Промовирани огласи »

Адреналински парк, кој ќе се состои од една централна куќа и од 14 до 18 станици по кои ќе се стигнува со одење по јажиња и буриња, е дел од проектот за новиот парк што Општината Карпош ќе го гради покрај Вардар. 

Изградбата на адреналинскиот парк кој ќе се протега на вкупна површина од 6.500 м2, се очекува да започне во мај годинава.  

Притоа, ќе биде реконструирано детското игралиште на површина од 480 м2,  скејт-паркот на 1.100 м2, ќе биде изградено ново игралиште за одбојка и фудбал на песок, а атрактивниот адреналински парк за возрасни и деца ќе биде изграден на три нивоа, кој ќе се позиционира на површина од 1.600 м2.

 Предвидено е просторот дополнително да биде облагороден со хортикултурно уредување, каде ќе бидат засадени повеќе од 100 дрвја. Ќе биде поставена и нова урбана опрема, клупи, корпи за отпадоци и лежалки за релаксација.

Планирано е да се изгради и плато за одмор со мини сквер, а во околината ќе се постават тоалети и четири дрвени куќички за продажба на безалкохолни пијалоци. Просторот ќе го осветлуваат енергетско ефикасни ЛЕД- светилки со соларни панели.

Промовирани огласи »

Наскоро ќе се легализира марихуаната во Македонија, пишува ТВ21 повикувајќи се на свои „блиски извори во Владата“. 

Според телевизијата, за почеток легализацијата ќе се спроведува во туристичките места, односно во Охрид и Струга. Телевизијата пишува дека анализите на владата покажале дека легализацијата ќе придонесела за поголем број на туристи и поголем девизен прилив.

Во Македонија, засега, марихуаната се користи само за медицински цели.

Промовирани огласи »

Со четири електрични коли ЈП „Паркинзи Општина Центар“ ќе патролира низ општината и ќе става блокатори на непрописно паркирани возила. Казнувањето ќе стартува од 10 април на паркинзите за резиденти, а сега контролорите ставаат само опомени кои ги лепат на возилата, пренесува СДК.

Имаме многу поплаки од граѓаните кои не можат да се паркираат на нивниот паркинг од други возила кои не се на станари. Затоа стартуваме со поставување блокатори. Казната за поставен блокатор е 1.200 денари. Доколку не си ја плати казната во рок од два часа, ќе биде повикан пајак и ќе го подигне. Прво почнуваме во Дебар Маало и Градски парк. Од 10 април буквално ќе имаме инвазија на овој дел, за да ги ослободиме паркинзите на станарите, а потоа продолжуваме во Буњаковец и Капиштец, вели Васко Кичевски, директор на ЈП „Паркинзи Општина Центар“.

Контролорите на терен откако ќе регистрираат неправилно паркирано возило, ќе ги повикуваат колегите со блокаторите. Оваа акција претпријатието ја спроведува со цел да воведат ред во паркирањето.

Промовирани огласи »

Со години наназад транвајот се најавува како алтернативен јавен превоз низ градот. За време на мандатот на скопскиот градоначалник Трифун Костовски изградбата на трамвајска линија беше веќе готова работа.

Тогаш беше најавено дека првиот промотивен трамвај од Аеродром до Центар ќе тргне во мај 2009 година. Исто така трамвајска линија беше ветена и од градоначалникот Коце Трајановски , чија идеја беше на трасата на која ќе се движи трамвајот, да не соообраќаат автобуси. Според студијата требаше да има  22 транвајски композиции. Во првиот период требаше да има една линија од населбите Ново Лисиче до Ѓорче Петров.

Метежот по скопските улици, проблемот со паркирањето но и рекордната загаденост предизвикуваат стрес и нервоза кај сите учесници во сообраќајот.

Пред извесен период градоначалник Петре Шилегов ги слушна предлозите на граѓаните како да се намали загадувањето во главниот град. Поранешни функционери, инженери, засегнати граѓани ги образложија студиозно своите идеи и предлози како да се намали загадувањето во главниот град.

Дел од препораките на 40 тината граѓани кои се одзваа на повикот од градоначалникот беа во Скопје конечно да се направи трамвај, да се обезбеди гас но и да запрат градежните активности. 

Трамвајот ќе минува низ строгиот центар на Скопје, а улицата „Димитрие Чуповски“ кај „Рекорд“ ќе биде затворена за возила. Првата линија ќе почнува во Ѓорче Петров, ќе се движи по „Партизанска“, ќе врти на булеварот „Климент Охридски“ и ќе излегува во централното градско подрачје. Покрај Собранието, Црвениот крст и „Веро центарот“ ќе се движи кон Аеродром и ќе завршува во Ново Лисиче, каде што е треба да се гради и депо.

Решавањето на јавниот превоз на патници со една трамвајска линија, за која градоначалникот вели дека ќе ги замени 40 отсто од автобуските линии, градските власти идната година ќе го работат паралелно со проектирање на северен сообраќаен прстен. Еден од најважните булевари кои треба да се почнат да се градат е „Хрватска“, кој од населбата Автокоманда, кај клучката „Дијамант“, ќе треба да ја заобиколува населбата Железара и да се спои со булеварот „Босна и Херцеговина“, кој во моментов се проширува. Тој е поврзан со булеварот „Словенија“, и ќе претставува брза врска на источниот и западниот крај на Скопје. Тоа, според Шилегов, ќе треба да обезбеди услови граѓаните и возачите да не го почувствуваат затворањето на центарот за возила.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, изјави дека во моментов единствената дилема околу трасата на трамвајот е дали тој да се движи по средината на булеварите или, пак, по крајните десни линии. Проектот направен од експертите на „Загрепски електричен трамвај“ (ЗЕТ) ги предвидува и двете варијанти, а која ќе биде избрана ќе се знае до крајот на јануари. Опцијата трамвајот од зградата на Народната банка кон центарот да продолжи по кејот на Вардар е отфрлена, со образложение дека на влезот на плоштадот „Македонија“, кај зградата на „Телеком“, нема доволно место за изградба на пругата.

„Проектната документација ќе се заокружи во текот на идната година, а изградбата ќе започне истовремено од двете почетни позиции во Ново Лисиче и во Ѓорче Петров. Со оглед на тоа дека технологиите се многу напредни, сите производители нудат возила кои можат до два километри да се движат без електрична мрежа. Тоа за нас ќе значи сериозна заштеда во изградба на мрежата, но ќе значи и дека низ центарот на Скопје нема да висат кабли“, изјави Шилегов.

Изградбата на една трамвајска линија, заедно со депото, според првичните проценки би чинела меѓу 130 и 150 милиони евра. Обезбедувањето на финансиите ќе се бара преку европските фондови или од државниот буџет.

Првиот трамвај во Скопје

Знаете ли дека првиот трамвај во Виена се појавил во 1864 година, а Скопје имало трамвај во 1884 година? Тоа не е голем временски интервал, бидејќи Скопје многу брзо фатило чекор со Европа. Тоа се сознанија кои трамвајот во нашиот град временски го поместуваат многу поназад. Како се случило тоа вистинско чудо за скопјани, односно појавата на трамвајот?

За тоа придонел случајот, но и богатството што го поседувале браќата Шабан-паша, сопственици на една од првите мелници во Скопје. Нивните имиња се Беќир Емин, Реџеп Емин, Осман Емин, Сулејман Емин и, најстариот и најпознатиот од нив, Шабан-паша Емин. Едниот од браќата Сулејман Емин тешко се разболел, а браќата веднаш го однеле на лекување во Виена. Таму првпат виделе трамвај, многу им се допаднал, и веднаш решиле таков модел да донесат во Скопје. Трамвајот бил и спомен за нивниот болен брат, кој наскоро починал. Во Скопје настанале големи турканици за да се дојде до билет за трамвајот. Тој бил вистинска сензација. Сообраќал од Идадија и Дебар маало, кон центарот.

Тој не се разликувал од европските трамваи, бидејќи оттаму бил донесен. Најпрвин се движел на шпедитерски тркала, а подоцна на шини, влечен со коњска сила. Хроничарите на тоа време велат дека настанувале многу комични ситуации. Кога ќе се изморел, коњот легнувал среде патот за да се одмори. Патниците чекале, возачот на трамвајот пушел цигара и си правел муабет со минувачите. На светски познатите фотографии може да се види дека слични трамваи сообраќале и во Њујорк во 1893 година. Но наскоро Скопската општина станала љубоморна на браќата, и решила самата да воведе трамвај.

Општината никако не можела да се договори од каде ќе бидат купени шините, а еден службеник, кој за таа цел заминал за Истанбул, ги проневерил парите. Така, во Скопје официјално трамвајот постоел сè до 1912 година, а подоцна функционирале само некои негови делови, главно за превоз на службениците до каменоломот во Кисела Вода. Во 1903 година, во Виена веќе бил воведен електричен трамвај.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »