Промовирани огласи »

Банките да не им наплатуваат на граѓаните од ранливите категории, надоместоци за отворање, водење на сметка, за уплатите и за исплатите. Ваква новина е предвидена во новиот Закон за платежни услуги и платни системи што го подготвува Министерството за финансии во соработка со Народна банка, најави денеска министерот за финансии Драган Тевдовски.

Работната верзија предвидува сметката со основни функции да биде бесплатна за ранливите категории, односно по закон ќе добијат бесплатни услуги за отворање, водење сметка, уплати и исплати. За останатите потрошувачи, платежната сметка со основни функции ќе биде со разумен надоместок. Ќе напоменам, дека за да се отвори сметката, граѓаните не треба да поседуваат друга сметка со основни функции на свое име, како и дека на оваа сметка нема да можат да одат во минус, рече министерот за финансии Тевдовски.

Исто така, се воведуваат решенија во Законот за платежни услуги и платни системи, што ќе доведат до либерализација на пазарот на платежни услуги. Ова ќе придонесе за засилена конкуренција и нови, иновативни начини на плаќање, лесно достапни и со помали трошоци.

Промовирани огласи »

До 31 декември годинава продолжува рокот за бесплатно чипирање на домашните миленици, сопшти денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Атанасов.

Атанасов на прес-конференција во Владата потсети дека за кампањата за идентификација и регистрација на милениците која требаше да трае до 31 март, се набавени вкупно 100.000 микро чипови,  но досега во системот се регистрирани само 49.000 миленици.

-Од 1 април аплицирањето на чипот ќе се наплаќа 200 денари, а издавањето на пасошите 120 денари. Чипот е донација од АХВ, истакна директорот.

Атанасов дополни и дека од 1 април инспекциските служби ќе почнат со изрекување казни ако затекнат нечипирани миленици, 100 до 150 евра за физички и 1000 евра за правни лица.

Промовирани огласи »

Расте бројот на директни авиолинии кои го поврзуваат Скопје со европски градови и метрополи кој во моментов изнесува 39 .

Најновите две авиолинии со кои ќе може да патувате од главниот град се Баден-Баден и Бремен. 

И со овие две дестинации оперира нискобуџетната компанија Визер која има обврска да воведува нови рути за летање од македонските аеродроми согласно договорот со кој користи државни субвенции.

Од понеделникот земјава има директни летови со истата компанија и д шведскиот град Малме и градот на модата Милано, но преку охридскиот аеродром.

Промовирани огласи »

Новите годишни даночни пријави за остварени приходи кои ќе ги испраќа УЈП а ќе треба само да се потврдат или коригираат ќе започнат да пристигнуваат кај граѓаните од 1 април, објави Управата.

Пријавата за остварените приходи од 2018 ќе пристигнуваат електронски кај даночните обврзници до крајот на април, а рокот за нивно потврдување или одбивање е до крајот на мај.

Претпополнета годишна даночна пријава ќе се испраќа за прв пат оваа година, а таа во наредните години ќе биде замена за годишната која се доставуваше до Управата за јавни приходи.

Се очекува ваква пријава да добијат околу 700 илјади граѓани регистрирани во електронскиот систем. 

Иако беше предвидено беше одложено регистрирањето во системот на пензионерите што остваруваат приход само по основ на пензија.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »