се занимавате со крајно итно прашање. Фреквенцијата на состаноци треба брзо да се намали откако итното прашање ќе се реши.

Ако не треба да бидете на состанок, оставете го.

Излези од состанокот ако гледаш дека не додаваш вредност. Не е грубо да си заминете, грубо е да се натера некој да остане и да го губи времето.

Избегнувајте збунувачки жаргони

“Не користете акроними или бесмислени зборови за објекти, софтвер или процеси во Тесла. Во принцип, сè што бара објаснување ја спречува комуникацијата. Не сакаме луѓето да мора да меморираат речник само за да функционираат во Тесла”.

Не дозволувајте хиерархиски структури да ги направат работите помалку ефикасни.

Комуникацијата треба да патува низ најкратката патека што е потребна за да ја заврши работата, а не преку” синџирот на команда.

Ако треба да стапите во контакт со некого, направете го тоа директно.

Главен извор на проблеми е лошата комуникација меѓу вработените. Начин да се реши ова е да се овозможи слободен проток на информации помеѓу сите нивоа во компанијата.

Не трошете време на глупави правила.

Во принцип, секогаш земај го здравиот разум како твој водич. Ако следењето на правилото на компанијата е очигледно смешно во одредена ситуација, тогаш правилото треба да се промени.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »