Промовирани огласи »

Статистички гледано можеби навистина е зголемен бројот на разводи за разлика од нивниот број во минатото, но тоа не значи дека треба да се изгуби вербата во вечна љубов. Сепак, постојат одредени професии кои се повеќе изложени на ризикот од распад на бракот за разлика од останатите.

Според едно британско истражување, докторите се разведуваат почесто. Во најризична категорија, во поглед на тоа дека работата им го уништува семејното гнездо, се танчарите, кореографите, шанкерите и физиотерапевтите. Имено кај нив постои веројатност од 40% дека ќе се разведат од животниот сопатник.

Болничарите, медицинските техничари, уметниците и спортистите се веднаш зад нив со 30% шанси да им се распадне бракот. Најмалку загрозени се браковите на инженерите со само 2% ризик од развод.

Во истражувањето се наведува дека бројот на работни часови, прекувремената работа и работата за време на викендот немаат големо влијание на бракот.

Авторите на истражувањето ги анализирале разведените или разделените парови со 449 различни професии. Директорот на агенцијата „Relation and Performance", Хамид Агини, сепак укажува дека не се застапени сите професии во ова истражување, и тоа баш оние кои се најголемите причинители на разводот, како што се политичарите, директорите или новинарите.

Тој додава дека професиите во кои состаноците и запознавањето нови луѓе се почести, се најголеми виновници за распадот на браковите.

Промовирани огласи »

Црна Гора се наоѓа меѓу европските држави кои се соочуваат со ризик за зголемување на јавниот долг, наведе Светска банка во новите Глобални економски прогнози.

Јавниот долг на оваа земја изнесува 2,3 милијарди долари, односно 58,84 проценти од бруто домашниот производ.

Ризик од зголемување на јавниот долг имаат и Албанија, Белорусија, Хрватска, Унгарија, Полска и Украина.

Состојбата со вкупниот долг на ентитетите на Босна и Херцеговина се влошува. Самиот долг е зголемен во текот на изминатите десет години, па на ниво на ентитетите се менуваа дури и закони кои го одредуваа горниот праг на задолженост, за да се подигнуваат нови кредити. БиХ е должна шест милијарди евра, односно 41,5 отсто од БДП.

Министерството за финансии на Србија соопшти дека сосотјбата со јавниот долг во декември минатата година изнесува 25,1 милијарда евра, односно 72,9 проценти од БДП.

Македонија има јавен долг од 3,4 милијарди евра, односно 38 отсто од БДП, а од регионот најмалку е задолжено Косово со 852 милиони евра или 14,47 проценти од Бруто домашниот производ.

Јавен или државен долг го сочинуваат средствата кои државата ги позајмувака за да го финансира дефицит.

Се работи за финансиски инструмент кој опфаќа елементи на јавни приходи и расходи, бидејќи во моментот на склучување на договорот за кредит тоа е приход, а во моментот на доспевање е расход за државата.

Промовирани огласи »

Списанието Fortune и консултантската компанија Korn Ferry Hay Group ја подготвија престижната листа „најпочитуваните компании во светот“. За последователна година првите десет места се окупирани од американски компании. Втора година по ред лидерот е ист.

За да биде изготвена листата, авторите земаат примерок од најголемите 1000 американски компании според големината на приходите, како и претставници на бизнисот надвор од САД од базата на податоци Global 500 со обрт најмалку 10 милијарди долари.

Во првата фаза се анализирани 680 компании од 51 сектори на економијата базирани во 28 држави. Вториот чекор е да се анкетирани менаџери на овие 680 компании, како и разни аналитичари. Тие ги рангираат компаниите на база на девет критериуми - од инвестициска вредност и квалитет на корпоративното управување на производи, социјална одговорност и способност за привлекување на таленти.

Крајниот пласман на 50-те реномирани компании се оформува по анкети со 3800 менаџери и аналитичари кои учествувале во секторските студии кои гласале за 10-те компании, на кои им се восхитуваат најмногу

10. Microsoft

Сектор: Компјутерски софтвер

Пазарна капитализација: 499.35 милијарди долари

9. Facebook

Сектор: Интернет услуги и трговија на мало

Пазарна капитализација: 318.98 милијарди долари

8. Southwest Airlines

Сектор: Авиокомпанија

Пазарна капитализација: 36.02 милијарди долари

7. General Electric

Сектор: Индустриски машини

Пазарна капитализација: 263.4 милијарди долари

6. Google

Сектор: Интернет услуги и трговија на мало

Пазарна капитализација: 251.9 милијарди долари

5. Disney

Сектор: Забава

Пазарна капитализација: 174.44 милијарди долари

4. Berkshire Hathaway

Сектор: инвестиции холдинг

Пазарна капитализација: 200.12 милијарди долари

3. Starbucks

Сектор: Food Services

Пазарна капитализација: 83.77 милијарди долари

2. Amazon.com

Сектор: Интернет услуги и трговијата на мало

Пазарна капитализација: 403.32 милијарди долари

1. Apple

Сектор: Технологија

Пазарна капитализација: 716.99 милијарди долари

Промовирани огласи »

По 86 години легендарниот њујоршки хотел „Waldorf Astoria“, еден од најреномираните во светот со прекрасно антре во стилот на арт-деко, и славни личности коишто можеа да се сретнат во лифтот од неговата „кула“, престанува да работи.

Од актерките Мерилин Монро до Грејс Клеи, од американските претседатели Херберт Хувер 1929/1933) до Барак Обама (2009/2017), преку сите челници минати и сегашни на планетата, коишто таму отседнуваа во текот на годишното Генерално собрание на Обединетите нации, ова здание коешто е отворено на 1-ви октомври 1931 година на Парк Авенија во срцето на Менхетен, има видено како во неговите луксузни апартмани и особено фалени тоалети во арт-деко стил до кваките на вратите, минува плејадата најславни и најмоќни личности на светот.

По 86 години, хотелот со повеќе од 1.400 соби и апартмани, во кој е и измислена 24-часовната услуга во соба, бил најголемиот на светот во времето кога е пуштен во употреба, всушност, хотелот се подготвува за огромно реновирање.

Кинеската осигурителна компанија „Anbang“, којашто го откупи од синџирот хотели „Hilton“ во 2014 година за 1,95 милијарди долари, започнува со големи работи на реновирањето од 1-ви март, коишто би требало според првичните процени да траат најмалку две години.

Засега за јавноста не е познат официјалниот план, но е познато дека голем дел од хотелот треба да биде преправен во супер луксузни апартмани, да биде поисплатлив, со низа продавници во приземјето, препуштајќи му на хотелскиот дел само мал простор од вкупната површина.

Хотелот „Waldorf Astoria“ од 1993 година е впишан на листата знаменитости на Њујорк, како што се „Empire State Building“ или мостот „Brooklyn“, така што фасадата не е доведена во опасност од нарушување. Меѓутоа, внатрешноста на зданието не е заштитено, па некои њујорчани се загрижени дека големата сала за танцување или влезниот мозаик засекогаш ќе исчезнат и покрај ветувањата на челниците на „Abnang“ дека ќе работат на реновирањето заедно со службите одговорни за зачувување на културното наследство.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »