Промовирани огласи »

Порталот HowAfrica објави попис на десет најсиромашни земји во Европа, односно држави кои се полоши и од афрички просек.

Авторите на текстот предупредуваат како за се е виновна рецесијата во која еврозоната влегла уште во 2008 а чии последици ги почуствувале бројни земји на Стариот континент.

10. Романија

Речиси 44 посто од населението живее во рурални предели, а таму владее сиромаштија.

9.Русија

Русија е очигледен пример на нееднаквост. Додека неколкумина уживаат во богатство, милиони се гушат во сиромаштија.

8. Хрватска

Авторите истакнуваат како во Хрватска е страшен константниот пораст на оние кои живеат под прагот на сиромаштија.

7. Белорусија

Иако во последно време е запрен понатамошен пад на животен стандард, уште тешко се живее.

6. Бугарија

Бугарија не се смета за само една од најсиромашните земји во Европската унија, туку и целокупниот Балкан.

5. Црна Гора

Иако нивната економија се заснова на ужасни дејности, Црна Гора во последно време дури бележи и лесен раст. Додека во 2003 оние кои живеат под прагот на сиромаштија било околу 12,2 посто, во 2010 тој процент паднал на 6,6 посто.

4. Србија

Корупцијата и лоша инфраструктра е рак рана на Србија. Речиси 1,3 милиони Срби живеат во сиромаштија, или едвај сврзуваат крај со крај.

3. Македонија се најде на трето место. Како и во Романија, и овде голем дел од населението живее во рурални подрачја. Две третини на населението кое живее на село се сиромашни.

2. Албанија

Застарена и неефикасна инфраструктура најмногу ја кочи Албанија во привлекување на странски инвестиции, и бизнис клима воопшто.

1. Босна и Херцеговина

Иако имаат навистина жестока конкуренција во околината, авторите на листата истакнуваат како количината на сиромаштија во БиХ е токму застрашувачка.

Промовирани огласи »

Обама во исто време го зголемил за 200 милијарди долари.

За прв месец на функцијата претседател на САД Доналд Трамп успеал да го намали американскиот државен долг за 12 милијарди долари. За истиот период за време на владеењето на Барак Обама обврските на САД пораснаа за 200 милијарди. Ова го соопшти самиот Трамп на својот профил на Twitter.

Објавувајќи ја веста, американскиот лидер истакна дека американските медиуми од непознати причини молчат за овој успех. Медиумите не објавија дека националниот долг за првиот месец од моето управување како претседател се скрати за 12 милијарди долари. Споредете го ова со 200-та милијарди, со што беше зголемен државниот долг во првиот месец на управувањето на Обама , напиша Трамп.

Промовирани огласи »

Xiaomi веќе потврди дека работи на наследникот на одлично дизајнираниот смартфон Mi Mix кој со ултра тенката рамка околу дисплејот ги изненади, а големо внимание привлече и со солидниот хардвер, перформанси и цена. Сега се појавија и првите информации за можните спецификации на Xiaomi Mi Max 2 кои се уште поспектакуларни.

Покрај огромниот дисплеј од околу 6 инчи со Quda HD резолуција, Mi Max 2 ќе работи со Snapdragon 660 процесор, 6GB RAM и 128 GB меморија. Батеријата ќе биде со неверојатни 5000mAh.

Поради големиот интерес за дизајнот на минатогодишниот Mi Mix, неговиот следбеник ќе биде претставен со речиси ист дизајн, па се надеваме и слична прифатлива цена, со тоа што овој пат ќе биде глобална достапен.

Промовирани огласи »

Статистички гледано можеби навистина е зголемен бројот на разводи за разлика од нивниот број во минатото, но тоа не значи дека треба да се изгуби вербата во вечна љубов. Сепак, постојат одредени професии кои се повеќе изложени на ризикот од распад на бракот за разлика од останатите.

Според едно британско истражување, докторите се разведуваат почесто. Во најризична категорија, во поглед на тоа дека работата им го уништува семејното гнездо, се танчарите, кореографите, шанкерите и физиотерапевтите. Имено кај нив постои веројатност од 40% дека ќе се разведат од животниот сопатник.

Болничарите, медицинските техничари, уметниците и спортистите се веднаш зад нив со 30% шанси да им се распадне бракот. Најмалку загрозени се браковите на инженерите со само 2% ризик од развод.

Во истражувањето се наведува дека бројот на работни часови, прекувремената работа и работата за време на викендот немаат големо влијание на бракот.

Авторите на истражувањето ги анализирале разведените или разделените парови со 449 различни професии. Директорот на агенцијата „Relation and Performance", Хамид Агини, сепак укажува дека не се застапени сите професии во ова истражување, и тоа баш оние кои се најголемите причинители на разводот, како што се политичарите, директорите или новинарите.

Тој додава дека професиите во кои состаноците и запознавањето нови луѓе се почести, се најголеми виновници за распадот на браковите.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »