Промовирани огласи »

Телекомуникациската компанија Vip успешно воведе електронска фактура со дигитален потпис, уште еден проект со кој ја засилува дигиталната трансформација во општеството. Имплементацијата на проектот е во соработка со македонската компанија Некстсенс.  Со употреба на Nextsense Signing Server се овозможи дигитално потпишување на електронските фактури. Освен за оваа намена, решението за дигитално потпишување на Некстсенс, преку интеграција со други компаниски системи, ќе овозможи и аплицирање на дигитален организациски печат и/или временски жиг и во други апликации кои користат дигитални документи.

Решението за  дигитален електронски потпис на месечната сметка за комуникациски услуги им  овозможува на бизнис корисниците на Vip да добиваат фактури со гарантирана автентичност, интегритет на содржината и еднаква легитимност како и печатените фактури кои ги добиваа досега. Ова решение е целосно во согласност со Законот за ДДВ член 53-б и овозможува ефикасно книжење и евиденција на сметките и на документацијата за компаниите.

“Како компанија сме постојано насочени кон обезбедување на подобро корисничко искуство, што во овој случај резултира со заштеда на време за компаниите со што истите можат да ја подобрат својата ефикасност. Дополнителна придобивка од електронската сметка е можноста за лесна навигација низ различните сегменти на фактурата и до прегледот на услуги за секој мобилен или фиксен претплатнички број”, изјави Димитар Димитров, Директор на одделот за грижа за корисници во Вип.

Како членка на Телеком Австрија Групацијата, која опслужува над 25 милиони задоволни корисници во осум земји во Европа, Vip e меѓу првите компании со целосно дигитализиран процес кој ги инкорпорира сите неопходни стандарди и закони релевантни за дигитални документи.

Промовирани огласи »

Англија – Сопственикот на „Амазон“ Џеф Безос е најбогатиот маж во светот, чиј имот се зголемил за 19 милијарди долари во последната година и сега изнесува 131 милијарда долари, објави „Форбс“.

Списанието наведува дека она што не е познато е дали Безос ќе биде симнат од „тронот“ на најбогатите по разводот од долгогодишната сопруга Макензи. Доколку тие немаат предбрачен договор, тогаш законите предвидуваат поделба на семејниот имот на еднакви делови.

Најбогата жена во светот е Франсоаз Бетанкур Мејер, наследничка на козметичката империја Лореал, со богатство од 49,3 милијарди долари.

Контото на 65-годишната Бетанкур Мејер е значително зголемено во текот на минатата година и тоа за 7,1 милијарда долари, односно 17 проценти. Таа е единствената ќерка на Лилиан Бетанкур, која во текот на 14 години ја имаше титулата „најбогата жена во светот“, пред да почине во 2017 година. Во заедничката класификација на најбогатите луѓе во светот, Франсоаз Бетанкур Мејерс е на 15. место.

Промовирани огласи »

Поскапи нафтени деривати ќе плаќаат во следните две недели возачите.

Ова станува јасно од последната одлука на регулаторната комисија за енергетика која реши да ги поскапи бензините и дизелот.

Тоа значи дека бензин  „супер 98“  ќе се точи поскапо за два денари или ќе чини 66,50 денари, додека пак „супер 95“ поскапува исто толку и ќе чини 64,50 денари.

Од друга страна, дизелот бележи скок на цената од еден денар а тоа значи дека ќе чини 61,00 денари за литар.

Новите цени стапија на сила ноќеска и ќе бидат важечки во следните две недели.

Промовирани огласи »

Со 23 гласа „за“ и 11 „против“ Одборот на Европскиот парламент вчера донесе резолуција со која од 2021 година во цела Европска унија ќе се укине летното и зимското сметање на времето.

Земјите-членки сега треба да се координираат и до април 2020 година да одлучат дали ќе останат на зимско или летно сметање на времето.

Според направените анкети, 84 проценти од Европејците се изјаснија да не се менува времето во летно или зимско, односно да има само едно сметање на времето како пред 1976 година, 56 отсто сакаат да остане летното сметање, додека 36 проценти на зимското сметање на времето.

Промената на времето, воведена во 1976 година, отсекогаш беше критикувана. Во септември 2018 година, претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, по консултација со неколку милиони европски граѓани, предложи во Европската унија да се запре со промената на времето во зимско и летно сметање.

Последната промена на времето требаше да биде на 1 април 2019 година. Но, европските министри за транспорт, кои се состанаа на 3 декември 2018 година, ја разгледуваа можноста, датум за напуштање на овој систем, да биде одреден дури во 2021 година. На крајот од координативното дејство, секоја земја-членка ќе мора да избере дали да остане на летното или зимското сметање на времето.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »