Промовирани огласи »

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) бара зголемување на минималната плата на 13.800,00 денари, со цел подобрување на стандардот на работниците со најниски плати и на нивните семејства.

ССМ укажува дека во услови кога Синдикалната минимална кошница за март 2019 година изнесува 32.852,00 денари, а само трошоците за храна и пијалоци изнесуваат 13.798,98 денари, постои реална потреба од зголемување на минималната плата која согласно Европските препораки и тенденции треба да изнесува 60 отсто од просечната плата во државата, се вели во денешното соопштение од Синдикатот.

Од ССМ посочуваат дека во континуитет се залагаат и бараат зголемување на минималната плата се со цел подобрување на стандардот на работниците со најниски плати и на нивните семејства, како и дека со Првомајскиот проглас кој го доставиле до Владата и Министерството за труд и социјална политика бара зголемување на Минималната плата на 13.800,00 денари.

Сојузот на синдикати на Македонија ги потсетуваат работодавачите дека со измените на Кривичниот законик, додадени се нови ставови 2 и 3 кои предвидуваат дека тој што ќе побара од работник да му врати или ќе прими одерден износ од плата или други надоместоци исплатени од работодавачот, ќе се казни со казна затвор од три месеци до една година, како и дека со таква казна ќе се казни работодавачот кој на работникот ќе му врачи отказ поради тоа што го пријавил работодавачот или дал исказ во својство на сведок за тоа дека му побарал на работникот да врати одреден износ од плата или други надоместоци исплатени од работодавачот или не го вратил износот.

Од Синдикатот ги охрабруваат работниците да ги пријавуваат работодавачите кои го прекршуваат Законот до Синдикатот или Министерството за труд и социјална политика и Министерството за внатрешни работи, а уште повеќе што, како што потенцираат, и од Владата велат дека немаат толеранција за работодавачите кои не го почитуваат договорот за минимална плата.

Промовирани огласи »

До крајот на годинава следат повеќе неработните денови, како и продолжени викенди.

За сите граѓани на РМ:

  • 24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“ – Ден на сесловенските просветители,
  • 4 јуни (вторник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,
  • 2 август (петок), Ден на Републиката,
  • 8 септември (недела), Ден на независноста, односно 9 септември (понеделник) е неработен ден,
  • 11 октомври (петок), Ден на народното востание,
  • 23 октомври (среда), Ден на Македонската револуционерна борба,
  • 8 декември (недела), „Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник) е неработен ден.

За граѓаните од православна вероисповед:

  • 14 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
  • 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед:

  • 1 ноември (петок), Празникот на сите светци,
  • 25 декември (среда), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед:

  • 11 август (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,
  • За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ,
  • 22 ноември (петок), Ден на албанската азбука,

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ:

  • 9 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,
  • За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ:
  • 28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците,

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ:

  • 21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик.

Промовирани огласи »

Од 7 до 16 часот во вторник за време на Апостолската посета на Папата Франциск ќе има посебен режим на сообраќање на возилата од јавниот превоз, соопшти ЈСП Скопје. Линиите 3, 3Б и 25 воопшто нема да бидат во функција. Превозот ќе биде бесплатен за сите граѓани.

Од Јавното претпријатие информираат дека поголем дел од линиите ќе имаат изменет режим на сообраќање, како и дека нема да работат билетарниците, ниту Жичарницата на Средно Водно.

На веб страната на ЈСП Скопје www.jsp.com.mk може да се види детален опис на движење на сите линии кои ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот.

Промовирани огласи »

Во регионот Македонците имаат најниски плати. 

Македонскиот работник со просечна заработка од 395 евра е на дното. 

Хрватска има просечна плата од 842 евра. Зад неа е Црна Гора со 511 евра, а на трето место е Босна и Херцеговина со просечна плата од 454 евра. Просечната плата во Косово е 442 евра, што е за 22 евра повеќе отколку во Србија. Србите имаат просечна плата од 420 евра. 

Македонија со години наназад заостанува зад регионот, а сите земји од регионот пак се далеку од стандардот во Европската Унија. Според одредени прогнози, на балканските земји ќе им бидат потребни децении за да ги стигнат земјите од ЕУ. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »