Промовирани огласи »

Микаила Улмер има само 12 години, но е милионерка и знае се за бизнисот со пчели! Исто така е и главен говорник, филантроп, и сопственичка на фирмата  „Me & The Bees“ (Јас и пчелите) која произведува лимонада.

Се работи за пијалок кој девојчето го развило од рецептот на баба си кој датира од 1940 година, а од него направила национален бизнис.

Откако ја освоила првата награда и 60 илјади долари, во хит емисијата Shark Tank, посветена токму на претставување на нови производи, лимонадата на малата Микаила се наоѓа на полиците во 55 продавници од познатиот ланец  Whole Food, кој се занимава со продажба на органски производи.

Работам после училиште и откако ја завршам домашната работа, а за викенд и целиот распуст сум посветена само на тоа, рекла Микаила за Nbcnews. Се почнало кога Микаила имала четири години, кога во текот на една недела два пати ја каснала пчела.

Беше баш болно. И почнав да се плашам од пчел, се сеќава девојчето во интервју за NBCBLK.

За да ја расположи, мајката на Микаила Деандра ја убедила да направат мала истрага на интернет и тогаш наишле на податок дека пчелите во наредните години можеби ќе изумрат.

Иако убодите ја болеле, Микаила ја фатило жал за вредните инсекти, па одлучила да почне да прави лимонада со мед наместо со шеќер и вештачки засладувачи. Во разговор со мајката, сфатила дека тоа е здрав избор за луѓето, а воедно и пчелите ќе се сочуваат од изумирање.

Освен што е вредна, ова девојче има и добро срце. Таа донира еден дел од своите приходи од продажба на локалните организации кои се залагаат за чување на пчели.

Минатата година, пчеларите изгубија дури 40 отсто од своите кошници. Пчелите изумираат. Ако исчезнат целосно, на луѓето ќе им останат само четири години живот, предупредува Микаила.

Малата претприемничка денес патува и држи работилници на кои едуцира како луѓето да ги сочуваат пчелите.

Импресионирана сум како таа успева да ги заврши школските обврски кога патува толку многу. Има дарба за јавен говор, но она што сум најмногу горда не е само што е паметна и зборлеста, туку што е и добра личност и што е љубезна кон луѓето. Тоа е поважно од бизнисот“, рекла гордата мајка Деандра.

Микаила моментално се занимава со пронаоѓање на нови вкусови на својата лимонада, како би ги унапредила своите производи и продажба, а во јуни патува во Африка каде што ќе ги едуцира децата на свои години за претприемништвото.

Минатата година го запознала екс претседателот Обама, кога била гостин во Белата куќа на традиционална детска вечера.

Промовирани огласи »

„Viber“, една од водечките апликации за размена на пораки, најави дека на почетокот на март ќе претстави нови функции од областа на електронска трговија која на неговите корисници ќе им овозможи купување на бараните производи и брендови - непосредно додека разговарате со пријателите.

Во создавањето на оваа револуционерна функција, „Viber“ се потпре на експертските знаења на нејзиниот сопственик - компанијата „Rakuten“, светски гигант во областа на електронската трговија.

Шопингот е една од омилените активности за корисниците на мобилни уреди. Последните истражувања покажуваат дека повеќе од половина сопственици на паметни телефони ги користат истите за набавка и слични активности, а 66% од нив тоа го прават најмалку еднаш неделно. Сепак, секој кој некогаш купувал преку неговиот мобилен уред, ќе ви каже дека тоа е прилично напорно. За да купувате преку мобилен телефон, ќе морате постојано да влегувате и излегувате од разни апликации - шопингот на паметен телефон е спротивно од забавата и дружењето кога купувате низ град.

Меѓутоа, преку функцијата која ја нуди „Viber“, добивате чувство на заедничко доживување на оние кои ќе купуваат преку мобилен телефон. Преку пребарување и размена на информациите за посакуваниот артикл, до директна комуникација со омилените брендови, „Viber“ ќе ви понуди начин сето тоа да го направите од едно место. Отсега, корисниците ќе можат да купуваат со притискање на почетното копче на екранот за размена на пораки.

Потоа ќе им биде претставен спектар на водечките брендови, што ќе им овозможи пребарување на нова роба и богата содржина во самото прозорче додека разговараат со пријателите - кои ќе можат да ги дадат своите коментари. Исто така, корисниците ќе можат да примаат и директни пораки од самиот бренд кој ќе го изберат.

Комуникацијата преку мобилните апликации се наоѓа во рана фаза. Со воведување на функцијата за електронска трговија, „Viber“ на корисниците им овозможува на корисниците да уживаат со пријателите со неколку допири на екранот. Ова е првиот чекор на една доста интересна мисија која ќе ја исполниме заедно со нашите корисници, а во таа смисла очекуваме да напредуваме, вели Џамел Агауа, главниот извршен директор на „Viber“.

Новата функција за инстант шопинг ќе биде активна во својата бета верзија само во Америка од 6 март, додека нејзиното постепено воведување во употреба ширум светот се очекува во текот на следната година.

Промовирани огласи »

Каде во светот издршката на живот е највисока? Одговор на ова прашање дава ново истражување на компанијата „MoveHub“, која им помага на луѓе кои цврсто одлучиле да живеел надвор од својата земја.

При составувањето на листата се користат индикатори за разни трошоци како овие намирници, транспорт, кирии и домување, посета на ресторан.

Потоа податоците се подредени во индекс, а за репер во него е земен Њујорк - еден од најскапите градови во светот. Њујорк добива во индексот 100 поени, па државите се подредени во однос на трошоците за живот во американската метрополитска област.

Видете кои земји спаѓаат во Топ 15 по скап живот:

15. САД - 58,59 поени

Њујорк може и да е репер за рангирање, но генерално животот во САД е значително поевтин, особено во помалите населени места, за разлика од мегаобласти како Њујорк и Лос Анџелес.

14. Ирска - 59,56 поени

По гласањето за излегување на Британија од ЕУ, барањата од Британци за ирско државјанство значително се зголемуваат. Ова преместување сепак ќе ги чини поскапо бидејќи Британија е под број 29 во листата со 51,03 поени.

13. Данска - 60,01 поени

Данците се со највисока лична задолженост меѓу Европејците, со средно ниво на задолженост на домаќинствата од 265% во однос на нивните приходи, според податоците на Еуростат. И тоа не е изненадување поради високиот стандард и соодветно високите трошоци за живот.

12. Австралија - 62,39 поени

Многу голем дел од стоките во земјата се од увоз, што дава резултат во високите трошоци за живот.

11. Американски Девствени Острови - 62,56 поени

Егзотичните острови може и да се прекрасно место за живот, но и многу скапо.

10. Луксембург - 64,18 поени

Земјата често е на врвот на топ листите за најбогати нации што респективно значи и повисоки трошоци за живот.

9. Катар - 68,06 поени

Земјата е популарна за работа за странски државјани, приходите се високи, но голем дел од нив одат за трошоците за живот.

8. Обединети Арапски Емирати - 68,93 поени

Да, тоа е финансиски рај во пустината, но животот во Дубаи и Абу Даби воопшто не е евтин.

7. Бахамите - 73,63 поени

Карипската држава има типични проблеми за островска земја - стоките доаѓаат однадвор и увозот значително го надминува извозот, што се одразува и на трошоците за живот.

6. Норвешка - 74,47 поени

Скандинавските држави секогаш се во првите места по висок стандард на живот, што се одразува и во високи трошоци. Норвешка не само што не е исклучок, но е прва меѓу нордиските земји во тоа ниво.

5. Сингапур - 76,57 поени

Сингапур е првак во многу листи за бизнис, стандард на живот и работа за странски специјалисти. Да, тоа има своја цена.

4. Исланд - 80,47 долари

Одвоена географски, земјата има силен увоз и тоа ги поскапува стоките.

3. Хонгконг - 81,93 поени

Како финансиски центар и еден од најнаселените градови во светот, Хонгконг е и скапо место за живот.

2. Швајцарија - 90,68 поени

Швајцарија е репер за место за живеење со одлична развиена инфраструктура, здравство и чиста животна средина. Таа е најскапото место за живот во Европа.

1. Бермуди - 126,34 поени

Најскапото место за живот на планетата е и единствената земја каде е поскапо од Њујорк. Макар и да е даночен рај, островската земја е со високи трошоци, а престолнината Хамилтон е најскапиот град во светот.

Целата листа направена врз картата на светот, може да се види на сајтот на MoveHub.

Како што ќе забележите на мапата на Европа, Македонија е меѓу земјите со најниски трошоци за живот, до 20 поени во индексот. Тука се повеќето источноевропски држави.

Најевтино во светот е да се живее во Египет.

Промовирани огласи »

Втора година по ред, Entrepreneur во партнерство со CultureIQ, прават истражување за откривање на најдобрите канцелариски култури низ Америка.
После речиси две децении фокусирање на регрутација и вработување, бизнисот на Tom Gimbel кој е лоциран во Chicago, минатата година додаде нова услуга во неговата структура: советување за култура. Го прашавме Gimbel да сподели со нас неколку негови совети.

Која е најголемата грешка што основачите ја прават кога сакаат да ја подобрaт нивната култура?

Тие се опседнати со бонуси - да организираат забава, да одржат некој заеднички настан, да дозволат престој на домашните миленичиња на работното место. Бонусите се лесни за добивање, но бонусите не се дел од културата како што шлагот е дел од тортата.

Каде треба точно да почнува?

Разговарајте со вработените, но не само со менаџментот на Човечки Ресурси (HR). После обуката и разговорот, следната причина што го менува обликот на културата е средниот менаџмент.  Имаме совет составен од прилично нови вработени, се среќаваме со нив два пати по петнаесет минути и зборуваме за култура. На менаџерските состаноци, посветуваме најмалку 25 проценти од времето за дискусии во врска со културата.

За што конкретно разговарате на состаноците за култура?

Вистинското прашање не е: "Дали ова е интересно место за работа? ", туку: "Кои се луѓето на кои им e потребен развој?", "Кое е работното темпо на секоја група?".

Да кажеме дека имате создадено план за работа. За колку брзо време очекувате резултати?

Ако имате план создаден врз основа на одговорност, тимска игра, обука и развој, ќе ги видите сучтинските промени на подкултурата во период од 6 месеци. А пак, во период од 12 до 24 месеци, ќе почнете да ги забележувате промените во внатрешното работење и брендот на работодавачот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »