Промовирани огласи »

Nokia 3310 оваа година повторно ќе биде пуштена во продажба, а освен цената од околу 60 евра, досега не се знаеше многу за деталите за новата верзија на еден од најпопуларните мобилни телефони во минатото.

Според најновите информации, телефонот ќе добие екран во боја, а ќе има и опции што не беа достапни кај оригиналната верзија.

Дизјанот ќе биде речиси идентичен, со тоа што новата Nokia 3310 ќе биде потенка и ќе биде полесна. Копчињата ќе бидат исти, па веројатно сурфањето на интернет нема да биде мнгу лесно.

Претпоставките се дека новата Nokia 3310 ќе биде премиерно претставена на 26 февруари на претстојниот Mobile World Congress.

Промовирани огласи »

Ова е прва ТВ реклама за ВИП изработена од агенцијата Меккен Скопје која пред неколку недели го презеде и креативниот и продукциски дел за овој акаунт од агенцијата Футура 2/2 која долги години беше задолжена за изработка на креативните содржини за операторот.

“Кога агенцијата и клиентот имаат одлична хемија, заедно прават големи нешта. Ние не притискаме пауза, продолжуваме понатаму!“ – се вели во најавата од Меккен при промоцијата на првата реклама за ВИП која можете да ја погледнете во продолжение:

Промовирани огласи »

Микаила Улмер има само 12 години, но е милионерка и знае се за бизнисот со пчели! Исто така е и главен говорник, филантроп, и сопственичка на фирмата  „Me & The Bees“ (Јас и пчелите) која произведува лимонада.

Се работи за пијалок кој девојчето го развило од рецептот на баба си кој датира од 1940 година, а од него направила национален бизнис.

Откако ја освоила првата награда и 60 илјади долари, во хит емисијата Shark Tank, посветена токму на претставување на нови производи, лимонадата на малата Микаила се наоѓа на полиците во 55 продавници од познатиот ланец  Whole Food, кој се занимава со продажба на органски производи.

Работам после училиште и откако ја завршам домашната работа, а за викенд и целиот распуст сум посветена само на тоа, рекла Микаила за Nbcnews. Се почнало кога Микаила имала четири години, кога во текот на една недела два пати ја каснала пчела.

Беше баш болно. И почнав да се плашам од пчел, се сеќава девојчето во интервју за NBCBLK.

За да ја расположи, мајката на Микаила Деандра ја убедила да направат мала истрага на интернет и тогаш наишле на податок дека пчелите во наредните години можеби ќе изумрат.

Иако убодите ја болеле, Микаила ја фатило жал за вредните инсекти, па одлучила да почне да прави лимонада со мед наместо со шеќер и вештачки засладувачи. Во разговор со мајката, сфатила дека тоа е здрав избор за луѓето, а воедно и пчелите ќе се сочуваат од изумирање.

Освен што е вредна, ова девојче има и добро срце. Таа донира еден дел од своите приходи од продажба на локалните организации кои се залагаат за чување на пчели.

Минатата година, пчеларите изгубија дури 40 отсто од своите кошници. Пчелите изумираат. Ако исчезнат целосно, на луѓето ќе им останат само четири години живот, предупредува Микаила.

Малата претприемничка денес патува и држи работилници на кои едуцира како луѓето да ги сочуваат пчелите.

Импресионирана сум како таа успева да ги заврши школските обврски кога патува толку многу. Има дарба за јавен говор, но она што сум најмногу горда не е само што е паметна и зборлеста, туку што е и добра личност и што е љубезна кон луѓето. Тоа е поважно од бизнисот“, рекла гордата мајка Деандра.

Микаила моментално се занимава со пронаоѓање на нови вкусови на својата лимонада, како би ги унапредила своите производи и продажба, а во јуни патува во Африка каде што ќе ги едуцира децата на свои години за претприемништвото.

Минатата година го запознала екс претседателот Обама, кога била гостин во Белата куќа на традиционална детска вечера.

Промовирани огласи »

„Viber“, една од водечките апликации за размена на пораки, најави дека на почетокот на март ќе претстави нови функции од областа на електронска трговија која на неговите корисници ќе им овозможи купување на бараните производи и брендови - непосредно додека разговарате со пријателите.

Во создавањето на оваа револуционерна функција, „Viber“ се потпре на експертските знаења на нејзиниот сопственик - компанијата „Rakuten“, светски гигант во областа на електронската трговија.

Шопингот е една од омилените активности за корисниците на мобилни уреди. Последните истражувања покажуваат дека повеќе од половина сопственици на паметни телефони ги користат истите за набавка и слични активности, а 66% од нив тоа го прават најмалку еднаш неделно. Сепак, секој кој некогаш купувал преку неговиот мобилен уред, ќе ви каже дека тоа е прилично напорно. За да купувате преку мобилен телефон, ќе морате постојано да влегувате и излегувате од разни апликации - шопингот на паметен телефон е спротивно од забавата и дружењето кога купувате низ град.

Меѓутоа, преку функцијата која ја нуди „Viber“, добивате чувство на заедничко доживување на оние кои ќе купуваат преку мобилен телефон. Преку пребарување и размена на информациите за посакуваниот артикл, до директна комуникација со омилените брендови, „Viber“ ќе ви понуди начин сето тоа да го направите од едно место. Отсега, корисниците ќе можат да купуваат со притискање на почетното копче на екранот за размена на пораки.

Потоа ќе им биде претставен спектар на водечките брендови, што ќе им овозможи пребарување на нова роба и богата содржина во самото прозорче додека разговараат со пријателите - кои ќе можат да ги дадат своите коментари. Исто така, корисниците ќе можат да примаат и директни пораки од самиот бренд кој ќе го изберат.

Комуникацијата преку мобилните апликации се наоѓа во рана фаза. Со воведување на функцијата за електронска трговија, „Viber“ на корисниците им овозможува на корисниците да уживаат со пријателите со неколку допири на екранот. Ова е првиот чекор на една доста интересна мисија која ќе ја исполниме заедно со нашите корисници, а во таа смисла очекуваме да напредуваме, вели Џамел Агауа, главниот извршен директор на „Viber“.

Новата функција за инстант шопинг ќе биде активна во својата бета верзија само во Америка од 6 март, додека нејзиното постепено воведување во употреба ширум светот се очекува во текот на следната година.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »