Македонците не веруваат дека преку оглас може да се најде работа, иако постојано се објавуваат различни огласи кои бараат работници.
Тие сметаат дека во Македонија работа најчесто се добијва по пријателска, роднинска или пак партиска врска.
Јас сум дипломиран економист од пред 5 години. Нема број на колку огласи досега имам аплицирано. Работев на две места. Првиот пат работев во една приватна фирма, по препорака на пријателка, а сега работам исто во приватна градежна фирма, во која работеше татко ми пред да влезе во пензија, па со многу врски, успеав да се вработам таму. Не верувам дека кај нас може така лесно да се најде работа преку оглас. Сите огласи се пуштени само заради некој ред. А често се случува и некој веќе да работи на тоа место, раскажува Наташа од Влае.
Јас се вработив, со помош на роднини. Односно, братучед на татко ми е сопсвеникот на фирмата каде што работам, па така успеав да добијам работно место. Инаку воопшто не е лесно да работиш кај свој човек. Колку пати сум сакала да се спротиставам, но не можев. Аплицирам и на други места кои ги гледам на огласите, но тешко. Никој досега ми се нема јавено, вели Маја од Ѓорче.
Јас сум вработен преку оглас. Ама искрено не верувам дека толку лесно може да најде работа преку огласите. Јас најдов работа, бидејќи е за 200 евра. Така е во нашата татковина за жал, вели Никола.
Многу вакви примери, некои ги доживеале на своја кожа кои и покрај активното барање на работа, следење огласи, не успеале да се вработат.