Промовирани огласи »

Од почетокот на 2020 година на банкнотите од по 500 денари ќе биде напишано новото име на Народна банка, а во втората половина на следната година ќе бидат заменети хартиените 10-денарки со официјалниот назив.

Од Народната банка велат дека пуштањето во оптек нема да создаде дополнителен трошок и ќе се прави на редовна основа, но и заради долговечноста на парите кои веќе се пуштени во оптек и макроекономската стабилност.

Ако постапките за јавни набавки завршат во предвидениот рок, се очекува дека парите од хартија во вредност од 500 денари со новото име на институцијата ќе се пуштат во промет до почетокот на 2020 година, додека книжни пари обработени од страна на полимер во износ од 10 денари ќе бидат објавени во вториот квартал на 2020 година, велат од Народната банка.

Промовирани огласи »

Работникот има право на надоместок на платата за целото време на отсуство во случаите и во траење определени со закон, како и во случаите кога не работи од причини на страната на работодавачот. Случаите како и условите кога работникот може да да го користи правото на платено отсуство, се утврдува со колективен договор согласно Законот за работни односи. 

Правото на платено отсуство работникот го користи врз основа на одлука која ја донесува работодавачот, при што надоместокот на плата како и другите права што ги корити работникот за време на платеното отсуство, се определуват според времетраењето на користењето на тоа отсуство. 

Работникот има право на платен одмор заради лични и семејни околности (за склучување на брак, раѓање на дете (само за таткото) и/или смрт на близок роднина), до седум работни дена. 

Во Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството предвидени се случаите кога работникот има право на платен одмор и колку време. Работникот има право на платен одмор заради лични и семејни околности до 7 работни дена во текот на годината во следните случаи: 

  • за склучување на брак…………………………….. 3 дена 
  • за склучување брак на дете……………………… 2 дена 
  • за раѓање или посвојвуање дете……………….. 2 дена 
  • за смрт на сопружник или дете………………… 5 дена 
  • за смрт на родител, брат, сестра……………….2 дена 
  • за смрт на родител на сопружник…………….. 2 дена 
  • за смрт на дедо или баба…………………………… 1 ден 
  • за полагање на стручен или друг испит за потребите на работодавачот до.…………… 3 дена 
  • за елементарни непогоди до……………………. 3 дена 


Во овие случаи, отсуството од работа се обезбедува и се користи во деновите на траењето на основот врз основа на кој се остварува, без оглед на барањето на процесот на работа. 

Отсуство од работа поради празнување 

Работникот има право на отсуство од работа со надоместок на плата за празниците на Република Македонија, кои што се определени како слободни денови од работа и за другите со закон определени слободни денови. Ова право на работникот може да му се ограничи, ако работниот, односно производниот процес се одвива непрекинато или природата на работата бара вршење на работата и на празничен ден. Во тој случај работодавачот е должен за секое воведување на работа на државен празник претходно писмено да го извести подрачниот државен инспектор на трудот. (види повеќе Неработни денови за 2015 година ) 

Отсуство од работа поради неспособност за работа поради заболување или повреда 

Работникот има право на отсуство од работа со надоместок на плата во случаи на времена неспособност за работа поради заболување или повреда и во други случаи во согласност со прописите на здравственото осигурување. (види повеќе Услови за остварување на правото на боледување ).  

Отсуство од работа заради вршење на функции или обврски од посебни закони 

Право на отсуство од работа со надоместок на плата има работникот заради вршење на непрофесионална функција, на која бил избран на непосредни државни избори, функции, односно должности на кои е именуван од страна на судот, како и работникот кој е повикан на должноста воен обврзник, како и на изведување на одбранбени должности и должностите на заштита и спасување, освен служење на воениот рок, или е без вина повикуван од управни или судски органи (државни советници, членови на општински совети, советници на општини, судии-поротници, судски вештаци, проценители, преведувачи, воени обврзници и друго), на товар на органот или установата каде што ја врши функцијата, односно каде што ја извршува обврската од посебен закон.

Работникот кој доброволно дава крв има право на отсуство од работа на два последователни работни дена за секое давање крв. 

Право на платено отсуство од работа заради образование 

Работникот кој се образува, дошколува или оспособува , како и работникот кој се образува, дошколува или оспособува од сопствен интерес, има право на платено отсуство од работа заради полагање на испити. 

Ако со колективниот договор, договорот за вработување или посебен договор за образование правото не е конкретно определено, работникот има право на платено отсуство од работа за деновите, кога првпат полага испити. 

–ПРАВДИКО–

Промовирани огласи »

Осмоодделенците од училиштето „Блаже Конески“ од Прилеп, Петар Апостолоски, Антонио Барлески и Михаела Наумоска, со нивниот систем за спречување и намалување на последиците од сообраќајни несреќи креиран со помош на уредот микро бит, го освоија второто место на Регионалниот натпревар за кодирање. Овој натпревар се одржа во Белград во рамките на Дигиталниот самит за Западен Балкан, во организација на Британскиот совет.

Учесниците на Регионалниот натпревар во кодирање имаа задача да направат проект со кој ќе решат некој реален проблем со помош на микро бит, џебен компјутер со големина колку дланката. Вкупно 13 училишта од шест земји од Западен Балкан учествуваа во натпреварувањето, кое е дел од проектот „Училишта на 21 век“ што го спроведува Британскиот совет. Од Македонија на регионалниот натпревар учествуваа седум ученици од тимови од две основни училишта, „Блаже Конески“ од Прилеп и „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје.

Проектот на тројцата основци од Прилеп е насловен „Транспортен информационен систем со употреба на микробит“.

Системот е составен од хардвер и софтвер кој овозможува подобро надгледување и контрола на сообраќај и оптимизација на сообраќајниот тек. Во него се вклучени камион и станица за прием на сигналите од камионот, при што на камионот се поставени 3 микро бит уреди. Едниот ја мери надворешната температура и го предупредува возачот за ниската температура со звучен сигнал и палење на светло. Вториот при удар испушта звучен сигнал и пали две лед диоди, додека третиот микро бит уред при голем потрес или удар испраќа сигнал за помош. Со намалување на дневната светлина ги пали лед диодите на микробит уредот. Со помош на микробит уредите, кои се потпираат на сензори, овој информационен систем му помага на возилото во несоодветни услови, предупредува на опасност од удари и обезбедува контрола над возилото и возачот во случај на опасност – објаснуваат учениците како функционира нивниот проект.

Првото место на регионалниот натпревар го освои тим од Босна и Херцеговина, чии членови Ана-Марија Тодоровиќ и Немања Рикиќ го претставија проектот за паметна куќа управувана од сензори и поврзана со мобилна апликација. Македонските основци го поделија второто место со тим од Косово, додека третото место му припадна на тим од Црна Гора. Награда за победничкиот тим е патување на Интернационалниот саем на нови технологии Бет Шоу Едукејшн (Bett Show Education) што ќе се одржи во јануари следната година во Лондон.

Денеска имавме можност да ги видиме проектите научилиштата кои беа дел од пилот-фазата на програмата што се имплементираше во изминатите две години. Благодарение на инвестицијата од 10 милиони фунти од Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, сега сите училишта во Западен Балкан имаат свои микро бит уреди. На овој начин, Британскиот совет ќе овозможи милиони ученици да стекнат нови дигитални вештини, како и вештини за критичко размислување и решавање проблеми што ги бараат модерните работодавци – рече Клер Сирс, директор на Британскиот совет за Западен Балкан.

Во оценувањето на проектите, жирито го зеде предвид критичкото размислување и решевањето проблеми, како и тимската работа и вештините за кодирање.

Паметна куќа, сензори за паркирање, медицински тајмер, се само некои од проектите со кои младите луѓе денеска покажаа бескрајни можности работејќи со микро бит. Најголемата предност на овој уред е тоа што технологијата повеќе не е присутна само на СТЕМ субјекти, туку има своја употреба и во учење на јазици, музика, историја, географија – рече Магда Вуд, претседател на жири-комисијата и раководител на учење во Микро бит фондацијата.

Програмата „Училишта на 21 век“ ги поврзува сите ученици од земјите од Западен Балкан на заедничка платформа со 10 водечки светски земји во областа на математиката и науката.

Тригодишната програма „Училишта на 21 век“ во Македонија и во другите земји од Западен Балкан ја спроведува Британскиот совет, во соработка со релевантните министерства и институции од областа на образованието. Програмата опфаќа над 4.000 училишта во регионот за кои обезбедува ресурси, алатки и тренинг за да можат сите ученици да добијат можност да се стекнат со вештини на иднината.

Промовирани огласи »

95-годишниот Чарли Менгер е познат како "десна рака" на легендарниот инвеститор Ворен Бафет. Манџерoт е потпретседател на Беркшир Хатавеј на Бафет и има лично богатство од 1,7 милијарди долари. Тој е исто така претседател на „Daily Journal Corpration“ и е во одборот на малопродажниот гигант „Costco“.

Според сите универзални критериуми, Менгер има долг и среќен живот. За време на еден настан во Лос Анџелес, тој беше запрашан како постигнал сè.

"Тајната е толку едноставна, таа се состои од неколку едноставни совети", вели милијардерот, цитиран од CNBC.

Советите на Менгер:

- Не завидувај.

-Не трошете повеќе отколку што имате

- Останете во добар дух дури и покрај проблемите.

- Комуницирајте со луѓе на кои можете да сметате.

- Прави што  треба.

"Сите овие правила се многу банални, но тие се вистинити и го прават животот убав", вели американецот.

Како партнер на Бафет, Мангер е од Омаха, Небраска. Дипломирал право и работел како адвокат. Во 1959 година, кога имал 35 години, се запознал со Бафет и станале пријатели, а подоцна и колеги. Мангер е одговорен за многу успеси на „Беркшир Хатавеј“.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »