Промовирани огласи »

Почитувани,
Ве известуваме дека на ден 14.03.2019г дека дефектот во парк шума Газибаба е завршен,
водоснабдувањето е нормализирано во 12:45ч завршено.

Промовирани огласи »

„Lucky days” во НЕПТУН од 14-18 март – Најголеми попусти на целиот асортиман!

„Lucky days” во НЕПТУН од 14-18 март – Најголеми попусти на целиот асортиман!

Нептун е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа во Македонија на производи од бела техника, апарати за домаќинство, телевизори, компјутери, лаптопи, телефони, производи за нега и убавина, апарати за ладење и греење. Нептун 20 години е присутна на македонскиот пазар и е застапена со 25 продажни салони во 21 град во Македонија. Со брендови во своето портфолио како Беко, LG, Samsung, Sony, Apple, Philips, Bosch, Asus, Huawei, Hitachi, Fuego и многу други, Нептун долго време е апсолутен лидер на пазарот во државава.

Компанијата е дел од бизнис кој постојано се менува каде секојдневно има некој технолошки новитет или некој понапреден модел. Сето тоа се причини поради кои Компанијата постојано го следи наметнатото брзо темпо и е во чекор со потребите на клиентите да ги имаат најновите парчиња технологија во исто време со европските пазари.

Дополнително, за најдобро можно купувачко искуство, Нептун нуди и широка палета на услуги на своите клиенти како лојална програма, инстант кредити, дополнителни гаранции, разни типови на достава, онлајн продажба и најновиот продукт кобрендирана кредитна и кешбек happy картичка. Со ова, потрошувачите во Нептун добиваат најдобро можно купувачко искуство преку одбрана селекција на производи со докажан квалитет и услуги кои што креираат дополнителна вредност.

Во периодот од 14-18 март во Нептун има голема акција „Lucky days” со најголеми попусти на целиот асортиман и шопинг до 48 рати со happy кредитот!

Овој „Lucky days” Нептун на потрошувачите им овозможува:

- НАЈГОЛЕМИ ПОПУСТИ на целиот асортиман

- Шопинг до 48 рати со haPPy инстант кредитот

- Кешбек од 2,4% при купување со кобрендираната haPPy MasterCARD

- За секоја кумулативна купопродажба во вкупна вредност од 30.000 денари се добива ваучер од 900 денари за идни купувања.

Целокупната понуда за “Lucky Days”, може да се разгледа на https://www.neptun.mk/

Промовирани огласи »

Нема уписи во прво одделение без примени вакцини?

Колку првачиња ќе бидат запишани во следната учебна година ќе зависи од нивниот вакцинален картон.

Колку првачиња ќе бидат запишани во следната учебна година ќе зависи од нивниот вакцинален картон. Министерот за здравство ќе бара во мај кога се уписите во училиште, да не биде примено ниту едно дете кое е  невакцинирано.

Дотогаш Филипче очекува да бидат направени законски измени во координација со образование и труд и социјала бидејќи и образованието и заштитата од заразни болести се задолжителни со закон.

Ќе инсистирам на тоа да не запишуваат невакцинирани, ќе изготвиме законско решение има простор за тоа а и Уставен во 2014 се изјасни во поглед на претставки од родители за вакцинацијата, вели Венко Филипче, министер за здравство.

Само во Скопје околу 1500 школски деца немаат примено ниту една доза на МРП.

Теренската вакцинација која беше спроведена во основните училишта во Скопје не ги даде очекуваните резултати. МРП примиле 290 ученици или само една четвртина од невакцинираните.

Засега невакцинирани деца не примаат во градинките, а таа мерка според здравствените власти ќе остане на сила и по завршувањето на епидемијата со морбили.

Промовирани огласи »

Поскапуваат цигарите во Македонија

Согласно планот за зголемување на акцизите, за неколку години се очекува кутија цигари да чини скоро 300 денари.

Нова тура поскапување на цигарите во Македонија.

Од минатата недела, во продавниците поголемиот број брендови цигари се продаваат за околу 5 денари поскапо. 

Согласно планот за зголемување на акцизите, за неколку години се очекува кутија цигари за чини скоро 300 денари.

Тагови: цигари

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »