Промовирани огласи »

Симболично започна проектот на град Скопје „Дрво за секое дете“. Денес на кејот на Вардар  беа поставени дваесетина плочки со имиња на новороденчиња, на дрвја кои беа засадени во минатата акција за зазеленување на градот.

Денеска, заедно со родителите на пријавените дечиња, почна проектот „Дрво за секое дете“ што го работиме аедно со ЈП „Паркови и зеленило“ и гинеколошко-акушерските болници во Скопје. Во наредниот период уште 300 дрвја во градските дрвореди и паркови ќе добијат плочки со имиња на новородените деца во чија чест е засадено тоа дрво. Особено се радувам што овие деца ќе растат истовремено со дрвјата и ќе можат да го следат растот на своето дрво. Со тоа, на симболичен начин сакаме да создадеме врска меѓу градот и неговите сегашни и идни граѓани. Плочките се напишани на јазикот што ќе го одберат родителите. Нам ни е битно детето да се врзе за овој град, истакна градоначалникот на град Скопје Петар Шилегов.

Шилегов ги повика идните родители да ги пријават своите деца за учество во оваа акција.

Промовирани огласи »

Со новиот начин на доставување на Годишната даночна пријава на граѓаните им е овозможено да учествуваат во постапката за утврдување на персоналниот данок, во соработка со Управата за јавни приходи, велат од УЈП.

Граѓанинот, доставената Годишна даночна пријава треба да ја провери, од аспект на точност на прикажаните податоци во корелација со примените годишни приходи од земјата и странство. Доколку истите се соодветни, односно одговараат на реално остварените приходи, граѓанинот може да ја потврди Годишната даночна пријава, но може и да не постапи по неа. Доколку не ја потврди Годишната даночна пријава, службено ќе биде потврдена, наведуваат од УЈП.

Управата за јавни приходи во 2019 година прв пат до граѓаните доставува претпополнети Годишни даночни пријави за 2018 година по електронски пат, како дел од реформата Поедноставување на процедурите за пресметување и пријавување на персонален данок на доход. Оваа реформа, како што и е насловена, има за цел да обезбеди поедноставни процедурите за пресметување и пријавување на персонален данок на доход, намалување на турканиците, заштеда на време, пари и ресурси, како и повисоко ниво на услуги кон граѓаните.

Промовирани огласи »

Првите пари со новото име на државата ќе бидат пуштени во оптек на почетокот на наредната година.

Како што соопшти денеска гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска, најпрво ќе бидат пуштени банкнотите од 500 денари, а потоа и оние од 10.

Парите имаат природен циклус на искористување што ќе се земе предвид при пуштањето на новите банкноти, но ќе се води сметка и за потребата од пуштање нови пари, рече Анегеловска-Бежоска.

Одговорајќи на новинарско прашање, по презентацијата на пролетните макроекономски проекти, гувернерката истакна дека новите банкноти нема да бидат испишани и со албански јазик, но за тоа ќе има дополнителни консултации согласно законската и уставната рамка. Ангеловска-Бежовска потсети дека во моментов парите содржат симболи од албанската култура.

Промовирани огласи »

На медицински факултет во Скопје секоја година околу 400 студенти се запишуваат со надеж дека еден ден ќе станат лекари. Но, по дипломирањето повеќе од половина решаваат професионално да се реалзираат надвор од Македонија. Една од тие студенти е и Надица од Скопје. 

Надица ги завршува студиите по општа медицина. Млада, амбициозна и образована. Но, наместо да се подготвува да работи во некоја од клинките, таа подготвува документи за во странство. Вели дека ниските плати, партиското вработување како и лошите услови за работа во јавното здравство се причините поради кои не се гледа себеси тука.

Во последниве неколку години македонските медицинари, лекарите и другиот стручен персонал масовно заминува на работа во западните земји. Проблемот не е само се нашава земја. Иселувањето е карактеристично за сите земји од регионов а најпосакуваните дестинации каде што има работа за лекарите и сестрите се Германија, Австрија, Белгија, Словенија и нордиските земји. Проблемите со иселувањето на стручниот медицински персонал од нашите болници и поликлиники најдиректно ја погодува заштитата на здравјето на граѓаните.

Во Лекарската комора на Македонија која е надлежна да издава потврди за стручноста со кои лекарите можат да работа во странство се немоќни.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »