Промовирани огласи »

Државата воведува нов удар за граѓаните кои имааат дополнителна заработка, а чиј износ годишно надминува 16.200 евра.Тие ќе станат даночни обврзници и ќе треба да плаќаат ДДВ. При тоа, ова ќе важи и за граѓани кои имааат авторски хонорари и членство во надзорни одбори, а не само оние кои заработуваат од кирии, информира ТВ24. 


„Како регистрирани даночни обврзници за целите на ДДВ за извршениот промет на добра и услуги имаат обврска да издаваат фактура со пресметан ДДВ и да го пријавуваат и плаќаат данокот на додадена вредност. Но истовремено ќе имаат право на одбивка на предходен данок со исполнување на условите согласно членовите 33,34 и 35 од ЗДДВ.“ – велат од Управата за јавни приходи.

Експертите посочуваат дека станува збор за нелогичено толкување на законот.

Имаме одговори од видот на тоа дека обврзници би биле и оние што примаат надоместоци за членство во надзорни одбори, дека и тие треба да се регистрираат доколку надминат 1 милион денари, а има такви случаи дека треба да се регистрираат во системот на ДДВ. Јас лично не препознавам никаква форма на вршење на стопанска дејност и отпаѓа можноста да се користи таа дефиниција. – изјави Павле Гацов, претседател на Здружение на даночни експерти.

Целиот текст можете да го прочитате тука
 

Промовирани огласи »

Прецизно отстранување само на заболените клетки од тумур и запазување на здравото ткиво овозможуваат специјалните очила, пронајдок на охриѓанецот Виктор Груев, доктор на науки и професор на Универзитетот „Вашингтон“ – Сент Луис, Мисури, САД.

Своето откритие Груев го презентираше пред студентите и заинтересираните граѓани во Универзитет „Св. Апостол Павле“ во Охрид, каде одржа предавање на тема:„Инспирација од природата за сензори (применливи) во хирургијата“.

Идејата за овој изум, според него, почнала пред две години додека работел на проект во кој ги анализирале очите на различни видови животни.

Така дојдовме до сознание дека многу животни гледаат многу поразлично од нас. Гледаат многу повеќе бои и имаат многу подруги сетила, а сето тоа го применивме во создавање очила со сензори, чиј дизајн е заснован врз визуелни системи на животни и нивната примена во неврологијата и онкологијата, рече Груев.

Првиот сензор, појасни, бил дизајниран врз основа на визуелниот систем на раковите Мантис, а вториот на пеперутките Монарх.

Видот на морското ракче и на пеперутката се разликува од човечкиот кој распознава три основни бои. За разлика од него, видот на овие живи суштества е многу покомплексен. Тие имаат сложени очи со нано ќелии и исклучитено чувствителни сензори за вид кои распознаваат шеснаесет различни спектри на бои, од сина до инфрацрвена, односно гледаат неколку милиони бои повеќе од нас, нагласи Груев.

Врз основа на тоа сознание тој пројавил интерес за функционирањето на тој визуелен систем, бидејќи, додаде, во други сфери како што е медицината да имаш камера со која можат да се видат други бои или дополнителни информации од светлината се клучни за дијагноза.

Промовирани огласи »

Заборавете на рамнотежата помеѓу работата и животот. Овие фактори имаат поголемо влијание на задржување на вработените. 

Знаеме дека на повеќето од луѓето не им се допаѓа работата која што ја работат и тоа е причината зошто голем број на луѓе даваат оставка од работното место (или бараат работа на друго место). Врз основа на анализа земена од над 5,000 CV-а на различни работници кои го промениле работното место во последните 9 години, истражувачите идентификуваа неколку трендови.

После тестирањето на овие трендови, статистичките анализи покажуваат дека постојат три важни фактори кои ги интересираат вработените:

  • ​Културата на компанијата
  • Платата на вработените
  • Работење на иста работна позиција долг период

Во врска со тоа колку пари би чинело за вработените да бидат задоволни во компанијата, тие велат:

Просечно, наидуваме на тоа дека зголемување на плата од 10% е поврзано со 1.5% поголема шанса дека вработениот ќе остане во компанијата за некоја друга можна работна позиција.

Конечно, добиените статистики покажуваат дека на секои 10 месеци на секој вработен во некоја компанија, постои само 1% можност за истиот тој вработен да ја напушти работата за некое друго работно место, за кое истражувачите кажуваат дека е статистички значајно.

Промовирани огласи »

Операторот ВИП од денеска воведува интерактивна телевизија за сите корисници која ќе овозможи да се враќа програмата назад до седум дена за 50 ТВ канали.

Корисниците ќе имаат можност да ја паузираат содржината, да ја премотуваат наназад, да ја снимаат во живо или да закажуваат снимање. Со ова Вип го крева нивото на своите услуги за корисниците кои ќе уживаат на начинот на кој сакаат преку супериорната платформа со добар графички интерфејс. Ова е само уште една потврда за нашите заложби да им дадеме на македонските граѓани најголема вредност – изјави денеска извршниот директор на оне.Вип, Димитар Ковачевски.

Сите корисници, кои ќе изберат еден од тарифните модели Вип Комбо ќе добијат бесплатна интерактивна телевизија. Промотивно ќе има три месеци бесплатно користење на видеотеката која содржи филмови Дизни и популарни ТВ серии.

Од Вип објаснуваат дека со оваа новина ќе може телевизиската содржина да се снима на мрежа и таму ќе биде достапна 20 дена, по што може врз неа да се сними друга содржина. 

Може да се снимаат цели серии одеднаш, како и да се снима на надворешен диск. Има можност за родителска заштита на содржината, така што некои канали може да се заклучат со лозинка. Може да се снима до 10 часа материјал.

Ова се месеци на Вип и секој месец ќе нудиме нешто ново. Со воведувањето на услугата интерактивна телевизија, Вип оди чекор понапред во обезбедувањето напредни технологии за корисниците на пакетите Комбо и можност самите да раководат со програмата која се емитува на достапните ТВ канали – додаде Ковачевски.

Корисниците на Вип Комбо кои имаат техничка можност за интерактивна телевизија може да ја активираат со замена на ресиверот со нов ресивер со еднократен надомест или на 24 рати.

Оваа услуга засега е достапна во Скопје, Битола, Прилеп, Кочани, Гостивар, Радовиш и Велес.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »