Промовирани огласи »

Со 15 милиони евра евтини кредити од Европската инвестициска банка - ЕИБ, ќе се поддржат инвестициите на 39 мали и средни фирми, кои првично ќе отворат околу 160 работни места. Со ова е комплетирана првата транша од 100-те милиони евра од ЕИБ за мали и средни претпријатија. Директорот на МБПР Драган Мартиновски го информираше министерот за финансии Драган Тевдовски дека во текот на оваа недела проектите ќе бидат доставени до ЕИБ.

Речиси 90% од проектите во првата транша се долгорочни инвестиции. Најмногу се инвестира во деловни објекти, опрема и транспортни средства, а помалку во обртни средства.

Министерот Тевдовски посочи дека малите и средни претпријатија се важен дел од нашето стопанство, бидејќи тие претставуваат над 99% од вкупниот број на претпријатија кај нас. Тие учествуваат во креирањето на бруто-домашниот производ со преку 55% и во креирањето на работни места со 75%. Тој посочи дека од таа причина, Владата преку оваа кредитна линија, како и низа други мерки се залага да обезбеди пристап до капитал за овие претпријатија.

Евтините кредити од ЕИБ за мали и средни претпријатија во вкупна вредност од 100 милиони евра е наменет за реализација на нови проекти, нови вработувања, зголемена ликвидност и зголемен извоз за малите и средни претпријатија. Со ова, но и преку активните мерки за вработување и мерките за поддршка на претпријатијата се поддржува секторот на мали и средни претпријатија, кој од исклучително значење за економијата -вели Тевдовски.

Во септември минатата година од страна на министерот за финансии Тевдовски, потпретседателот на ЕИБ, Ендрју МекДауел и директорот на МБПР Мартиновски беше потпишан договор за нова кредитна линија од 100 милиони евра за мали и средни претпријатија. МекДауел тогаш порача дека поддршката од ЕИБ ќе расте со напредокот на земјата во ЕУ интеграциите и изрази силно уверување дека започнува период на продлабочување на соработката. Оваа кредитна линија е петта по ред од ваков тип. Вкупниот износ на финансирање од ЕИБ достигнува 450 милиони евра.

Промовирани огласи »

Агим Нухиу, заменик-министерот за внатрешни работи, во разговор за грчкиот ЕРТ3 рече дека граѓаните нема да ги плаќаат мини-лепенките со кои привремено треба да се покрие кодот MK на регистарските таблички на возилата.

Во следните четири месеци регистарските таблички ќе бидат заменети кога ќе биде утврден новиот меѓународен код, додека пак лепенките се привремено решение за преодниот период. Во јавноста имаше дилеми кои ќе ги плаќа овие лепенки.

Имаме решение за преодниот период. Подготвивме т.н. бесплатни лепенки за сопствениците на возила додека да го имаме новиот сообраќаен код на земјата, објаснува заменикот министер за внатрешни работи, Агим Нухиу во интервјуто за ЕРТ3.

Промовирани огласи »

Направена е ранг листа која покажува како брендовите во светот напредувале или „паѓале“ во период од 7 години. 

На прво место е Coca Cola, на втората позиција е IBM,  а на трето место е Мicrosoft. 

Високо котираат и Гугл, Нокиа, Мекдоналдс, и други компании. 

Промовирани огласи »

Заводот за јавно здравје, во Пожеско - славонската жупанија одлучи да им даде по 3.000 куни на сите оние кои 30 дена нема да пушат. 

Ова важи само за полнолетните пушачи кои пушат цигари повеќе од една година. 

Освен овие услови, мора да биде потпишан и еден сведок од семејството кој треба да потврди дека навистина се откажале од пушење. 

Планираат луѓето да ги наградат со извлекување, но освен награда од 3.000 куни, ќе има и секој ден по 750 куни. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »