Промовирани огласи »

Од денеска до 14 мај во редовниот линиски превоз ќе бидат вклучени две привремени линии 100 и 200 кои ќе сообраќаат до СЦ „Борис Трајковски“ за време на одржување на Саемот на книгата.

Автобусот на линијата 100 ќе тргнува од Ново Лисиче во термините од 11 ч., 12:20 ч., 13:40 ч., 15 ч., 16:20 ч., 17:40 часот, а обратно од СЦ „Борис Трајковски“ ќе тргнува од 11:40 ч., 13 ч., 14:20 ч., 15:40 ч., 17 ч., 18:20 часот.

Трасата на движење на автобусот на линија 100 е: улица „Февруарски поход“, булевар „В.С.Бато“, булевар „Јане Сандански“, булевар „К.Ј.Питу“, булевар „Кочо Рацин“, улица „11 Октомври“, улица „Димитрие Чуповски“, булевар „Св. Климент Охридски“, булевар „Партизански одреди“, улица „Бледски договор“, СЦ „Борис Трајковски“ и обратно по истата траса.

Автобусот на линијата 200 ќе тргнува од Дексион во 11:20 ч., 12:40 ч., 14 ч., 15:20 ч., 16:40 ч., 18 часот, а од СЦ „Борис Трајковски“ ќе тргнува во 12 ч., 13:20 ч., 14:40 ч., 16 ч., 17:20 ч., 18:40 часот. Автобусот ќе се движи по улица „Црногорска“, улица „Кузман Шапкарев“, улица „Ѓорче Петров“, булевар „Партизански одреди“, улица „Бледски договор“, СЦ „Борис Трајковски“ и обратно по истата траса.

Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Владата на Република Северна Македонија соопштува дека утрешниот ден, 7 мај, кога во нашата земја ќе пристигне во еднодневна посета Папата Франциск, е работен ден за сите граѓани.

Организациониот одбор за посетата на Светиот Отец денеска соопшти дека сите подготовки за реализација на програмата на апостолската посета на Папата Франциск на Република Северна Македонија се завршени.

Сите информации за посебните сообраќајни правила и за работата на јавните здравствени установи можат да се најдат на веб страницата https://papa.mk/

Промовирани огласи »

По повод утрешната посета на папата Франциск на Скопје, денеска во Собрание беше промовирана поштенската марка „Прва посета на Папа во Република Северна Македонија.

Претседателот на Собранието Талат Џафери во обраќањето на промоцијата рече дека папата Франциск е познат по својата скромност и широкогледост, повикува на еднаквост, противник е на насилството и е прогресивен во своите ставови и ја поддржува евалуацијата, и токму затоа е широко прифатен од младите ширум светот и за нас е огромна чест што утре ќе бидеме негови домаќини.

– Ние иако мали по територија и по број на жители имаме што да понудиме во градењето на еден поубав свет за сите. Исклучителен пример за тоа е нашата Гонџа Бојаџиу, големата светица Мајка Тереза која неуморно се даде себеси и сето свое битие за да ги утеши сиромашните, немоќните, болните, рече Џафери.

Посака посетата на папата Франциск, како што рече, да биде охрабрување, за сите нас да бидеме подобри луѓе, потолерантни кон различните од нас, одговорни и посветени луѓе.

Благодарност за чинот и за печатењето на поштенска марка по повод посетата на папата на Скопје изрази и скопскиот бискуп Киро Стојанов, а пригодно обраќање имаше и директорот на Македонски пошти, Ејуп  Рустеми.

Првите поштенски марки од оваа серија им беа врачени на претседателот на Собранието, Талат Џафери, вицепремиерот Бујар Османи и скопскиот бискуп Стојанов.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »