Промовирани огласи »

Операторот ВИП од денеска воведува интерактивна телевизија за сите корисници која ќе овозможи да се враќа програмата назад до седум дена за 50 ТВ канали.

Корисниците ќе имаат можност да ја паузираат содржината, да ја премотуваат наназад, да ја снимаат во живо или да закажуваат снимање. Со ова Вип го крева нивото на своите услуги за корисниците кои ќе уживаат на начинот на кој сакаат преку супериорната платформа со добар графички интерфејс. Ова е само уште една потврда за нашите заложби да им дадеме на македонските граѓани најголема вредност – изјави денеска извршниот директор на оне.Вип, Димитар Ковачевски.

Сите корисници, кои ќе изберат еден од тарифните модели Вип Комбо ќе добијат бесплатна интерактивна телевизија. Промотивно ќе има три месеци бесплатно користење на видеотеката која содржи филмови Дизни и популарни ТВ серии.

Од Вип објаснуваат дека со оваа новина ќе може телевизиската содржина да се снима на мрежа и таму ќе биде достапна 20 дена, по што може врз неа да се сними друга содржина. 

Може да се снимаат цели серии одеднаш, како и да се снима на надворешен диск. Има можност за родителска заштита на содржината, така што некои канали може да се заклучат со лозинка. Може да се снима до 10 часа материјал.

Ова се месеци на Вип и секој месец ќе нудиме нешто ново. Со воведувањето на услугата интерактивна телевизија, Вип оди чекор понапред во обезбедувањето напредни технологии за корисниците на пакетите Комбо и можност самите да раководат со програмата која се емитува на достапните ТВ канали – додаде Ковачевски.

Корисниците на Вип Комбо кои имаат техничка можност за интерактивна телевизија може да ја активираат со замена на ресиверот со нов ресивер со еднократен надомест или на 24 рати.

Оваа услуга засега е достапна во Скопје, Битола, Прилеп, Кочани, Гостивар, Радовиш и Велес.

Промовирани огласи »

Просечната месечна исплатена нето-плата од вработен во декември 2016 година изнесува 23.457 денари, а просечната бруто-плата 34.374 денари. Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата од вработен лани во декември е 3,3 отсто повисока во споредба со истиот месец од 2015 година.

Зголемувањето се должи на повисоката просечна месечна исплатена нето-плата од вработен во секторите уметност, забава и рекреација од 55,8 отсто, информации и комуникации - 9,6 и градежништво - 7,7 отсто.

Повисока исплатена просечна месечна нето-плата во споредба со претходниот месец, пак, има во секторите уметност, забава и рекреација од 48,2 отсто, информации и комуникации - 22,1 и стручни, научни и технички дејности - 13 отсто.

Податоците од Статистика покажуваат неверојатна за македонски услови просечна плата во секторот спортски, забавни и рекреативни дејности, каде што таа во декември изнесувала 178.351 денар. Во ноември овде просекот бил 44.103 денари. Во речиси сите сектори што стандардно имаат високи просечни примања во декември има значителни скокови во просечната плата во однос на она што се заработувало во ноември.

Па, така, програмерите последниот месец од годината имале просек од 66.896 денари, а еден месец порано 49.505 денари. По нив се оние во правни и финансиски дејности кои во декември имале просек од 59.124 денар, а еден месец порано тој бил 40.172 денара. Во воздухопловниот транспорт просекот за декември бил 54.827 денари, а во ноември 49.984 денари. Потоа следуваат вработените во телекомуникациската дејност, со просечна плата од 48.450 денари во декември, а во ноември имале примања од 40.964 денари. Во финансиските услужни дејности и производство на фармацевтски производи декемвриските просеци се 43.042, односно 43.982 денари и се поголеми од ноемвриските кои биле 42.339 и 41.414 денари.

На другиот крај се оние со далеку помали примања. Па, така, во секторот земјоделство, шумарство и риболов просекот во декември бил 16.909 денари, во преработувачката индустрија 18.832 денара, во градежништвото 21.439, слично како и во трговијата на големо и мало - 21.100 денари.

Во декември лани 1,6 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.

Промовирани огласи »

Пер-Ерик Мускос, член на градскиот совет во Оверторн предлага вработените Швеѓани да имаат право на еден час пауза за по потреба да отидат дома кај сопружникот, и тоа да се вбројува во работните часови.

Проучувањата покажуваат дека сексот е здрав. Се работи за градење подобри односи… Сепак, Вие не можете да знаете со сигурност дали наместо тоа, работникот ќе отиде на прошетка, но работодавците треба да им веруваат на своите вработени, истакна 42- годишниот советник. По Финците и Французите, Швеѓаните се на трето место според најмал број работни часови годишно. Според економско-истражувачкиот институт Ко-Рекскод, шведскиот просек за 2015 изнесувал 1.685 часа по работник, на годишно ниво. И покрај тоа, Мускос не гледа причина предлогот да биде отфрлен.

На крајот ни останува да се запрашаме дали и ние би сакале ваква пауза за време на нашите работни денови?

Промовирани огласи »

Претседателот на Соединетите Американски Држави во своја сопственост има импозантен број на интернет домејни.Доналд Трамп дефинитивно е човек кој што не може без медиумите и модерните технологии, иако никогаш не живеел од нив. Сепак, тој е исклучително активен на социјалните мрежи, посебно на Твитер и речиси константно е во војна со американските медиуми.


Исто така, медиумите ја покачуваат посетеноста „на грб на Трамп“, се зголемува читаноста и бројот на кликови, што на крајот на краиштата е доста важно. Сепак, дали некој досега се запрашал колку веб домејни се во сопственост на новиот американски претседател?

Можеби многумина тоа не ги интересира, но Трамп пред се е бизнисмен, па новинарската екипа на „СиЕнЕн“ одлучила да истражи колку веб домејни се во сопственост на првиот човек на Соединетите Американски Држави.


Првиот интернет домејн Доналд Трамп го купил на 20-ти јануари 1997-ма година и секако и ден денес е активен - тоа е веб адресата donaldjtrump.com, но со текот на времето бројот на домејни во негова сопственост значително пораснал. Денес таа бројка според истражувањето на „СиЕнЕн“ пораснала на неверојатни 3643 веб домејни.

Секако, не се сите домејни лично во сопственост на Доналд Трамп затоа што добар дел од нив е поврзан со неговите бизниси, а новинарите на „СиЕнЕн“ потсетуваат дека има голема бројка на домејни кои што неговите советници процениле дека е подобро да се купат, отколку на пример да завршат во рацете на оние кои што сакаат да „плукаат“ по новиот американски претседател.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »