Промовирани огласи »

Управата за јавни приходи од денеска отвори дополнителни шалтери на кои ќе може да се поднесат годишните даночни пријави.

На овој начин граѓаните од Скопје, но и сите оние кои се од друг град, а кои привремено работат или живеат во Скопје, можат даночната пријава да ја поднесат на три локации, вклучувајќи ја Регионална дирекција Скопје и Даночниот шалтер Чаир. Исто така, пријавите може да се поднесуваат и преку Мобилните даночни шалтери на УЈП, се наведува во соопштението на УЈП.

Заклучно со 27 февруари поднесени се вкупно 140.052 годишни даночни пријави од кои 139.441 се примени на шалтерите, а 601 се доставени по електронски пат.

Крајниот рок за поднесување на Годишната даночна пријава е 15-ти март. За сите дополнителни информации и помош при пополнувањето на Годишната даночна пријава, граѓаните можат да се обратат во Инфо центарот 0800 33 000 или да побараат помош од даночните агенти во даночните канцеларии. Повеќе информации за локациите на даночните канцеларии може да се најдат на http://www.ujp.gov.mk/mk.kontakt.

Промовирани огласи »

Квалитативните индикатори на станбените и деловните простории бараат се поголемо внимание, бидејќи современиот човек поминува 80% од својот живот во затворени станбени и работни простории.

По облеката, просторијата е втората бариера против неповолните топлотни влијанија врз човечкиот организам. Температурата на воздухот е водечки фактор за одредување на топлинската состојба на човекот, кој се наоѓа во затворени услови.

Покрај температурата на воздухот во канцелариите врз човечкиот организам и чувството на удобност влијаат факторите релативна влажност и движењето на воздухот. Оптимумот за релативна влажност на воздухот во станбените простории е меѓу 30-60%. Влажните ѕидови имаат ниска температура и го засилуваат процесот на размена на топлина од организмот. Високата влажност за подолг период ги активира патогените микроорганизми – патогени микроорганизми и предиспонирачки кон болести.

Треба да имате во предвид дека кога го загревате воздухот во канцелариите ја намалувате релативната влажност на 20% при температура 20° C, и создавате чувство на непријатност, сувост на слузокожата на горните дишни патишта со влошена филтрација способност за прашина и воздух микрофлора и намалување на заштитните сили на организмот.

Препорачаната оптимална температура на воздухот е околу 21° С во канцелариите во текот на денот. Опсегот 38-50% за релативна влажност при горните температури се смета за најповолен.

Промовирани огласи »

Во 2016 година вкупно 82 000 милионери мигрирале во потрага по поволни услови  за нив и Турција е една од петте земји, сведоци на таков најголем одлив, покажува истражувањето на New World Wealth.

Светската миграција на богатството се забрзува и околу 82 000 милионери мигрирале во 2016 година, во споредба со само 64 000 во 2015 година, прецизира извештајот на New World Wealth. 

Најголем минатата година е одливот на богати од земји како Франција, Кина, Бразил, Индија и Турција.

Меѓу оваа петорка Турција забележува највисок раст на истекот на милионери. Ако земјата била напуштена во 2015 година од 1000 богаташи, минатата година нивниот број е зголемен на 6000. 

Франција е на прво место во оваа негативна тенденција веќе втора година, бидејќи богатите луѓе се стремат да ги менуваат условите во кои работат. Одливот на милионери продолжува и во Кина и Индија, но поинтересни во листата се Бразил и Турција, тврди студијата. Во 2016 година Австралија била на чело на земјите кои ги привлекуваат луѓето со големи средства, следени од САД и Канада.

Миграцијата на милионери кон Нов Зеланд исто така се удвои, додека Обединетите Арапски Емирати остануваат атрактивни за богатите луѓе од регионот на Блискиот Исток.

Промовирани огласи »

Кина го разгледува воведувањето парични надоместоци или награди за да ги поттикне родителите да имаат второ дете, откако истражувањата покажале дека економските причини многумина ги одвраќаат од желбата да го прошират семејството.

Потенцијалните мерки ги објави Ванг Пеиан, потпретседател на националната комисија за здравје и планирање на семејството на конференцијата за социјална грижа во саботата, пишува во вторникот дневниот весник China Daily.

Стапката на раѓања во минатата 2016 година пораснала на 17,86 милиони, најмногу од 2000 година, откако Кина објави нови насоки кон крајот на 2015 година, дозволувајќи има на родителите да имаат второ дете во екот на сé поголемата загриженоста поради трошоците за поддршката на сé постарата популација.

Тоа претставува целосно исполнување на исчекувањата, но пречки и натаму постојат. Да се има второ дете е право на секое семејство во Кина, но беспарицата е тесното грло коешто ја поткопува таквата одлука, рекол Ванг.

Во истражувањето коешто споменатата комисија го спровела во 2015 година, утврдено де дека 60 отсто од семејствата се откажуваат од второ дете поради финансиските причини.

Стапката на раѓање во Кина, е една од најниските во светот, брзо започна да ги загрижува властите и престана да се смета за достигнување, како во времето кога властите во Пекинг стравуваа од пренаселеност.

Кина започна да ја применува „политиката на едно дете“ во 1970-те во согласност со тогашната наредба да се ограничи растот на популација, но властите сега се загрижени дека има сé помалку работна сила нема да може да ја подржи сé повозрасната популација.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »