Промовирани огласи »

Владата на Република Северна Македонија соопштува дека утрешниот ден, 7 мај, кога во нашата земја ќе пристигне во еднодневна посета Папата Франциск, е работен ден за сите граѓани.

Организациониот одбор за посетата на Светиот Отец денеска соопшти дека сите подготовки за реализација на програмата на апостолската посета на Папата Франциск на Република Северна Македонија се завршени.

Сите информации за посебните сообраќајни правила и за работата на јавните здравствени установи можат да се најдат на веб страницата https://papa.mk/

Промовирани огласи »

По повод утрешната посета на папата Франциск на Скопје, денеска во Собрание беше промовирана поштенската марка „Прва посета на Папа во Република Северна Македонија.

Претседателот на Собранието Талат Џафери во обраќањето на промоцијата рече дека папата Франциск е познат по својата скромност и широкогледост, повикува на еднаквост, противник е на насилството и е прогресивен во своите ставови и ја поддржува евалуацијата, и токму затоа е широко прифатен од младите ширум светот и за нас е огромна чест што утре ќе бидеме негови домаќини.

– Ние иако мали по територија и по број на жители имаме што да понудиме во градењето на еден поубав свет за сите. Исклучителен пример за тоа е нашата Гонџа Бојаџиу, големата светица Мајка Тереза која неуморно се даде себеси и сето свое битие за да ги утеши сиромашните, немоќните, болните, рече Џафери.

Посака посетата на папата Франциск, како што рече, да биде охрабрување, за сите нас да бидеме подобри луѓе, потолерантни кон различните од нас, одговорни и посветени луѓе.

Благодарност за чинот и за печатењето на поштенска марка по повод посетата на папата на Скопје изрази и скопскиот бискуп Киро Стојанов, а пригодно обраќање имаше и директорот на Македонски пошти, Ејуп  Рустеми.

Првите поштенски марки од оваа серија им беа врачени на претседателот на Собранието, Талат Џафери, вицепремиерот Бујар Османи и скопскиот бискуп Стојанов.

Промовирани огласи »

Македонците најчесто склучуваат мешани бракови со припадниците на српската заедница, и ова може да се забележи од податоците на Државниот завод за статистика за 2017 година. 

Минатата година 69 Македонки стапиле во брак со Срби, а 83 невести од српска националност се омажиле за Македонци.

Веднаш зад Србите по бројност се Албанците.

Голем број Македонци се женат со Албанки од соседна Албанија. На вакви бракови најчесто се решаваат мажите од руралните средини. Во бројки, минатата година 57 жени Албанки се омажиле за Македонци, а 23 Македонки за Албанци.

Од друга страна во истиот период 9 Турчинки се омажиле за Македонци, а 25 Македонки се венчале со Турци.

Податоците покажуваат дека 7 Влаинки се омажиле за Македонци, додека двојно повеќе Македонки се омажиле за Власи.

Дванаесет Бошњачки лани се омажиле за Македонци и исто толку Македонки за Бошњаци.

Има 8 регистрирани бракови меѓу младоженец Македонец и Ромка, и исто толку помеѓу Ром и Македонка, покажуваат статистиките. 

Во Македонија постојано се намалува бројот на етнички мешани бракови. Во последните 40 години бројката била дури преполовена.

Социолозите сметаат дека во државава има традиција да се склучуваат хомогамни бракови по сите основи, односно и двајцата брачни другари да бидат од иста етничка или религиозна припадност.

Под 10 отсто е бројот на склучени мешани бракови. Тој процент се провлекува со години. Таквите бракови повеќе се осудени од средината, а тој притисок често доведува и до развод на таа заедница. 

Според социолозите, не може да се прави споредба со бројот на склучени мешани бракови во европските земји и кај нас, зашто таму е сосема нормално двајцата брачни другари да имаат различна националност и вероисповед. Слична е состојбата кај соседите, како во Србија, Хрватска, Грција и во Бугарија, каде што се внимава на тоа сопружниците да бидат од иста нација и вера.

Промовирани огласи »

И денес може да се подигнат карти за Светата литургија на поглаварот на Католичката црква папата Франциск во Македонија, истакна Тони Ангеловски, портпаролот на МВР на денешната прес конференција за посетата на папата Франциск во земјава.

На прес конференцијата ги повторија безбедносните мерки кои ќе ги превзема Владата за посетата на папата Франциск во земјава, исто така ги потсетија граѓаните и за промената на сообраќајниот режим.

Очекуваме над 15 000 верници утре да присуствуваат на Светата литургија  со папата Франциск, карти сеуште има и ќе можат да се подигнат и денес на трите пункта низ Скопје истакнаа на прес конференцијата.

Задолжително со себе граѓаните да носат документ за лична идентификација, потенцираа на  прес конференцијата.

Исто така од Министерството за внатрешни работи потенцираат  дека доколку некој утре одлучи да отиде на Светата литургија на плоштад Македонија, а нема земено од бесплатните билети, сепак ќе може да го направи тоа,  само ќе треба да се регистрира.

Од Католичката црква во земјава соопштија дека при оваа апостолска посета на поглаварот на Католичката црква очекуваат и најмалку 2000 гости од регионот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »