Промовирани огласи »

Во 2016 година вкупно 82 000 милионери мигрирале во потрага по поволни услови  за нив и Турција е една од петте земји, сведоци на таков најголем одлив, покажува истражувањето на New World Wealth.

Светската миграција на богатството се забрзува и околу 82 000 милионери мигрирале во 2016 година, во споредба со само 64 000 во 2015 година, прецизира извештајот на New World Wealth. 

Најголем минатата година е одливот на богати од земји како Франција, Кина, Бразил, Индија и Турција.

Меѓу оваа петорка Турција забележува највисок раст на истекот на милионери. Ако земјата била напуштена во 2015 година од 1000 богаташи, минатата година нивниот број е зголемен на 6000. 

Франција е на прво место во оваа негативна тенденција веќе втора година, бидејќи богатите луѓе се стремат да ги менуваат условите во кои работат. Одливот на милионери продолжува и во Кина и Индија, но поинтересни во листата се Бразил и Турција, тврди студијата. Во 2016 година Австралија била на чело на земјите кои ги привлекуваат луѓето со големи средства, следени од САД и Канада.

Миграцијата на милионери кон Нов Зеланд исто така се удвои, додека Обединетите Арапски Емирати остануваат атрактивни за богатите луѓе од регионот на Блискиот Исток.

Промовирани огласи »

Кина го разгледува воведувањето парични надоместоци или награди за да ги поттикне родителите да имаат второ дете, откако истражувањата покажале дека економските причини многумина ги одвраќаат од желбата да го прошират семејството.

Потенцијалните мерки ги објави Ванг Пеиан, потпретседател на националната комисија за здравје и планирање на семејството на конференцијата за социјална грижа во саботата, пишува во вторникот дневниот весник China Daily.

Стапката на раѓања во минатата 2016 година пораснала на 17,86 милиони, најмногу од 2000 година, откако Кина објави нови насоки кон крајот на 2015 година, дозволувајќи има на родителите да имаат второ дете во екот на сé поголемата загриженоста поради трошоците за поддршката на сé постарата популација.

Тоа претставува целосно исполнување на исчекувањата, но пречки и натаму постојат. Да се има второ дете е право на секое семејство во Кина, но беспарицата е тесното грло коешто ја поткопува таквата одлука, рекол Ванг.

Во истражувањето коешто споменатата комисија го спровела во 2015 година, утврдено де дека 60 отсто од семејствата се откажуваат од второ дете поради финансиските причини.

Стапката на раѓање во Кина, е една од најниските во светот, брзо започна да ги загрижува властите и престана да се смета за достигнување, како во времето кога властите во Пекинг стравуваа од пренаселеност.

Кина започна да ја применува „политиката на едно дете“ во 1970-те во согласност со тогашната наредба да се ограничи растот на популација, но властите сега се загрижени дека има сé помалку работна сила нема да може да ја подржи сé повозрасната популација.

Промовирани огласи »

ВИДЕОНАДЗОР НА РАБОТНОТО МЕСТО: Камерите предизвикуваат негативно чувство кај вработените и непријатна работна атмосфера

Видеонадзорот и следењето преку монитори е во постојан пораст и во Македонија, велат од Дирекцијата за заштита на личните податоци.

Податоците кои се собираат при видеонадзорот, образложуваат од Дирекцијата, најчесто се слики кои се однесуваат на идентификувано лице или на лице кое може да биде идентификувано, директно или индиректно, со цел да се следи неговото однесување. Како што се шири следењето на луѓето преку видеонадзор така се намалува слободата на движење и однесување на луѓето и нивната приватност.

Посебно треба да се внимава на видеонадзорот на работните места, истакнуваат од Дирекцијата. Следењето на работниците на работните места преку видеокамери, подвлекуваат од оваа институција, предизвикува негативно чувство, губење на концентрацијата и непријатна работна атмосфера.

Работодавецот треба да ја почитува приватноста на сите вработени

Новата технологија може да влијае на здравјето и физичката состојба на работниците и на работната способност. Видеонадзорот на работното место може да се инсталира само ако е потребно за заштита на животот или здравјето на луѓето, за заштита на сопственоста, за заштита на животот или здравјето на вработените поради природата на работата или поради обезбедување на контрола над влегувањето или излегувањето од службените или деловни простории, образложуваат од Дирекцијата.

Вработените треба да бидат информирани доколку се под видеонадзор. Вработените, исто така, треба да бидат информирани за целта и за причините за снимањето доколку нивниот претпоставен има поставено видеонадзор во работните простори.

Вработените, нагласуваат од Дирекцијата, не треба да се под постојан видеонадзор. Работодавецот треба да ја почитува приватноста на сите вработени додека се на работното место, односно работодавецот мора да го почитува начелото на пропорционалност во однос на целта заради која се поставува видеонадзорот.

Промовирани огласи »

По воодушевувањето што го предизвика новата верзија на легендарниот мобилен телефон „нокиа 3310“, многумина кои планираа да го купат би можеле да останат разочарани.

Иако новата во споредба со оригиналната верзија е значително подобрена, сепак уредот со мрежите комуницира преку застарената 2Г-технологија, која во многу делови на светот е веќе згасната, пренесува магазинот „The Lad Bible“.

 

Nokia 3310 (2017) vs Nokia 3310 (2000) #Nokia3310

A post shared by Agoez Bandz (@agoez_bandz) on

Доколку некој во Европа го набави новиот телефон 3310, но живее на друго место во светот или, пак, отпатува на некоја дестинација, нема да биде во можност да користи интернет на бидејќи не ќе може да се поврзе на локалната мрежа.  

Досега Канада, Австралија, Швајцарија, САД и Тајван имаат затворено повеќе од 2Г-мрежите на своја територија, а тој тренд го следат и други земји. Според ова, на многу од пазарите кон кои „Нокиа“ се стреми, телефонот едноставно би бил застарен.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »