Промовирани огласи »

Градот  Скопје, како една од мерките против загадувањето на воздухот, денеска го објави јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за купување инвертери и други современи уреди за затоплување.

Со јавниот повик се опфаќаат сите инвертер клима уреди кои се купени од 1 јануари 2019 година и ќе трае заклучно со 30 ноември 2019 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена.

Субвенционирањето на граѓаните на подрачјето на Град Скопје за набавка на посовремени уреди за затоплување за 2019 година ќе се финансира од Буџетот на Град Скопје за 2019 година. Висината на субвенцијата ќе биде  во износ од 50% од вредноста на уредот, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход, додека јавниот повик ќе се реализира согласно со принципот „прв дојден прв услужен“.

На Јавниот повик немаат право на учество жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект со приклучок на градско централно греење  без оглед на тоа дали го користат, кои имаат можност за приклучување на системот за централно греење, како и жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект во фаза на градба и не живеат во истиот.

Промовирани огласи »

Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија вчера ја информираше јавноста дека до целосната промена на сите документи ќе издава односно веќе почна со издавање потврди на граѓаните за документите што се издадени од министерството (лични карти, уверенија за државјанства, возачка дозвола) кои не го содржат новото име на државата “Република Северна Македонија”. Направени се и првите регистарски таблички со новиот код „NMK“.

Со овие потврди се валидизира важноста на документите што се презентираат во странство односно во амбасадите на државите што тоа го бараат. Потврдите се со нов печат и новото име ,,Република Северна Македонија“. Потврдите се издаваат во Одделот за граѓански работи за државјани на Република Северна Македонија и лица кои уживаат меѓународна заштита во земјата, а во Одделот за гранични работи и миграции за странци кои по било кој основ престојуваат во државата.

Оваа постапка следува по Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите на Советот на безбедност на Обединетите нации, а која се однесува за престанок на важење на референцата ФИРОМ, како и уставните измени за новото име на државата Република Северна Македонија.

Потенцираме, за патување во странство на државјаните на Република Северна Македонија не им треба никаква потврда туку тоа се остварува со патната исправа што ја поседуваат, а на излегување од државата во патната исправа се става печат дека патната исправа е сопственост на Република Северна Македонија.

Фото: 21ТВ

Промовирани огласи »

Во Бугарија 112 родители се казнети за невакцинирање на своите деца притив морбили, објави државниот здравствен инспекторат според податоците собрани од регионалните инспекции.

Во текот на минатата година направени биле 16.000 проверки. Казните се од 50 до 100 лева, а санкции има и за доктори.

Епидемијата на морбили тргна од Украина, продолжи и во Романија, Франција, Италија и Грција, а во последно време и во Македонија.

Ниту еден родител не е казнет за невакцинирано дете од почетокот на епидемијата на морбили иако пред два месеца само во Скопје беа регистрирани 15.000 невакцинирани деца.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДЗСИ) објасни дека се уште нема казни поради недостиг на податоци од вакциналните пунктови.

Промовирани огласи »

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека до целосната промена на сите документи, почна со издавање потврди на граѓаните за документите што порано се издадени од министерството кои не го содржат новото име на државата “Република Северна Македонија”.

Со овие потврди се валидизира важноста на документите што се презентираат во странство. Потврдите се со нов печат и новото име ,,Република Северна Македонија“. Потврдите се издаваат во Одделот за граѓански работи за државјани на Република Северна Македонија и лица кои уживаат меѓународна заштита во земјата, а во Одделот за гранични работи и миграции за странци кои по било кој основ престојуваат во државата.

Оваа постапка следува по Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите на Советот на безбедност на Обединетите нации, а која се однесува за престанок на важење на референцата ФИРОМ, како и уставните измени за новото име на државата Република Северна Македонија.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »