Промовирани огласи »

Втора година по ред, Entrepreneur во партнерство со CultureIQ, прават истражување за откривање на најдобрите канцелариски култури низ Америка.
После речиси две децении фокусирање на регрутација и вработување, бизнисот на Tom Gimbel кој е лоциран во Chicago, минатата година додаде нова услуга во неговата структура: советување за култура. Го прашавме Gimbel да сподели со нас неколку негови совети.

Која е најголемата грешка што основачите ја прават кога сакаат да ја подобрaт нивната култура?

Тие се опседнати со бонуси - да организираат забава, да одржат некој заеднички настан, да дозволат престој на домашните миленичиња на работното место. Бонусите се лесни за добивање, но бонусите не се дел од културата како што шлагот е дел од тортата.

Каде треба точно да почнува?

Разговарајте со вработените, но не само со менаџментот на Човечки Ресурси (HR). После обуката и разговорот, следната причина што го менува обликот на културата е средниот менаџмент.  Имаме совет составен од прилично нови вработени, се среќаваме со нив два пати по петнаесет минути и зборуваме за култура. На менаџерските состаноци, посветуваме најмалку 25 проценти од времето за дискусии во врска со културата.

За што конкретно разговарате на состаноците за култура?

Вистинското прашање не е: "Дали ова е интересно место за работа? ", туку: "Кои се луѓето на кои им e потребен развој?", "Кое е работното темпо на секоја група?".

Да кажеме дека имате создадено план за работа. За колку брзо време очекувате резултати?

Ако имате план создаден врз основа на одговорност, тимска игра, обука и развој, ќе ги видите сучтинските промени на подкултурата во период од 6 месеци. А пак, во период од 12 до 24 месеци, ќе почнете да ги забележувате промените во внатрешното работење и брендот на работодавачот.

Промовирани огласи »

Иако економијата напредува и се намалува бројот на жители кои што живеат во екстремна сиромаштија, разликата помеѓу богатите и сиромашните е зголемена повеќе од било која земја на светот.Четворицата најбогати Индонезијци поседуваат богатство еднакво на имотот на 100 милиони најсиромашни луѓе во Индонезија, покажа најновото истражување, иако претседателот на Индонезија во неколку наврати порача дека ќе се бори против „опасните нивоа“ на нееднаквост.

Хуманитарната организација „Оксфам“, наведе во извештајот дека претседателот Џоко Видодо не ги исполнил дадените ветувања и стои во заклучокот дека Индонезија е една од државите на светот каде што нееднаквоста е најизразена.

„Оксфам“ ја повика владата што поскоро да го зголеми буџетот за јавните служби и на корпорациите на најбогатите да им воведе поголеми даноци.

„Се поголемата разлика помеѓу богатите и останатите претставува сериозна закана за идниот просперитет на Индонезија. Ако проблемот со нееднаквоста не биде решен, тоа ќе ги отежни напорите да се намали сиромаштијата, додека пак социјалната нестабилност ќе се зголеми“, стои во извештајот.

Вкупното богатство на четворицата најбогати Индонезијци во 2016-та година изнесувало 25 милијарди долари, соопштија од „Оксфам“.

Како што беше наведено на листата со најбогати луѓе на светот на „Форбс“, меѓу најмоќните, односно најбогатите Индонезијци се тројца тајкуни од тутунската индустрија - браќата Буди и Мајкл Хартоно и Сусило Воновиџорџо.

Владата на Индонезија во јануари започна голема програма за борба против нееднаквоста која што вклучува мерки за помош на земјоделците и риболовците и го унапредува даночниот систем.

Промовирани огласи »

Државата воведува нов удар за граѓаните кои имааат дополнителна заработка, а чиј износ годишно надминува 16.200 евра.Тие ќе станат даночни обврзници и ќе треба да плаќаат ДДВ. При тоа, ова ќе важи и за граѓани кои имааат авторски хонорари и членство во надзорни одбори, а не само оние кои заработуваат од кирии, информира ТВ24. 


„Како регистрирани даночни обврзници за целите на ДДВ за извршениот промет на добра и услуги имаат обврска да издаваат фактура со пресметан ДДВ и да го пријавуваат и плаќаат данокот на додадена вредност. Но истовремено ќе имаат право на одбивка на предходен данок со исполнување на условите согласно членовите 33,34 и 35 од ЗДДВ.“ – велат од Управата за јавни приходи.

Експертите посочуваат дека станува збор за нелогичено толкување на законот.

Имаме одговори од видот на тоа дека обврзници би биле и оние што примаат надоместоци за членство во надзорни одбори, дека и тие треба да се регистрираат доколку надминат 1 милион денари, а има такви случаи дека треба да се регистрираат во системот на ДДВ. Јас лично не препознавам никаква форма на вршење на стопанска дејност и отпаѓа можноста да се користи таа дефиниција. – изјави Павле Гацов, претседател на Здружение на даночни експерти.

Целиот текст можете да го прочитате тука
 

Промовирани огласи »

Прецизно отстранување само на заболените клетки од тумур и запазување на здравото ткиво овозможуваат специјалните очила, пронајдок на охриѓанецот Виктор Груев, доктор на науки и професор на Универзитетот „Вашингтон“ – Сент Луис, Мисури, САД.

Своето откритие Груев го презентираше пред студентите и заинтересираните граѓани во Универзитет „Св. Апостол Павле“ во Охрид, каде одржа предавање на тема:„Инспирација од природата за сензори (применливи) во хирургијата“.

Идејата за овој изум, според него, почнала пред две години додека работел на проект во кој ги анализирале очите на различни видови животни.

Така дојдовме до сознание дека многу животни гледаат многу поразлично од нас. Гледаат многу повеќе бои и имаат многу подруги сетила, а сето тоа го применивме во создавање очила со сензори, чиј дизајн е заснован врз визуелни системи на животни и нивната примена во неврологијата и онкологијата, рече Груев.

Првиот сензор, појасни, бил дизајниран врз основа на визуелниот систем на раковите Мантис, а вториот на пеперутките Монарх.

Видот на морското ракче и на пеперутката се разликува од човечкиот кој распознава три основни бои. За разлика од него, видот на овие живи суштества е многу покомплексен. Тие имаат сложени очи со нано ќелии и исклучитено чувствителни сензори за вид кои распознаваат шеснаесет различни спектри на бои, од сина до инфрацрвена, односно гледаат неколку милиони бои повеќе од нас, нагласи Груев.

Врз основа на тоа сознание тој пројавил интерес за функционирањето на тој визуелен систем, бидејќи, додаде, во други сфери како што е медицината да имаш камера со која можат да се видат други бои или дополнителни информации од светлината се клучни за дијагноза.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »