Промовирани огласи »

Обама во исто време го зголемил за 200 милијарди долари.

За прв месец на функцијата претседател на САД Доналд Трамп успеал да го намали американскиот државен долг за 12 милијарди долари. За истиот период за време на владеењето на Барак Обама обврските на САД пораснаа за 200 милијарди. Ова го соопшти самиот Трамп на својот профил на Twitter.

Објавувајќи ја веста, американскиот лидер истакна дека американските медиуми од непознати причини молчат за овој успех. Медиумите не објавија дека националниот долг за првиот месец од моето управување како претседател се скрати за 12 милијарди долари. Споредете го ова со 200-та милијарди, со што беше зголемен државниот долг во првиот месец на управувањето на Обама , напиша Трамп.

Промовирани огласи »

Xiaomi веќе потврди дека работи на наследникот на одлично дизајнираниот смартфон Mi Mix кој со ултра тенката рамка околу дисплејот ги изненади, а големо внимание привлече и со солидниот хардвер, перформанси и цена. Сега се појавија и првите информации за можните спецификации на Xiaomi Mi Max 2 кои се уште поспектакуларни.

Покрај огромниот дисплеј од околу 6 инчи со Quda HD резолуција, Mi Max 2 ќе работи со Snapdragon 660 процесор, 6GB RAM и 128 GB меморија. Батеријата ќе биде со неверојатни 5000mAh.

Поради големиот интерес за дизајнот на минатогодишниот Mi Mix, неговиот следбеник ќе биде претставен со речиси ист дизајн, па се надеваме и слична прифатлива цена, со тоа што овој пат ќе биде глобална достапен.

Промовирани огласи »

Статистички гледано можеби навистина е зголемен бројот на разводи за разлика од нивниот број во минатото, но тоа не значи дека треба да се изгуби вербата во вечна љубов. Сепак, постојат одредени професии кои се повеќе изложени на ризикот од распад на бракот за разлика од останатите.

Според едно британско истражување, докторите се разведуваат почесто. Во најризична категорија, во поглед на тоа дека работата им го уништува семејното гнездо, се танчарите, кореографите, шанкерите и физиотерапевтите. Имено кај нив постои веројатност од 40% дека ќе се разведат од животниот сопатник.

Болничарите, медицинските техничари, уметниците и спортистите се веднаш зад нив со 30% шанси да им се распадне бракот. Најмалку загрозени се браковите на инженерите со само 2% ризик од развод.

Во истражувањето се наведува дека бројот на работни часови, прекувремената работа и работата за време на викендот немаат големо влијание на бракот.

Авторите на истражувањето ги анализирале разведените или разделените парови со 449 различни професии. Директорот на агенцијата „Relation and Performance", Хамид Агини, сепак укажува дека не се застапени сите професии во ова истражување, и тоа баш оние кои се најголемите причинители на разводот, како што се политичарите, директорите или новинарите.

Тој додава дека професиите во кои состаноците и запознавањето нови луѓе се почести, се најголеми виновници за распадот на браковите.

Промовирани огласи »

Црна Гора се наоѓа меѓу европските држави кои се соочуваат со ризик за зголемување на јавниот долг, наведе Светска банка во новите Глобални економски прогнози.

Јавниот долг на оваа земја изнесува 2,3 милијарди долари, односно 58,84 проценти од бруто домашниот производ.

Ризик од зголемување на јавниот долг имаат и Албанија, Белорусија, Хрватска, Унгарија, Полска и Украина.

Состојбата со вкупниот долг на ентитетите на Босна и Херцеговина се влошува. Самиот долг е зголемен во текот на изминатите десет години, па на ниво на ентитетите се менуваа дури и закони кои го одредуваа горниот праг на задолженост, за да се подигнуваат нови кредити. БиХ е должна шест милијарди евра, односно 41,5 отсто од БДП.

Министерството за финансии на Србија соопшти дека сосотјбата со јавниот долг во декември минатата година изнесува 25,1 милијарда евра, односно 72,9 проценти од БДП.

Македонија има јавен долг од 3,4 милијарди евра, односно 38 отсто од БДП, а од регионот најмалку е задолжено Косово со 852 милиони евра или 14,47 проценти од Бруто домашниот производ.

Јавен или државен долг го сочинуваат средствата кои државата ги позајмувака за да го финансира дефицит.

Се работи за финансиски инструмент кој опфаќа елементи на јавни приходи и расходи, бидејќи во моментот на склучување на договорот за кредит тоа е приход, а во моментот на доспевање е расход за државата.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »