Промовирани огласи »

Како да ја најдете вашата следна работа?

Корисни совети за сите оние кои бараат работа

Без разлика дали неодамна сте ја загубиле или сте подготвени да прејдете од една во друга работа, шансите да ја добиете новата позиција преку реклами е сведена на скоро нула. Добрата вест е дека постојат многу други начини кои можете да ги примените.
Еве ги најдобрите начини да ја зграбите работата од вашите соништа.

1. Социјализирање

Сите знаат некого. Во рамките на вашата постоечка мрежа пријатели постојат веројатно три работни места кои ќе бидат соодветни за вас, но луѓето кои би можеле да ви помогнат да ги отворите вратите кон овие работни места едноставно не помислиле на вас.

2. Направете листа на сите луѓе кои ги познавате

Поставете цел да контактирате 3 личности со кои не сте збореле година или повеќе. Одете на кафе или ручек со нив. Сетете се на 25 највлијателни луѓе во вашата мрежа од пријатели и направете стратегија како да ги зајакнете вашите односи со нив.

3. Kонтактирајте ги вашите познаници со иста професија како вашата

Обично ни се допаѓаат луѓе со кои имаме нешто заедничко, оние кои имаат слични интереси и вредности како нас или пак сме учеле во исто училиште. Зголемета ја вашата мрежа на пријатели на овој начин, додавајќи барем 3 нови пријатели на вашата листа во една недела. Ова ќе ја зајакне вашата позиција во кругот на вашиот профил за работа.

4. Присуствувајте на сите настани

Вклучувајќи ги и оние од добротворен и професионален карактер. На секој настан разговарајте со најмалку едно лице кое сеуште не сте го запознале. Доколку можете да добиете листа на присутните пред настанот, направете го тоа со цел да таргетирате барем едно лице кое би сакале да го запознаете и да направите подготовка за да се поврзете со истото во живо. Без наметнување, барајте изговор за да се надоврзете повторно по средбата.

5. Користете ја KARIERA.mk за максимален ефект

Кariera.mk е моќна алатка за лесно поврзување со вистинските луѓе и работодавци. Врз основа на вашите способности, едукативни достигнувања, интереси, квалификации на најбрз и најлесен начин можете да се поврзете со луѓе од ваш интерес. На пример, ако сте заинтересирани во секторот за осигурување, може да имате за цел да се поврзете со потенцијални шефови и одделенија за човечки ресурси во оваа индустрија на пазарот на начин што ќе се договорите за разговор или пак едноставно да го испратите вашето CV на работодавецот кој бара некој од вашиот профил.

Промовирани огласи »

Директорот на „Самсунг“ обвинет за мито и проневера

Јужнокорејското обвинителство го обвини првиот човек на компанијата „Самсунг" Џеј Ли и уште четворица извршни директори заради мито и проневера.

Јужнокорејското обвинителство го обвини првиот човек на компанијата „Самсунг" Џеј Ли и уште четворица извршни директори заради мито и проневера.

Џеј Ли беше уапсен на 17 февруари поради основано сомневање за корупциски скандал, што ја вклучува и отповиканата претседателка на Јужна Кореја, Парк Геун-ху. „Пет директори ќе се соочат со обвиненија кои вклучуваат мито, проневера и криење на имот во странство, а челникот на „Самсунг", Ли, исто така ќе биде обвинет за фалсификат пред парламентот.

Промовирани огласи »

УЈП отвори дополнителни шалтери за поднесување Годишна даночна пријава

Крајниот рок за поднесување на Годишната даночна пријава е 15-ти март

Управата за јавни приходи од денеска отвори дополнителни шалтери на кои ќе може да се поднесат годишните даночни пријави.

На овој начин граѓаните од Скопје, но и сите оние кои се од друг град, а кои привремено работат или живеат во Скопје, можат даночната пријава да ја поднесат на три локации, вклучувајќи ја Регионална дирекција Скопје и Даночниот шалтер Чаир. Исто така, пријавите може да се поднесуваат и преку Мобилните даночни шалтери на УЈП, се наведува во соопштението на УЈП.

Заклучно со 27 февруари поднесени се вкупно 140.052 годишни даночни пријави од кои 139.441 се примени на шалтерите, а 601 се доставени по електронски пат.

Крајниот рок за поднесување на Годишната даночна пријава е 15-ти март. За сите дополнителни информации и помош при пополнувањето на Годишната даночна пријава, граѓаните можат да се обратат во Инфо центарот 0800 33 000 или да побараат помош од даночните агенти во даночните канцеларии. Повеќе информации за локациите на даночните канцеларии може да се најдат на http://www.ujp.gov.mk/mk.kontakt.

Тагови: УЈП

Промовирани огласи »

Австралија, Нов Зеланд и Дубаи, рај за богаташите: Лани мигрирале 82.000 милионери во потрага по подобар живот

Вкупно 82.000 милионери мигрирале во потрага по поволни услови

Во 2016 година вкупно 82 000 милионери мигрирале во потрага по поволни услови  за нив и Турција е една од петте земји, сведоци на таков најголем одлив, покажува истражувањето на New World Wealth.

Светската миграција на богатството се забрзува и околу 82 000 милионери мигрирале во 2016 година, во споредба со само 64 000 во 2015 година, прецизира извештајот на New World Wealth. 

Најголем минатата година е одливот на богати од земји како Франција, Кина, Бразил, Индија и Турција.

Меѓу оваа петорка Турција забележува највисок раст на истекот на милионери. Ако земјата била напуштена во 2015 година од 1000 богаташи, минатата година нивниот број е зголемен на 6000. 

Франција е на прво место во оваа негативна тенденција веќе втора година, бидејќи богатите луѓе се стремат да ги менуваат условите во кои работат. Одливот на милионери продолжува и во Кина и Индија, но поинтересни во листата се Бразил и Турција, тврди студијата. Во 2016 година Австралија била на чело на земјите кои ги привлекуваат луѓето со големи средства, следени од САД и Канада.

Миграцијата на милионери кон Нов Зеланд исто така се удвои, додека Обединетите Арапски Емирати остануваат атрактивни за богатите луѓе од регионот на Блискиот Исток.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »