Промовирани огласи »

Трудовите инспектори пишуваат и наплатуваат казни за неисплата на К-15, но од тоа работниците немаат ништо, зашто парите одат во државниот буџет.

Причина за ова е законската регулатива според која работодавецот не може да се присили да му ги исплати парите на работникот, иако законски му следуваат. Но, за таквото прекршување на законот треба да плати казна која некогаш надминува 1.000 евра, која пак, како и сите други наплатени казни, завршува во државниот буџет.

Директорот на Државниот инспекторат за туд Аљајдин Хавзиу вели дека трудовите инспектори, освен по пријави на работници, при контролите во компаниите во текот на целата година, покрај другото, проверуваат и дали и како е исполнета обврската за исплата на регресот за годишен одмор. Ако најдат пропусти, не казнуваат веднаш, туку го задолжуваат работодавецот во одреден рок да ги им ги исплати парите на работниците. Казната следува дури откако работодавецот нема да постапи онака како што наложил инспекторот, односно нема да исплати К-15, а парите одат во државниот буџет.

Но, таква е законската регулатива. Инаку, можам да кажам дека годинава работниците се охрабрени и почесто пријавуваат дека не им е исплатен К-15. Во инспекторатот имаме вистинска наезда на такви пријави. Работниците се жалат и дека не добиле К-15 и дека добиле помали суми, а се поголем е бројот на лица кои шест месеци работеле во една фирма и со тоа го оствариле закоснкото право за К 15, но не го добиле затоа што си заминале во друга фирма, појаснува Хавзиу.
Тој вели дека податоците за пријавите од работници за неисплата на регресот ги сумирале до вчера, како што биле задолжени од Владата, а од наредната недела би имале комплетна информација која ќе ја рпезентираат во Владата и ќе ја објават на веб-страницата на Инспекторатот.

На проблемот дека работниците остануваат “со куси” ракави и покрај тоа што инспекторите казнуваат укажуваат и во невладината организација Гласен текстилец од Штип. Претседателката на оваа организација, Кристина Ампова информира и дека брзо расте бројто на работници кои се охрабруваат да пријават проблеми со К 15, па годинава имале над 100 пријави, за кои изработиле барања до трудовиот инспекторат. Дел од нив биле анонимни, но имало и голем број лица кои само телефонски се консултирале и сакале самите да пријават во инспекторатот. Ампова посочува дека работниците не поднесуваат тужби до судовите затоа што тоа се долги и скапи процедури, ниту пак преземаат некои чекори во врска со тоа што им бил исплатен регрес па морале да го вратат, зашто тоа е кривично дело, кое за да го докажат мора да имаат сведоци меѓу колегите. Но, вели дека веќе не им се обраќаат само тектстилни работници како порано.

Имаме јавувања и од вработени во градежни и други фирми, не само од текстилни. Отприлика, имавме јавувања од вработени во четириесетина компании. Освен од Штип и Источниот регион, помош од нас бараат и работници од Виница, од Скопје и од други градови, информира таа.

Ампова вели дека добар дел од јавувањата се за исплатени мали суми за К-15. Таа додава дека во тие случаи одговорот е дека се е регуларно, со оглед на тоа што е дозволено фирмите кои работат со финансиски тешкотии да исплаќаат помал регрес од минимално пропишаните 9.600 денари.

Тоа е дефект на колективниот договор. Годинава се менува законот за работни односи, па треба да се донесе и нов колективен договор и синдикатот има можност да го реши овој проблем. Сега некои работодавачи исплатуваат минимални суми, зашто колективниот договор го дозволува тоа во компаниите кои работат со финансиски проблеми. Потребен е само потпис од синдикалецот или од претставник на работниците каде што нема синдикат, а тој потпис обично го става работник близок до диркторот и така се станува регуларно, појаснува Ампова.

Таа смета дека проблемите со исплатата на К-15 може многу лесно да се решат и без реакциите на работниците, зашто Управата за јавни приходи ги има сите податоци за нивните примања, само треба да ги издвои тие за регресот за годишен одмор.

Промовирани огласи »

Нето плата од 53.000 денари + атрактивни бонуси! Еден на Еден вработува HEAD OF ACCOUNTS/OPERATIONS: https://kariera.mk/job/JeayV5uAZkOU1dFMCK_92A/head-of-accounts-operations

Нептун со отворени работни места за ПРОДАВАЧ/КАСИЕР во Битола и Гостивар: https://kariera.mk/company/a_4kH0fGO0mBAx4EuG4jhQ/neptun-makedonija

Реномирана и успешна компанија бара ДИРЕКТОР ЗА ПРОДАЖБА: https://kariera.mk/job/FHlE5wWBKkKzdl9L1kc2tQ/direktor-za-prodazhba?fbclid=IwAR07E4VqW9xBP4-jaHHDcgTgXRtbWVn8oGFnj4sypr9tpfmUIgLHgA9EeHY

Флексибилни работни саати и висока плата за позицијата CHIEF TECHNOLOGY OFFICER во Кеитаро: https://kariera.mk/job/F6oRV8EkTkicurvvAypB6g/cto?fbclid=IwAR1Q4U-HM_sWzDPrP6OHgxMiYgv71f_N5IW85fyaNwk9kpxuB4K_OhdmtJ8

Интернационална маркетинг агенција бара ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР кој е креативен, амбициозен и мотивиран за работа во динамична средина: https://kariera.mk/job/k1bYOmvOzU2BuJ1EplkKUw/grafichki-dizajner

Вработете се како ТУРИСТИЧКИ РАБОТНИК во Фибула Ер Травел: https://kariera.mk/job/wdq1hU3KAEmBoAFEXrz8Vg/turistichki-rabotnik

Доколку сте заинтересирани за работа со пола работно време, аплицирајте за ПРОДАВАЧ/КА во продавница за здрава храна: https://kariera.mk/job/1mqkHJh2Y0aahpAKfjd3Jw/prodavach-ka-vo-prodavnica-za-zdrava-ishrana-pola-rabotno-vreme

ССС - отворена работно место за МАГАЦИОНЕР: https://kariera.mk/job/hivFe8iQq0OxJ74Z_FeRFg/magacioner-vozach?fbclid=IwAR2a_0YO6-yCctJXsmPRt1qoRTJAvsFGvDLshPO1k4me_AiUyOFXegZl-Qo

Промовирани огласи »

Градот  Скопје, како една од мерките против загадувањето на воздухот, денеска го објави јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за купување инвертери и други современи уреди за затоплување.

Со јавниот повик се опфаќаат сите инвертер клима уреди кои се купени од 1 јануари 2019 година и ќе трае заклучно со 30 ноември 2019 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена.

Субвенционирањето на граѓаните на подрачјето на Град Скопје за набавка на посовремени уреди за затоплување за 2019 година ќе се финансира од Буџетот на Град Скопје за 2019 година. Висината на субвенцијата ќе биде  во износ од 50% од вредноста на уредот, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход, додека јавниот повик ќе се реализира согласно со принципот „прв дојден прв услужен“.

На Јавниот повик немаат право на учество жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект со приклучок на градско централно греење  без оглед на тоа дали го користат, кои имаат можност за приклучување на системот за централно греење, како и жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект во фаза на градба и не живеат во истиот.

Промовирани огласи »

Градот  Скопје, како една од мерките против загадувањето на воздухот, денеска го објави јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за купување инвертери и други современи уреди за затоплување.

Со јавниот повик се опфаќаат сите инвертер клима уреди кои се купени од 1 јануари 2019 година и ќе трае заклучно со 30 ноември 2019 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена.

Субвенционирањето на граѓаните на подрачјето на Град Скопје за набавка на посовремени уреди за затоплување за 2019 година ќе се финансира од Буџетот на Град Скопје за 2019 година. Висината на субвенцијата ќе биде  во износ од 50% од вредноста на уредот, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход, додека јавниот повик ќе се реализира согласно со принципот „прв дојден прв услужен“.

На Јавниот повик немаат право на учество жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект со приклучок на градско централно греење  без оглед на тоа дали го користат, кои имаат можност за приклучување на системот за централно греење, како и жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект во фаза на градба и не живеат во истиот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »