Промовирани огласи »

Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ (Public Room) од пладневните до доцните вечерни часови е исполнет со дизајнери, претприемачи, презентери и предавачи, како и со вљубеници во естетската страна на секојдневниот живот.

Активностите на 25 ноември (петок) ќе почнат во 14 часот со три последователни презентации. Прва ќе се одржи презентацијата „Кофинансирачки грантови за новооснованите претпријатија“ (Co-financing Grants for Newly Established Enterprises), а ќе ја водат презентерите Катерина Кречева од Фондот за иновации и технолошки развој, и Нина Нинеска од „Модулар Арт Дизајн“. Целта на презентацијата е да се даде детален опис на инструментите за добивање на кофинансирачки грантови за новооснованите претпријатија, старт-апи и спин-офи, вклучувајќи ја целта на одреден инструмент, критериумите за подобност, процесот на селекција и др.

Презентацијата на проектот „Practicing Design“ ќе почне во 16 часот, во Конференциската сала во „Јавна соба“, а презентацијата ќе ја одржат проф. Јана Манева-Чупоска, проф. Гордана Вренцоска, асс. проф. Зоран Ѓурески и Марта Наумовска Грнарова од „Завар дизајн“. Целта на проектот „Practicing Design“ е да се промовира работата базирана на учење и развивање на повеќеслојни и претприемачки вештини во дизајн-едукацијата со развивање и тестирање на сет од иновативни тренинзи. Прирачникот за практичните тренинзи е развиван со размена на знаења и искуства помеѓу седум регионални партнерски организации од три држави, Австрија, Хрватска и Македонија.

Во 17 часот ќе се одржи презентацијата на работилницата „Мапирање на градот – креативни пристапи на Скопје“ на холандските дизајнери Марк Ендрју и Кристијан Деген, кои заедно работат како „ЕндрјуДеген“, графичко и истражувачко дизајн-студио базирано во Амстердам, Холандија. Во форма на работилница, презентацијата веќе ја имаат изведено на многу дизајн-фестивали и градови со светот, како Букурешт, Загреб, Дакар, Мексико Сити, Измир, Кејптаун, Хелсинки, а сега ја реализираат и во Скопје. Двајцата презентери во текот на Недела на дизајнот во Скопје соработуваат со локални дизајнери истражувајќи ги скопските катчиња. Учесниците во работилницата ќе развијат сопствени идеи базирани на социјални теми, лични искуства и ќе се обидат да го откријат уникатниот визуелен јазик на градот.

Во 20 часот ќе се одржи перформансот „Untie“ на македонскиот уметник со светски успех, Игор Јосифов. „Untie“ е кулминација на неговата ефикасност во работата и на животното патување во неговата еволуција како уметник.

Во ’Untie‘, јас сум задржан во средина, беспомошен и не можам да се ослободам. Моето тело е изложено на погледите од гледачите. Оваа метафора го отсликува уметникот како политичко тело, кое е заложник на материјализмот и ограничено од страна на структурирани простори. Костимот/инсталацијата е направен од ткаенина која е специјално создадена за користење на мојата техника на огнена рефлексија. Јас го насликав платното додека медитирав за моменталната состојба на светот. Во текот на процесот го обликувам пепелот од минатото и спомените што некогаш биле нематеријални, при соодветна реконструкција добиваат одредена форма“, вели Јосифов.


Џез-групата „Eyot“ од Ниш, Србија, на Недела на дизајнот во Скопје ќе настапи на 25 ноември, во 22 часот, со микс од повеќе албуми што досега ги објавиле, вклучувајќи и теми за албумот што го подготвуваат за објава во 2017 година. Однапред се радуваат на настапот и се надеваат на добра атмосфера.

На прашањето што го дава специфичниот израз на групата, текстот, пораката или изведбата, имајќи предвид дека еклектиката, односно миксувањето на жанровите е глобален процес во музиката, пијанистот и композитор во групата, Дејан Илијиќ, одговори:

Искреноста. Секој што ќе успее со текст или со музика да ја опише својата внатрешна состојба стигнува до својата специфичност. Потребно е време и групата да созрее, да го најде својот правец, и верувам дека тоа е еден од најголемите успеси на секој музичар.
Еклектиката е природна појава во развојот на човековата цивилизација, така и во музиката. Во денешното време на глобализација таа појава е забрзана, веројатно и поради интернетот, каде што е неминовно мешањето на идеи и влијанија, а така и спектарот на изрази се зголемува, што секако е позитивна работа за сите уметници и, воопшто, уметноста“, вели Дејан Илијиќ.

Групата досега имала само еден настап во Скопје со приватен карактер, а концертот на Недела на дизајнот во Скопје ќе биде нивниот прв официјален концерт. Скопје има посебно место во нивната кариера, бидејќи тука го снимиле својот прв студиски албум.
Неделата на дизајнот во Скопје е мултикултурна платформа фокусирана на дизајнот и иновациите која овозможува промоција, презентација, едукација, кулинарство и забава./крај/со/бб

Промовирани огласи »

Додека во САД со страсно нетрпение се очекува овој петок, во Македонија се почесто и помасовно е прифатен истиот, секако без оние негативни карактеристики за кои слушаме од другата страна на светот. Во Македонија „Црниот Петок“ е ден за шопинг, забава, дружење со најблиските, но и концепт, благодарение на кој, сите можат да ги купат подароците за претстојните новогодишни и божиќни празници по прифатливи цени.

Една од спецификите во овогодинешната реализација на „Црниот Петок“ е токму податокот што во Capitol mall овој концепт за прв пат ќе се реализира во текот на целиот викенд.

Веруваме дека ако екстензијата на овој ден, наместо во форма на 24 часа, ја трансформираме во 72 часа шопинг забава, ќе добиеме ефект на релаксирана и опуштена атмосфера, без притисоци и избрзани куповни одлуки. Водени од овој факт, заедно и со поддршка на закупците во молот, организиравме Црн Викенд, проследен со дј сетови, интересна понуда, примамливи попусти или специјално креирани пакет сетови со попуст со што повторно потврдуваме дека во фокусот на нашето работење се секако нашите посетители и нивните потреби, велат од Капитол Мол.

Релаксираното уживањето во попустите и шопингот ќе започне на 25-ти со шопинг сет на ДЈ Боби (Сити Радио) и ќе трае до 27-ми ноември. Работното време на Капитол Мол започнува од 8 часот и трае до 22 часот.

Промовирани огласи »

Сите ние сакаме да бидеме среќни со нашите животи (лични или професионални), постојат и многу истражувања за тоа што не прави среќни, но прашањето е како да бидеме среќни на нашето работно место?

Секој од нас треба да дефинира што го прави среќен, да направи еден чекор нанапред со цел да дојде до посакуваната промена.

Можеме ли да бидеме среќни на работа, иако истата не ја сакаме?

Ниедна работа не е наменета да ве направи несреќни. Праксата покажува дека предмет на среќа, поконкретно позитивна психологија, е нешто кон што сите трагаме и сакаме да дознаеме што повеќе.

Еве неколку совети кои може да ги примените:

Изгради своја дефиниција за среќа и задоволство на работното место

Што за тебе значи да бидеш среќен? Што е работно задоволство? Да бидеш вреднуван? Постигнување?

Дали е приоритен клиентот да биде задоволен? Секој има различна дефиниција за среќа.

90% од твојата среќа на долг период не зависи од надворешниот свет, него од тоа како твојот мозок гледа на светот.

Ако ја промениме нашата формула за среќа, можеме да ја промениме и нашата реалност

Ако промениме како ја мериме среќата, може и да ја постигнеме

Повеќето од нас мислат дека работата ќе не направи среќни. Ако достигнеме унапредување, ако извршиме зададени задачи дека ќе бидеме среќни.

Меѓутоа ако постигнувањето на овие цели ги гледаме како мерка за среќа, осудени сме да не бидеме среќни. Зашто?

Затоа што достигнувањето на овие работи ја отстранува целта и среќата постанува се подалечна.

Дали вашето здравје е добро?

Многу психолошки експерти го поврзуваат здравјето со емоционалната благодет,велат дека што подобро е нашето генерално здравје, посреќни ќе бидеме.

Затоа одвоете малку време,за или после работното време за малку вежбање. Тоа ќе го намали стресот го зголемува фокусот и прави да се чувствуваме посреќни.

Фокусирај се на позитивни работи

Отсрани ги негативните мисли како..."тешко е да пронајдеш некого", "зашто не гледаат колку сум добар"...

Ако се фокусурате само на позитивното ќе ја отворите вратата за среќа и на работното место.

Не одговарај на телефон по првото звонење

Наместо да одговорите на првото звонење земете воздух и почекајте до третото звонење.
Со чекање до третото звонење оставате простор за акција што во спротивно би било само реакција.

Бидете најдобар

Во тоа што го правите. Најдете начин да дадете се од себе. Поставете си свои високи стандарди.

Да се биде најдобар не е натпреварување, тоа е да се препознате во вашите вештини и да се биде горд на вашите способности.

Искористете ги вашите вештини. Малите работи ќе ве направат среќни.

Среќате е субјективна, тоа што е добро за вас можеби не е исто и за другите

Затоа е многу важно да бидете свесни што е тоа што ве прави среќни на работното место.

Повеќето од оние кои се среќни на работното место уживаат во она што го работат.

Ниеден ден не е ист како претходниот

Во секоја прилика гледајте на секој ден како нов ден,на секоја комуникација, секој настан.

Вие сте посилни од улогата и работата што ја имате. Вие одлучувате како ќе се чувствувате.

Правете го тоа што ве прави среќни

Правејќи го она во што уживате,ќе направи да се чувствувате дека денот е под ваша контрола.

Фокусирање на негативните работи не води кон добро,само ќе направи да се чувствувате несреќни.

Промовирани огласи »

Студентите од Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ја организираат четвртата студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој (СКЕЕОР).

На конференцијата, којa ќе биде отворена денеска во амфитеатарот на ФЕИТ, ќе се обратат деканот на ФЕИТ Димитар Ташковски, Мирјана Садиковиќ, претседател на СКЕЕОР и Маргарита Гиновска, координатор на Организацискиот одбор на СКЕЕОР.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »