Промовирани огласи »

Владата на Црна Гора ги усвои измените и дополнувањата на Законот за внатрешна трговија со кои се забранува работата на трговијата на големо и мало во недели и празници.

Позитивни вести за околу 37.000 вработени во трговскиот сектор, објави владата на Твитер.

Објектите потребни за непречено функционирање на општеството се изземени од ова правило, објавија црногорските медиуми.

Промовирани огласи »

Нова скулптура, насловена, Мајка Земја, од уметникот Андреј Митевски, осамна на скверот кај Ким , на Партизанска. Делото е посветено на загадувањето на сите нивоа, како и на се позачестените палења на се и сешто, во последниве недели.

Од една страна, скулптурата создадена со бројни центално поставени оџаци, испраќа порака за спас на Скопје како еден од најзагадените градови на светот и Македонија како една од земјите со најмногу диви депонии и ѓубришта и најзагадени реки во Европа. Од друга страна, скулптурата симболично повикува на крик против уништувањето на планетата на сите нивоа.

Самата скулптура ја преттавува планетата земја а во средишниот дел е сместена стилизирана маска која има лик на природата, односно мајката земја,Средишната поставеност на маската го симболизира повлекувањето на планената кон нејзината внатрешност.

Загадувањето, глобалното затоплување, ефектот на стаклена градина, уништувањето на морињата и окенаните ја уништува планетат. Целата скулптура всушност ја покажува загриженоста за планетата и процесите кои се одвиваат на неа, а маската е симбол на тоа како полека се гаси и затвора во себе, немоќна да го издржи притисокот на 8 милијарди луѓе кои во најголем дел работат во корист на сопствената штета.

Таа е дел од проектот „ Собери ѓубре- направи скулптура“,  на Андреј Митевски. Проектот го финансира Фондацијата Отворено општество- Македонија.

Промовирани огласи »

Град Скопје на повеќе локации низ метрополата планира да постави реквизити за забава и дружење – пинг-понг маси, маси за шах и за играње на табла.

За таа цел веќе беше распишан оглас за изработка на основен проект за поставување на првите реквизити на отворено. Според планот на Град Скопје првата пинг-понг маса, шах и табла за играње ќе бидат поставени во Аеродром за што беше и објавен јавниот повик.

-Конкретниот јавен повик е токму за изработка на основен проект врз кој подоцна би се набавиле и поставиле посочените реквизити на зелена површина во Аеродром, на бул. Јане Сандански (кај Палма). Тука е предвидено да се постават маси за пинг-понг, шах и табла, велат од Градот.
Според информациите од јавниот повик, изработката на основниот проект беше проценета на четири илјади евра.

Од Град Скопје информираат дека во буџетот за 2019 година се предвиени средства за изработка на основниот проект за поставување на пинг понг маси на отворено ( бетон, алуминиум и инокс), маси за шах на отворено и маси за играње табла на отворено.

Целта на проектот на повеќе локации на јавни површини е да се постават вакви реквизити кои би биле користени од страна на граѓаните. Изработката на основниот проект ќе ја утврди видот на реквизити, нивниот број и локации каде треба да се постават. Покрај средствата за основниот проект, Градот во буџетот за 2019 година предвидува и ставка од 3 милиони денари, односно околу 49 илјади евра за поставување на самите реквизити, додаваат од Градот.

Промовирани огласи »

Отворањето на автопатот Миладиновци-Штип е одложено бидејќи се прават последните безбедносни проверки, велат од Министерството за транспорт и врски.

Од Министерството на 6 март за САКАМДАКАЖАМ.МК изјавија дека автопатот ќе биде пуштен во употреба изминатиот викенд, но сега објаснуваат дека тоа ќе се случи штом завршат сите проверки, не прецизирајќи точен датум.

Сите градежни активности на автопатот Миладиновци-Штип односно сите три секции се целосно завршени. Важно е автопатот да биде пуштен во употреба и граѓаните истиот до го користат, но најважна е безбедноста на граѓаните. Овие денови се вршат последните безбедносни проверки и проценки на сите елементи од автопатот. Штом се заврши со овие последни проверки автопатот  ќе биде пуштен во употреба. Тоа ќе се случи наскоро во периодот кој доаѓа, велат од Министерството за транспорт и врски.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »