Промовирани огласи »

Прецизно отстранување само на заболените клетки од тумур и запазување на здравото ткиво овозможуваат специјалните очила, пронајдок на охриѓанецот Виктор Груев, доктор на науки и професор на Универзитетот „Вашингтон“ – Сент Луис, Мисури, САД.

Своето откритие Груев го презентираше пред студентите и заинтересираните граѓани во Универзитет „Св. Апостол Павле“ во Охрид, каде одржа предавање на тема:„Инспирација од природата за сензори (применливи) во хирургијата“.

Идејата за овој изум, според него, почнала пред две години додека работел на проект во кој ги анализирале очите на различни видови животни.

Така дојдовме до сознание дека многу животни гледаат многу поразлично од нас. Гледаат многу повеќе бои и имаат многу подруги сетила, а сето тоа го применивме во создавање очила со сензори, чиј дизајн е заснован врз визуелни системи на животни и нивната примена во неврологијата и онкологијата, рече Груев.

Првиот сензор, појасни, бил дизајниран врз основа на визуелниот систем на раковите Мантис, а вториот на пеперутките Монарх.

Видот на морското ракче и на пеперутката се разликува од човечкиот кој распознава три основни бои. За разлика од него, видот на овие живи суштества е многу покомплексен. Тие имаат сложени очи со нано ќелии и исклучитено чувствителни сензори за вид кои распознаваат шеснаесет различни спектри на бои, од сина до инфрацрвена, односно гледаат неколку милиони бои повеќе од нас, нагласи Груев.

Врз основа на тоа сознание тој пројавил интерес за функционирањето на тој визуелен систем, бидејќи, додаде, во други сфери како што е медицината да имаш камера со која можат да се видат други бои или дополнителни информации од светлината се клучни за дијагноза.

Промовирани огласи »

Заборавете на рамнотежата помеѓу работата и животот. Овие фактори имаат поголемо влијание на задржување на вработените. 

Знаеме дека на повеќето од луѓето не им се допаѓа работата која што ја работат и тоа е причината зошто голем број на луѓе даваат оставка од работното место (или бараат работа на друго место). Врз основа на анализа земена од над 5,000 CV-а на различни работници кои го промениле работното место во последните 9 години, истражувачите идентификуваа неколку трендови.

После тестирањето на овие трендови, статистичките анализи покажуваат дека постојат три важни фактори кои ги интересираат вработените:

  • ​Културата на компанијата
  • Платата на вработените
  • Работење на иста работна позиција долг период

Во врска со тоа колку пари би чинело за вработените да бидат задоволни во компанијата, тие велат:

Просечно, наидуваме на тоа дека зголемување на плата од 10% е поврзано со 1.5% поголема шанса дека вработениот ќе остане во компанијата за некоја друга можна работна позиција.

Конечно, добиените статистики покажуваат дека на секои 10 месеци на секој вработен во некоја компанија, постои само 1% можност за истиот тој вработен да ја напушти работата за некое друго работно место, за кое истражувачите кажуваат дека е статистички значајно.

Промовирани огласи »

Операторот ВИП од денеска воведува интерактивна телевизија за сите корисници која ќе овозможи да се враќа програмата назад до седум дена за 50 ТВ канали.

Корисниците ќе имаат можност да ја паузираат содржината, да ја премотуваат наназад, да ја снимаат во живо или да закажуваат снимање. Со ова Вип го крева нивото на своите услуги за корисниците кои ќе уживаат на начинот на кој сакаат преку супериорната платформа со добар графички интерфејс. Ова е само уште една потврда за нашите заложби да им дадеме на македонските граѓани најголема вредност – изјави денеска извршниот директор на оне.Вип, Димитар Ковачевски.

Сите корисници, кои ќе изберат еден од тарифните модели Вип Комбо ќе добијат бесплатна интерактивна телевизија. Промотивно ќе има три месеци бесплатно користење на видеотеката која содржи филмови Дизни и популарни ТВ серии.

Од Вип објаснуваат дека со оваа новина ќе може телевизиската содржина да се снима на мрежа и таму ќе биде достапна 20 дена, по што може врз неа да се сними друга содржина. 

Може да се снимаат цели серии одеднаш, како и да се снима на надворешен диск. Има можност за родителска заштита на содржината, така што некои канали може да се заклучат со лозинка. Може да се снима до 10 часа материјал.

Ова се месеци на Вип и секој месец ќе нудиме нешто ново. Со воведувањето на услугата интерактивна телевизија, Вип оди чекор понапред во обезбедувањето напредни технологии за корисниците на пакетите Комбо и можност самите да раководат со програмата која се емитува на достапните ТВ канали – додаде Ковачевски.

Корисниците на Вип Комбо кои имаат техничка можност за интерактивна телевизија може да ја активираат со замена на ресиверот со нов ресивер со еднократен надомест или на 24 рати.

Оваа услуга засега е достапна во Скопје, Битола, Прилеп, Кочани, Гостивар, Радовиш и Велес.

Промовирани огласи »

Просечната месечна исплатена нето-плата од вработен во декември 2016 година изнесува 23.457 денари, а просечната бруто-плата 34.374 денари. Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата од вработен лани во декември е 3,3 отсто повисока во споредба со истиот месец од 2015 година.

Зголемувањето се должи на повисоката просечна месечна исплатена нето-плата од вработен во секторите уметност, забава и рекреација од 55,8 отсто, информации и комуникации - 9,6 и градежништво - 7,7 отсто.

Повисока исплатена просечна месечна нето-плата во споредба со претходниот месец, пак, има во секторите уметност, забава и рекреација од 48,2 отсто, информации и комуникации - 22,1 и стручни, научни и технички дејности - 13 отсто.

Податоците од Статистика покажуваат неверојатна за македонски услови просечна плата во секторот спортски, забавни и рекреативни дејности, каде што таа во декември изнесувала 178.351 денар. Во ноември овде просекот бил 44.103 денари. Во речиси сите сектори што стандардно имаат високи просечни примања во декември има значителни скокови во просечната плата во однос на она што се заработувало во ноември.

Па, така, програмерите последниот месец од годината имале просек од 66.896 денари, а еден месец порано 49.505 денари. По нив се оние во правни и финансиски дејности кои во декември имале просек од 59.124 денар, а еден месец порано тој бил 40.172 денара. Во воздухопловниот транспорт просекот за декември бил 54.827 денари, а во ноември 49.984 денари. Потоа следуваат вработените во телекомуникациската дејност, со просечна плата од 48.450 денари во декември, а во ноември имале примања од 40.964 денари. Во финансиските услужни дејности и производство на фармацевтски производи декемвриските просеци се 43.042, односно 43.982 денари и се поголеми од ноемвриските кои биле 42.339 и 41.414 денари.

На другиот крај се оние со далеку помали примања. Па, така, во секторот земјоделство, шумарство и риболов просекот во декември бил 16.909 денари, во преработувачката индустрија 18.832 денара, во градежништвото 21.439, слично како и во трговијата на големо и мало - 21.100 денари.

Во декември лани 1,6 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »