Промовирани огласи »

Според експертите од iBroker Antoni Castel institut, луѓето треба да почнат да штедат уште од првата плата, пишува Бизнис инсајдер. 

Тие наведуваат дека во различни животни доби, треба да практикувате различни видови вложувања. 

Експертите велат дека со инвестирање треба да се почне што поскоро. 

Се наведува дека дваесетите години се најдобри за ризични вложувања. 

Во тие години луѓето немаат кредити или семејство, и затоа можат да се впуштат во ризични вложувања. 

Иако во дваесетите години луѓето имаат мали примања, тоа не значи дека не можат да штедат. 

Промовирани огласи »

Доаѓа летното сметање на времето, денот се зголемува, а часовникот оди напред еден час.

Во последниот викенд месецов, ноќта во 2 часот меѓу 29 и 30-ти март почнува летното сметање на времето.

Стрелките на часовникот треба да се поместат за еден час нанапред, односно времето во 2 часот, ќе се смета како да е 3 часот.

Преминувањето на времето од зимско кон летно и обратно првпат почнало во 1916 та година во државите на северот во Европа, а денес е практика во 70 земји од Светот.
Европските земји сега се подготвуваат за конечно укинување на оваа практика од следната година.

Со 384 гласа „за“ пратениците во Европскиот парламент изгласаа укинување на летното и зимско сметање на времето, додека против укинување гласаа 154 европски пратеници.

Барањето за укинување на поместувањето на стрелките на часовниците го покрена Европската комисија во Унијата поради повеќе докази за негативно влијание од праксата. Освен негативно влијание врз човековиот биоритам, ваквата пракса доведува и до зголемен број сообраќајни несреќи, но и пад на продуктивноста на работното место.

Летното и зимското сметање претходно е укинато во Русија, Турција, Белорусија и Исланд.

Промовирани огласи »

Можете да се откажете од потрошувачкиот кредит во рок од 14 дена иако сте потпишале договор. 

Дали потрошувачот има право да се откаже од кредитот без да изнесува причина? Да. Ако утре одлучите да одите во банка за да земете кредит, задутре можете да го поништите барањето. Исто како кај секој производ. Ваше право е, без никаква наведена причина, во рок од 14 дена да се откажете од земањето крдит. Но, според нашата анализа, оваа ставка е многу често скриена од страна на кредиторот. Банката не ја дава оваа опција, не ја наведува. Затоа и потрошувачот не е свесен дека може да се откаже од земање на кредитот. Практично, се искористува неговата неинформираност, нагласуваат експертите.

Промовирани огласи »

Крешник Бектеши, министерот за економија, најави купување на комбе со мобилна лабораторија за мерење на квалитетот на горивата во вредност од 600.000 евра.

Ова возило ќе може на самото место да испита дали квалитетот на горивото е квалитететн кај секоја бензинска станица во Македонија.

Министерот ја потврди оваа информација за Алсат.

Најважно не е цената на мобилната лабораторија, туку фактот дека граѓаните ќе имаат можност да даваат препораки до Државниот пазарен инспекторат или Министерството за економија и веднаш ќе бидеме задолжени да ги провериме овие наводи - изјави Крешник Бектеши, министер за економија.

Се работи за возило со своја лабораторија и модерна технологија, така што на терен може да се анализираат десет параметри за квалитет на нафтени продукти. Примероците за гориво не треба да се испраќаат на друго место, бидејќи оваа лабораторија ќе биде акредитирана - рече Крешник Бектеши.

Повеќе
КЛИКНИ