Промовирани огласи »

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски на денешната прес конференција за сервисни и безбедносни информации по повод посетата на папата Франциск изјави дека полицијата е целосно подготвена и способна да организира големи настани како посетата на Папата и дека утрешниот ден ќе помине во најдобар ред. Од МВР повикаа граѓаните да имаат трпение со оглед на тоа дека улиците во централното градско подрачје ќе бидат затворени за сообраќај како и да се почитуваат наредбите на полициските службеници.

Во појасот голем ринг во текот на утрешниот ден од 6 до 19 часот ќе има забрана и ограничување на сообраќајот и истиот ќе биде пренасочен на други улици. Рестриктивна зона каде нема да биде дозволено движење со автомобили почнува од улицата „11 октомври“ од раскрсницата со улицата „Кочо Рацин“ до раскрсницата со улицата „Димитрије Чуповски“, забрана за возила исто така ќе има и на улиците „Даме Груев“, „Македонија“, „Васил Главинов“, „Св Климент Охридски“ и „Илко војвода“. Булеварот „Мајка Тереза“ кај клиничкиот центар исто така ќе биде забранет за возила од 8 и 15 до 10 и 15 и во попладневните часови. Сообраќајот ќе се одвива по споредни улици, информираше Ангеловски.

Непречено движење на сообраќајот ќе има на улиците „Кочо Рацин“, „11 октомври“ до „Борис Трајковски“, „Св Кирил и Методиј“, булеварот „Партизански одреди“, улица „Самоилова“ и ул.„Гоце Делчев“.

Доколку граѓаните кои живеат во делот на голем ринг и сакаат да ги користат своите возила во текот на утрешниот ден, денеска ќе мора да ги извадат возилата од рестрикивната зона. Сите паркинзи ќе бидат бесплатни од денес од 16 до утре преку целиот ден. Апелираме сите граѓани да користат јавен превоз, вели Ангеловски.

Од 7 30 до 9 часот ќе биде затворен за сообраќај во двете ленти и патот од Меѓународниот аеродром Скопје до влезот на градот додека пак сообраќајот на автопатот Велес-Скопје ќе се одвива преку Миладиновци Идризово.

Сите кои утре имаат лет од скопскиот аеродром да тргнат порано бидејќи сообраќајот по алтернативите патишта ќе трае подолго , апелираме да се користи железничкиот превоз кој ќе биде бесплатен, вели Ангеловски.

Движењето во мал ринг ќе биде непречено освен во рестриктивните зони каде ќе се влегува со карти. Во обезбедената зона ќе се влегува преку 8 влеза од односно преку Управен суд на улица „Орце Николов“, хотел „Мериот“ на улица „Максим Горки“, кај кафе „Тренд“, улица „Димитрије Чуповски“, улица „Даме Груев“ кај министерство за финансии и порта Македонија.

Мостот на уметноста и камениот мост ќе бидат затворени.

Следењето на литургијата не е дозволена од прозор или балкон на зградите во центарот.

Промовирани огласи »

Уште еднаш потсетување за посебните сообраќајни правила за движење на автомобили, како и посебни правила за движење на пешаците низ центарот на Скопје утре, при посетата на Папата Франциск.

Во централното градско подрачје во Скопје, поточно појасот “Голем ринг”, во вторник на 07.05.2019 година, од 06:00 часот до 19:00 часот ќе има забрана и ограничување на сообраќајот и истиот ќе биде пренасочен на сообраќајниците околу центарот во Скопје, со цел непречено одвивање на истиот.

Поточно, во овој временски период ќе се формира “Рестриктивна зона” на движење, во која за автомобили целосно ќе бидат затворени следните сообраќајници: Ул. ,,11ти Октомври” од крстосницата со бул. ,,Кочо Рацин” до крстосницата со ул. ,,Димитрие Чуповски”, ул. Даме Груев, ул. ,,Македонија”, ул. ,,Васил Главинов”, ул. ,,Филип 2ри Македонски”, ул. ,,Св. Климент Охридски” (адвокатска) и ул. ,,Иљо Војвода”.

Министерството за внатрешни работи го задржува правото за стационирање (стопирање) на сообраќајот во кратки временски интервали и на други сообраќајници, во времето на движење на Папата Франциск низ Скопје.

Сообраќајници по кои ќе биде дозволено движењето на возилата кои се движат во редовен сообраќај со цел да се овозможи непречено одвивање на сообраќајот за време на официјалната посета на Папата, се следните: бул. ,,Кочо Рацин”, ул. ,,11-ти Октовмри” од крстосницата со бул. ,,Кочо Рацин” до крстосницата со бул. ,,Борис Трајковски”, ул. ,,Св.Кирил и Методиј”, бул. ,,Св. Климент Охридски”, бул. ,,Партизански Одреди”, ул. ,,Самоилова” и бул. ,,Гоце Делчев”.

Aпелираме до граѓаните на стрпливост и почитување на поставената сообраќајна сигнализација и наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Граѓаните коишто живеат во централното градско подрачје, во зоната Голем ринг, доколку сакаат да ги користат своите возила на ден 07.05.2019 (вторник), апелираме истите да ги извадат надвор од Рестриктивната зона на 06.05.2019 година (понеделник), во спротивно истите нема да можат да ги извадат од зоната за време на посебниот сообраќаен режим од 06:00 до 19:00 часот на 07.05.2019.

Сите паркинзи на ПОЦ (Општина Центар), ЈП Градски Паркинг и АДСПС во Градот Скопје ќе бидат бесплатни на 06.05.2019 година после 17 часот, како и на 07.05.2019 во текот на целиот ден.

Понатаму, апелираме до сите граѓани кои живеат на територијата на Град Скопје, на 07.05.2019 да го користат јавниот автобуски превоз при упатувањето кон своите работни места и да избегнуваат користење на автомобили. Користењето на автобусите на ЈСП на територија на Град Скопје ќе биде бесплатно за сите граѓани кои со себе ќе имаат важечки документи за идентификација. Посебниот автобуски возен ред за 07.05.2019 наскоро ќе биде објавен на веб-страната на ЈСП www.jsp.com.mk, Град Скопје www.skopje.gov.mk, како и на официјалната веб-страна за посетата на Папата Фрациск www.papa.mk.

Посебени сообраќајни правила на движење на автомобили на трасата од Меѓународниот аеродром Скопје до централното градско подрачје на Скопје на ден 07.05.2019 година

Во временските интервали од 07:30 часот до 09:00 часот, како и од 17:00 часот до 18.30 часот, сообраќајот по бул. Александар Македонски од излезот на Скопје во Автокоманда, кон аеродромот, ќе биде затворен во двете ленти на булеварот и истиот ќе биде пренасочен по споредни сообраќајници.

На трасата Велес – Скопје, во овој временски интервал, сообраќајот за влез и излез во Скопје ќе се одвива преку трасата Миладиновци- Идризово – Маџари.

На трасата Куманово – Скопје, на клучката Миладиновци [кај Рафинеријата], сообраќајот ќе се пренасочува кон Обиколницата на Скопје, на која прв дозволен влез во градот Скопје ќе биде на клучката кај Радишани.

На трасата Куманово-Велес ќе има кратко стационирање (застој на сообраќајот), во двата посочени временски интервали.

Апелираме до сите граѓани кои планираат да поминуваат на овие три правци, да излезат од своите домови еден час порано од претходно планираното, со оглед што движењето по споредните сообраќајници може да трае подолго од планираното. Истото важи и за сите граѓани кои на 07.05.2019 имаат лет преку Меѓународниот аеродром Скопје.

Апелираме сите граѓани кои ќе патуваат кон Скопје тој ден, да го користат железничкиот превоз. На 07.05.2019 железничкиот сообраќај кон Скопје и надвор од Скопје ќе биде бесплатен за сите граѓани. Посебен возен ред на возови за 07.05.2019 ќе биде објавен на сајтот на Железници на Република Северна Македонија www.mzt.mk, Град Скопје www.skopje.gov.mk , како и на официјалната веб-страна за посетата на Папата Фрациск www.papa.mk.

Посебени правила за движење на пешаци во централното градско подрачје на Скопје на ден 07.05.2019

За време на апостолската посета на Папата Франциск на Република Северна Македонија движењето во централното градско подрачје (познато како Мал ринг), за сите граѓани ќе биде непречено, но забавено, бидејќи овој појас ќе биде строго обезбедена зона. Тоа значи дека сите граѓани кои ќе пристапат во оваа зона во периодот од 6:00ч до 19:00ч на 07.05.2019, ќе мора да се идентификуваат со важечки документ за идентификација и да поминат низ безбедносни проверки.

Поради тоа, апелираме сите граѓани кои работат во оваа зона, да ги напуштат своите домови половина час порано од вообичаено на патот кон работното место, со цел да стигнат навреме.

Во зоната Мал ринг ќе се пристапува преку осум влезови на кои МВР ќе врши безбедносна проверка на сите граѓани, како и проверка на лична карти или пасош. Ова се единствените влезови во кои ќе се пропуштаат граѓаните кои ќе се упатуваат кон Плоштадот Македонија.

  • Влез кај Управен суд на ул. ,,Орце Николов”
  • Влез кај хотел Мериот на ул. ,,Максим Горки”
  • Влез кај кафе Тренд на ул. ,,Димитрие Чуповски”
  • Влез кај Министерство за финансии на ул.,,Даме Груев”
  • Влез кај Завод за статистика на ул. ,,Даме Груев”
  • Влез кај Пелагонија на ул.,,Димитрие Чуповски”
  • Влез кај Порта Македонија на ул. ,,11 Октомври”
  • Влез на предната страна од ГТЦ кон Плоштад

Апелираме до сите граѓани кои ќе се упатат кон Плоштадот Македонија за учество на литургијата на Папата Франциск, да пристапат во својата зона преку влезот кој е одреден на бесплатниот билет. Билетот потребно е да се чува со себе се до крајот на литургијата.

Пешачките мостови на реката Вардар (Камениот мост, Мостот Око и Мостот на уметноста) ќе бидат целосно затворени за движење, како и Кејот ,,13 Ноември” од двете страни на реката.

Сите граѓани кои живеат или работат околу Плоштадот „Македонија“ ќе имаат непречен пристап до своите живеалишта, односно места на работа, преку поминување на еден од одредените влезови. Важно е со себе да носат документ за идентификација. Внатре во зоната ќе имаат слободен пристап до сите локации, освен во затворената зона на самиот плоштад, за која е потребна влезница за учество на литургијата. Пристапот за моторни возила, велосипеди, мопеди и слично е забранет во обезбедената зона Мал ринг.

7 мај е работен ден при што за сите државни и приватни капацитети ќе бидат обезбедени потребните услови за работа.

Промовирани огласи »

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) бара зголемување на минималната плата на 13.800,00 денари, со цел подобрување на стандардот на работниците со најниски плати и на нивните семејства.

ССМ укажува дека во услови кога Синдикалната минимална кошница за март 2019 година изнесува 32.852,00 денари, а само трошоците за храна и пијалоци изнесуваат 13.798,98 денари, постои реална потреба од зголемување на минималната плата која согласно Европските препораки и тенденции треба да изнесува 60 отсто од просечната плата во државата, се вели во денешното соопштение од Синдикатот.

Од ССМ посочуваат дека во континуитет се залагаат и бараат зголемување на минималната плата се со цел подобрување на стандардот на работниците со најниски плати и на нивните семејства, како и дека со Првомајскиот проглас кој го доставиле до Владата и Министерството за труд и социјална политика бара зголемување на Минималната плата на 13.800,00 денари.

Сојузот на синдикати на Македонија ги потсетуваат работодавачите дека со измените на Кривичниот законик, додадени се нови ставови 2 и 3 кои предвидуваат дека тој што ќе побара од работник да му врати или ќе прими одерден износ од плата или други надоместоци исплатени од работодавачот, ќе се казни со казна затвор од три месеци до една година, како и дека со таква казна ќе се казни работодавачот кој на работникот ќе му врачи отказ поради тоа што го пријавил работодавачот или дал исказ во својство на сведок за тоа дека му побарал на работникот да врати одреден износ од плата или други надоместоци исплатени од работодавачот или не го вратил износот.

Од Синдикатот ги охрабруваат работниците да ги пријавуваат работодавачите кои го прекршуваат Законот до Синдикатот или Министерството за труд и социјална политика и Министерството за внатрешни работи, а уште повеќе што, како што потенцираат, и од Владата велат дека немаат толеранција за работодавачите кои не го почитуваат договорот за минимална плата.

Промовирани огласи »

До крајот на годинава следат повеќе неработните денови, како и продолжени викенди.

За сите граѓани на РМ:

  • 24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“ – Ден на сесловенските просветители,
  • 4 јуни (вторник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,
  • 2 август (петок), Ден на Републиката,
  • 8 септември (недела), Ден на независноста, односно 9 септември (понеделник) е неработен ден,
  • 11 октомври (петок), Ден на народното востание,
  • 23 октомври (среда), Ден на Македонската револуционерна борба,
  • 8 декември (недела), „Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник) е неработен ден.

За граѓаните од православна вероисповед:

  • 14 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
  • 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед:

  • 1 ноември (петок), Празникот на сите светци,
  • 25 декември (среда), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед:

  • 11 август (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,
  • За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ,
  • 22 ноември (петок), Ден на албанската азбука,

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ:

  • 9 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,
  • За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ:
  • 28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците,

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ:

  • 21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик.
Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »