Промовирани огласи »

Расте бројот на директни авиолинии кои го поврзуваат Скопје со европски градови и метрополи кој во моментов изнесува 39 .

Најновите две авиолинии со кои ќе може да патувате од главниот град се Баден-Баден и Бремен. 

И со овие две дестинации оперира нискобуџетната компанија Визер која има обврска да воведува нови рути за летање од македонските аеродроми согласно договорот со кој користи државни субвенции.

Од понеделникот земјава има директни летови со истата компанија и д шведскиот град Малме и градот на модата Милано, но преку охридскиот аеродром.

Промовирани огласи »

Новите годишни даночни пријави за остварени приходи кои ќе ги испраќа УЈП а ќе треба само да се потврдат или коригираат ќе започнат да пристигнуваат кај граѓаните од 1 април, објави Управата.

Пријавата за остварените приходи од 2018 ќе пристигнуваат електронски кај даночните обврзници до крајот на април, а рокот за нивно потврдување или одбивање е до крајот на мај.

Претпополнета годишна даночна пријава ќе се испраќа за прв пат оваа година, а таа во наредните години ќе биде замена за годишната која се доставуваше до Управата за јавни приходи.

Се очекува ваква пријава да добијат околу 700 илјади граѓани регистрирани во електронскиот систем. 

Иако беше предвидено беше одложено регистрирањето во системот на пензионерите што остваруваат приход само по основ на пензија.

Промовирани огласи »

На Скопскиот аеродром денеска ќе биде одбележано почнувањето на новите летови од и до германските градови Баден-Баден и Бремен на кои линии ќе лета  нискобуџетната авиокомпанија „Визер“.

Согласно со новиот договор за добивање финансиска поддршка,  „Визер“ од денеска од аеродромот во Скопје ќе оперира до и од Баден Баден, од утре до Бремен, додека од  јули воведува летови од Турку и од Ларника.

На аеродромот „Св.Апостол Павле“, пак,  попладне треба да слетат првите патници од Милано, една од четирите нови линии на „Виз ер“ според договорот. Авиокомпанијата со нова линија вчера ги поврза Охрид и Малме,  Милано, а во јули треба да воведе летови и од Мемингем и Дортмунд.

Во првите два месеца од годинава преку двата аеродрома се превезени 305.246 патници, што претставува седум процентен годишен пораст. Преку Меѓународниот аеродром Скопје лани се превезени 2.158.258 патници, а 184.283 преку аеродромот „Св. Апостол Павле“, односно раст од 16 проценти на годишно ниво на двата аеродрома.

Бројот на летови од аеродромите во Скопје и во Охрид минатата година изнесувал 19.750, односно за девет проценти повеќе во однос на претходната година.

Промовирани огласи »

Коалиционите партнери СДСМ и ДУИ донесоа одлука за социјалниот пакет „Трето дете“. Пратеникот Артан Груби објасни дека кој ќе добива, а кој не  ваков додаток.

Во однос на третото дете, сите оние кои до крајот на годинава земаат додаток за трето дете, ќе продолжат да земат и во следните 10 години. Исто така, сите оние деца кои ќе се родат во текот на оваа година ќе земаат на ист начин како и досега, додека од следната година па натаму, додатокот за трето дете ќе земаат само најсиромашните категории на нашето општество, социјалните категории, односно семејството на детето кои земаат минимална плата, изјави Груби.

Груби рече дека се надева наскоро, односно на следната седница ќе се усвои овој закон. Истото го кажа и премиерот Заев во врска со законите кои се очекува на 25 март да се најдат на собраниска седница.

Освен за “Трето дете“, владините партнери се договорија и за пензијата за лицата над 65 години кои немаат ниту еден ден работен стаж. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »