Промовирани огласи »

Секојдневно се повеќе се зголемува бројот на електрични возила по скопските улици. Според искуството на градската администрација на градот Скопје електричните автомобили се полнат со обичен приклучок 10 часа, а со посебен приклучок за 4 часа.

Зголемувањето на бројот на електрични возила на улиците, неопходно е да биде проследен со зголемување на бројот на станици за полнење на ваквите возила. Најголем хендикеп на електричните возила е малиот радиус на движење, а единствен начин за надминување на овој проблем е добро распространета и достапна мрежа на станици за брзо полнење на возилата низ државата.

ЕВН во соработка со општините веќе започна иницијатива „Електромобилност со ЕВН“ со цел развој на инфраструктура за полнење неопходна за поголемо користење на електрични возила во секојдневниот живот.

Покрај полнењето во своите домови, за да можат да патуваат на поголеми дистанци, на сопствениците на електрични возила им се потребни и полначи достапни на јавни површини. Полначите е неопходно да се поставени во правецот на движење на возачите и на дистанци до 100 километри еден од друг.

Полначи за електрични возила веќе неколку години има во двете катни гаражи „Тодор Александров“ и „Македонска фаланга“, пред бараките на градот Скопје, како и на паркингот пред зоолошката градина.

Од ЕВН информираат дека се поставени над 40 станици за полнење електрични возила на централни јавни локации во 17 града во Македонија.

Заинтересираните сопственици на електрични возила за да ги користат полначите најпрво треба да се пријават за електронска картичка, додека користењето на електричните полначите во период од една година, како што најавуата од ЕВН, е бесплатно за сите корисници.

Промовирани огласи »

Завршија јавната презентација и анкетата за деталниот урбанистички план градска четврт И09 – нова железничка станица во делот за општината Центар, пишува Нова Македонија.

Бидејќи планот опфаќа и дел за Аеродром и за него допрва ќе следуваат јавна презентација и анкета. Центарци веќе ги дадоа своите забелешки, барем оние што го видоа планот и сега им останува на надлежните да ги сумираат, анализираат и евентуално да ги вградат во предвидениот план. Планот опфаќа површина од 8,51 хектари во градската четврт нова железничка станица. Се предвидува изградба на нови станбени и деловни објекти, зелени површини и единици за здравствена и социјална заштита. Притоа, во делот на општината Центар планот предвидува инфраструктура и станбени згради, а во делот на општината Аеродром големи трговски единици и единици за здравствена и социјална заштита, а истиот тој предвидува и паркови и зеленило на територијата на двете општини.

Конечниот предлог-план по деталниот урбанистички план градска четврт И09 за новоформираната градска четврт беше на јавна презентација во просториите на општината Центар. Граѓаните можеа да видат и кои се границите на опфатот. Северната граница се движи по оската на булеварот Кузман Јосифовски-Питу, на југоисток границата оди по должината на улицата Борис Кидрич. Југозападната границата се движи по оската на Третата македонска бригада и на северозапад по крајната линија на улицата Никола Карев, која оди во иста линија со Железничката станица и Маџир Маало.

– Со планот се предвидени нова инфраструктура и нови станбени објекти за колективно домување, односно згради. Предвиденото зеленило во рамките на ДУП-от е во обем што би бил можен со постојната состојба, односно таканареченото парковско и заштитно зеленило. На ова место е предвидена изградба на шест објекти со катност П+7, со исклучок на постојниот објект, кој е со катност П+4. Станува збор за објекти за колективно живеење со приземје и плус седум ката во висина, иако според генералниот урбанистички план општината можеше да дозволи П+12, приземје плус дванаесет ката, но одлучивме дека се доволно седум ката. Постојната зграда на тој дел е П+4, приземје плус четири ката, објект на кој му дадовме да се направи доградба. Објектите се блоковски решени – објаснуваат од општината Центар.

Оттаму додаваат дека јавната анкета на планот И09 за општината Центар заврши заклучно со 27.2.2019 година. По сумирањето на сите забелешки што ги доставиле граѓаните, истите тие ќе се анализираат, сумираат и евентуално – ќе се вметнат во идниот план.

Од општината Аеродром сѐ уште не ја завршиле јавната анкета за својот дел и тоа допрва ќе го направат. Неофицијално дознаваме дека повеќето од забелешките на овој план се однесуваат на делот за Аеродром, бидејќи таму се предвидени комерцијални објекти, куќи, згради и хостели. Какви ќе бидат забелешките на аеродромци ќе се знае откако делот за Аеродром ќе ја помине јавната презентација.

– Овој план е заеднички со општината Центар. Делот од Центар беше ставен на јавен увид, а делот што се однесува на Аеродром ќе биде ставен на јавен увид набрзо кога на увид ќе бидат презентирани сите детали од страна на стручното лице – планерот, за што јавноста ќе биде навремено информирана – ни одговорија од општината Аеродром.

Досега само за мал дел од опфатот на овој план постоела планска документација, бидејќи со генералниот урбанистички план на градот Скопје од 2002 година овој опфат бил третиран како зона со намена на површини за сообраќај и врски. Со генералниот урбанистички план од 2012 година овој опфат ја менува намената и се формира градска четврт И09 – нова железничка станица.

Промовирани огласи »

Новиот автопат Штип-Миладиновци веќе е пуштен во пробна употреба.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев  најави дека неделава конечно ќе се пушти во употреба автопатот од Скопје до Штип.

Она што требаше да се сработи со кинеската компанија „Синохидро“ е готово и заврши во декември. Во тек се работите околу правењето на пристапните патишта што се прави со пари на Јавното претпријатие за државни патишта за да може сите населени места да се приклучат на автопатот. Ова не беше дел од кредитот и проектот со „Синохидро“. Тоа воопшто не било ни размислувано како ќе се случи. Сега и тоа е речиси завршено, така што автопатот ќе го пуштиме неделава – изјави за Дојче веле Анѓушев.

Од Министерството за транспорт и врски и ЈП за државни патишта за СДК, велат дека новиот автопат е пуштен во пробна употреба, до наредната година ќе бидат изградени и патарините кои што со основниот проект не биле предвидени, па бидејќи треба време за измени и тендери, дотогаш граѓаните ќе возат бесплатно. Едната патарина треба да се гради меѓу Кадрифаково и Три Чешми.

Промовирани огласи »

Со проектот за поврат на 15 проценти од ДДВ кој е најавен дека ќе стартува од 1 јули, премиерот Зоран Заев очекува дека на самиот старт граѓаните ќе добијат меѓу 60 до 100 милиони евра годишно.

Загубите од приходите на ДДВ, според премиерот, сега се движат околу 30 милиони евра, а штетата е уште поголема бидејќи се создава нелојална конкуренција.

Ќе имаме одличен систем и очекувањата се дека граѓаните ќе добијат меѓу 60 до 100 милиони евра годишно на самиот старт, а зависно од процентот на успешност, толку повеќе ќе раснат и вкупните пари што ќе одат кај граѓаните, но и во буџетот, рече Заев, додавајќи дека доцна синоќа имал состанок со претставници на Министерството за финансии и Управата за јавни приходи.

Со воведувањето на повратот на ДДВ се очекува граѓаните сами да бидат контролори и да добијат значителни приноси, но и да се подобри наплатата на ДДВ.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »