Промовирани огласи »

Колку првачиња ќе бидат запишани во следната учебна година ќе зависи од нивниот вакцинален картон. Министерот за здравство ќе бара во мај кога се уписите во училиште, да не биде примено ниту едно дете кое е  невакцинирано.

Дотогаш Филипче очекува да бидат направени законски измени во координација со образование и труд и социјала бидејќи и образованието и заштитата од заразни болести се задолжителни со закон.

Ќе инсистирам на тоа да не запишуваат невакцинирани, ќе изготвиме законско решение има простор за тоа а и Уставен во 2014 се изјасни во поглед на претставки од родители за вакцинацијата, вели Венко Филипче, министер за здравство.

Само во Скопје околу 1500 школски деца немаат примено ниту една доза на МРП.

Теренската вакцинација која беше спроведена во основните училишта во Скопје не ги даде очекуваните резултати. МРП примиле 290 ученици или само една четвртина од невакцинираните.

Засега невакцинирани деца не примаат во градинките, а таа мерка според здравствените власти ќе остане на сила и по завршувањето на епидемијата со морбили.

Промовирани огласи »

Нова тура поскапување на цигарите во Македонија.

Од минатата недела, во продавниците поголемиот број брендови цигари се продаваат за околу 5 денари поскапо. 

Согласно планот за зголемување на акцизите, за неколку години се очекува кутија цигари за чини скоро 300 денари.

Промовирани огласи »

Во организација на Општина Карпош, во просториите на У.З „Кузман Јосифоски-Питу“ во населбата Козле, денеска, се одржа презентација и јавна расправа за планот за управување со животната средина, за изградба на „Спортско адреналинскиот парк – Карпош“.

На средбата присуствуваа претставници од граѓанскиот сектор, бизнис секторот и локалната самоуправа кои се активни и работат во областа на одржливиот развој и животната средина, како и заинтересирани граѓани од Општина Карпош.

Презентацијата ја отвори заменик-раководителката на Секторот за развој на Општина Карпош, Александра Теова, која во оваа пригода ги образложи техничките аспекти на проектот.

Имено, овој проект е финансиран од Европската Унија, а имплементатор е Светската банка и Кабинетот на заменик-министерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, како дел од проектот за локална и регионална конкурентност. Поточно, ЕУ покрива 87% од вкупната вредност за реализација на проектот, или 47.238.993 денари, а Општина Карпош од својот буџет ги обезбеди останатите финансиски средства, односно 7.342.832 денари.

Изградбата на адреналинскиот парк кој ќе се протега на вкупна површина од 6.500 м2, се очекува да започне во мај годинава.  Притоа, ќе биде реконструирано детското игралиште на површина од 480 м2,  скејт-паркот на 1.100 м2, ќе биде изградено ново игралиште за одбојка и фудбал на песок, а атрактивниот адреналински парк за возрасни и деца ќе биде изграден на три нивоа, кој ќе се позиционира на површина од 1.600 м2.

Предвидено е просторот дополнително да биде облагороден со хортикултурно уредување, каде ќе бидат засадени повеќе од 100 дрвја. Ќе биде поставена и нова урбана опрема, клупи, корпи за отпадоци и лежалки за релаксација. Планирано е да се изгради и плато за одмор со мини сквер, а во околината ќе се постават тоалети и четири дрвени куќички за продажба на безалкохолни пијалоци. Просторот ќе го осветлуваат енергетско ефикасни ЛЕД- светилки со соларни панели.

Во рамки на презентацијата говореше и претставничката од Одделението за заштита на животната средина и природата од Општина Карпош, Марина Филиповска, која ги запозна присутните со сите аспекти на проектот и стандардите кои се применуваат, со цел да се одржи здравата животна средина.

По презентацијата се разви активна дискусија со присутните кои поставуваа прашања за одржливост на адреналинскиот парк и за техничките детали на проектот. Од аспект на урбанистичкото решение, на стручните прашања одговараше претставникот од Секторот за Урбанизам при Општина Карпош, архитектот Вангел Караиванов, кој воедно е и предлагач на неколку проектни идеи за спортско-адреналинскиот парк.     

Промовирани огласи »

Сите граѓани на Северна Македонија постари од 65 години, кои не ги исполниле условите за пензија и не работеле ниту ден, оваа година ќе добијат државна пензија.

Тоа нема да се однесува на оние кои се во брак или живеат во вонбрачна заедница, а чиј партнер веќе ужива пензија. Таа категорија граѓани, според Владата , не е социјално загрозена и нема да може да добива социјална пензија.

Законот за социјална сигурност на постари лица стигна во Собрание и за него ќе се гласа по скратена постапка. Имено, со него е пропишано државната социјална пензија да изнесува 6000 денари месечно или (96,7 евра) и еднаш годишно да се усогласува со трошоците на живот.

Услов за добивање на оваа пензија е лицето да биде државјанин на Северна Македонија и во земјава да живее во последните 15 години.

Покрај тоа, услов е граѓанинот да нема сопствен имот и имотни права од кои може да се издржува, да не е корисник на пензија или некој вид примања по основ на старост, инвалидност или издржување од друга држава...

Оние кои ќе примаат социјална пензија ќе имаат право и на надомест за греење во износ од 1000 денари (16 евра) од октомври до март. Не постои проценка колку луѓе ги исполнуваат условите ниту пак колку пари ќе се издвојат од буџетот за таа намена.

Социјалната пензија нема да ја исплаќа ПИО фондот , туку центрите за социјална помош.

Минималната пензија која ја исплаќа фондот на граѓаните кои работеле најмалку 15 години изнесува околу 8 800 денари (околу 142 евра), што е само 2800 денари (45 евра) повеќе од новата социјална пензија.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »