Промовирани огласи »

Со новиот начин на доставување на Годишната даночна пријава на граѓаните им е овозможено да учествуваат во постапката за утврдување на персоналниот данок, во соработка со Управата за јавни приходи, велат од УЈП.

Граѓанинот, доставената Годишна даночна пријава треба да ја провери, од аспект на точност на прикажаните податоци во корелација со примените годишни приходи од земјата и странство. Доколку истите се соодветни, односно одговараат на реално остварените приходи, граѓанинот може да ја потврди Годишната даночна пријава, но може и да не постапи по неа. Доколку не ја потврди Годишната даночна пријава, службено ќе биде потврдена, наведуваат од УЈП.

Управата за јавни приходи во 2019 година прв пат до граѓаните доставува претпополнети Годишни даночни пријави за 2018 година по електронски пат, како дел од реформата Поедноставување на процедурите за пресметување и пријавување на персонален данок на доход. Оваа реформа, како што и е насловена, има за цел да обезбеди поедноставни процедурите за пресметување и пријавување на персонален данок на доход, намалување на турканиците, заштеда на време, пари и ресурси, како и повисоко ниво на услуги кон граѓаните.

Промовирани огласи »

Првите пари со новото име на државата ќе бидат пуштени во оптек на почетокот на наредната година.

Како што соопшти денеска гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска, најпрво ќе бидат пуштени банкнотите од 500 денари, а потоа и оние од 10.

Парите имаат природен циклус на искористување што ќе се земе предвид при пуштањето на новите банкноти, но ќе се води сметка и за потребата од пуштање нови пари, рече Анегеловска-Бежоска.

Одговорајќи на новинарско прашање, по презентацијата на пролетните макроекономски проекти, гувернерката истакна дека новите банкноти нема да бидат испишани и со албански јазик, но за тоа ќе има дополнителни консултации согласно законската и уставната рамка. Ангеловска-Бежовска потсети дека во моментов парите содржат симболи од албанската култура.

Промовирани огласи »

На медицински факултет во Скопје секоја година околу 400 студенти се запишуваат со надеж дека еден ден ќе станат лекари. Но, по дипломирањето повеќе од половина решаваат професионално да се реалзираат надвор од Македонија. Една од тие студенти е и Надица од Скопје. 

Надица ги завршува студиите по општа медицина. Млада, амбициозна и образована. Но, наместо да се подготвува да работи во некоја од клинките, таа подготвува документи за во странство. Вели дека ниските плати, партиското вработување како и лошите услови за работа во јавното здравство се причините поради кои не се гледа себеси тука.

Во последниве неколку години македонските медицинари, лекарите и другиот стручен персонал масовно заминува на работа во западните земји. Проблемот не е само се нашава земја. Иселувањето е карактеристично за сите земји од регионов а најпосакуваните дестинации каде што има работа за лекарите и сестрите се Германија, Австрија, Белгија, Словенија и нордиските земји. Проблемите со иселувањето на стручниот медицински персонал од нашите болници и поликлиники најдиректно ја погодува заштитата на здравјето на граѓаните.

Во Лекарската комора на Македонија која е надлежна да издава потврди за стручноста со кои лекарите можат да работа во странство се немоќни.

Промовирани огласи »

На крајот на минатата година во двата отворени задолжителни фонда од вториот пензиски столб – КБ Прв пензиски фонд и Сава пензиски фонд членуваа вкупно 490.035 идни пензионери на кои од личниот доход им се издвојуваат средства во задолжителните пензиски фондови. На крајот на 2018 година тие управуваат со безмалку 1 милијарда евра средства на своите членови колку што се собрани во 13те години, односно од почетокот на пензиската реформа во 2006 година. Иако на самиот почетокот на реформата, стартната позиција на двете друштва беше иста, сепак КБ Прв пензиски фонд сега има повеќе членови, поголемо пазарно учество и управува со повеќе средства во споредба со другиот фонд, односно управува со портфолио кое е поголемо за околу 62 милиони евра.

Средствата со кои управуваат фондовите се вложуваат со цел  да се оствари принос за членовите, којшто директно се распределува на нивните индивидуални сметки. На овој начин пензиските друштва на идните пензионери им ги оплодуваат средствата со кои задолжителните пензиски фондови управуваат, а висината на приносот е променлива. Според податоците на МАПАС  за последните 7 години (од 2012 до 2018 година) членовите на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд оствариле просечен годишен принос на своите средства од 6,01%  што е повисок во однос на конкуренцијата за истиот период и значително повисок од, на пример, висината на каматите на банкарските депозити.

Портфолијата на пензиските фондови се диверзифицирани и содржат државни обврзници, депозити, акции во домашни компании, удели во инвестициски фондови, акции во најпознатите светски компании и друго. На пример, преку инвестициите, членовите на пензиските фондови имаат сопственост во Алкалоид, Амазон, БМВ, Самсунг, ИБМ, Сименс, Нестле и многу други познати светски и домашни компании.

Со последните измени и дополнувања на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување,од бруто платата за идна пензија се издвојуваат 18,4% како придонеси за задолжително пензиско и инвалидско осигурување, со тоа што кај членовите во вториот столб, од овие средства 12,4% одат во државниот пензиски фонд (ФПИОСМ), а 6 отсто во некој од приватните задолжителни пензиски фондови.

Сликовито кажано, ако просечната бруто плата во јануари годинава, според Државниот завод за статистика, изнесуваше 36.386 денари од нив 18,4% или 6.695 денари се издвоиле во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Од оваа сума државниот фонд за приватните префрлил 6% или од просечната бруто плата во јануари, околу 2.183 денари. Останатите средства остануваат во државниот фонд.

Колку заработил секој член најдобро покажува вредноста на сметководствената единица која на први јануари 2006 година беше 100 денари. На крајот на декември лани таа изнесуваше 193,1 денари во Сава, односно 196,7 денари во КБП. Низ пример, ако членот има вкупна уплата од 30.000 денари во јануари 2006 година како придонес, со оглед дека вредноста на единицата е 100, тој тогаш поседува 300 единици. Вкупната вредност на тие 300 единици, ако се земе предвид дека вредноста на една единица сега е во просек 195 денари, е 58.500 денари. Или поедноставно кажано, на неговата уплата од 30.000 денари фондовите му заработиле 28.500 денари.

Осигурениците кои задолжително членуваат во вториот столб, веднаш по вработувањето времено се распределуваат од страна на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во задолжителен пензиски фонд по случаен избор, со цел да се обезбеди оплодување на нивните средства од самиот почеток на членството. Осигурениците имаат рок од 3 месеци да одберат во кој задолжителен пензиски фонд ќе членуваат. Доколку по истекот на тој рок не одлучат каде ќе членуваат, тогаш остануваат членови во фондот во кој биле времено распределени.

Секој член на почетокот на календарската година од пензиските друштва добива информација за тоа колку средства се собрани на неговата сметка, колкав е приносот и вредноста на сметководствената единица, како и информации за тоа каде се вложувани средствата. Информациите се испраќаат и по имејл со цел навремена и брза проверка на податоците, а исто така до нив може да се пристапи и електронски  на веб страната на друштвото. Кога, на пример, корисникот на КБ Прв пензиски фонд сака да ја следи состојбата на својата индивидуална сметка, при посета на интернет страната на друштвото го одбира полето со годишниот извештај и се согласува истиот да го добива по пошта или на имејл, по електронска пошта.

Средствата од задолжителниот пензиски фонд секој осигуреник ќе може да ги повлекува во месечни ануитети, програмирани повлекувања или комбинирано откако ќе ги исполни условите за пензионирање според годините на старост и 15 години работен стаж. Во случај ако осигуреник не го исполнува условот за пензиски стаж ќе може со наполнети 65 години старост да ги подигне средствата под услови уредени со закон. Во случај на смрт на осигуреникот, средствата се наследни.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »