Промовирани огласи »

Можно е децата да бидат запишани во прво одделение, а во меѓувреме да се вакцинираат, рече министерот за образование Арбор Адеми, одговарајќи на новинарско прашање што договориле викендов на средбата со министрите за здравство и правда, пишува СДК. 

Тој кажа дека сѐ уште ги разгледуваат сите опции и дека за тоа ќе разговараат и во Влада, со оглед дека основното образование е задолжително, но и јавното здравје мора да се одржи.

„Една од опциите кои ги разгледуваме е децата да се запишат во прво одделение, а од септември ако останат невакцинирани да одиме со теренска вакцинација“, рече Адеми.

Министерот за здравство Венко Филипче викендов кажа дека не отстапуваат од ставот да не се примаат невакцинирани деца во градинките и училиштата, бидејќи само така може да се стави крај на епидемијата со мали сипаници, во која досега починаа 4 деца.

Тој рече дека Министерството за труд и социјална политика веќе го изменило правилникот за прием на деца во градинките, а дека со Министерсвото за образование треба да најдат решение.

Промовирани огласи »

Автопатот Штип-Миладиновци ќе биде пуштен за 10 до 15 дена најави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов, кој денеска заедно со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески извршија увид во реконструкцијата на регионалниот пат Пробиштип-Злетово, пишува 1тв. 

Потенцираше дека во изминатите месеци се корегирале грешките што се направиле при проектирањето на автопатот, во кои не било предвидено пристап на сервисни патишта за населението од светиниколскиот регион, а се поставува и заштитната мрежа по должината на автопатот.

Од изведувачот „Синхидро“ добивме известување на 19 декември дека автопатот е готов, но повторувам по кој знае кој пат дека бевме во инспекција и видовме дека еден дел од сервисните патишта и што е поважно за безбедноста на учесниците во сообраќајот мрежите, што се покрај автопатот не се завршени. Беа завршени 60 отсто, а 40 отсто не беа завршени и затоа дадовме налог кинескиот изведувач „Синохидро“ да си ги заврши. На мое и на ваше задоволство можам да кажам дека направив увид на некаде десетина километри во моментов не е заврешена мрежата и ако земете во обзир дека некаде на еден километар на ден се поставува мрежа,  значи за 10 до 15 дена ќе биде пуштен патот. На некои места ќе има времен сообраќаен режим, каде што ќе се прават клучките за помошните места, за сервисните патишта за да граѓаните си одат до своите парцели, вели Китанов.

Тој најави дека за два до три месеци ќе почне и изградбата на патарините на автопатот Штип-Миладиновци, каде што на тие места ќе има и времен режим на сообраќај.

Промовирани огласи »

Симболично започна проектот на град Скопје „Дрво за секое дете“. Денес на кејот на Вардар  беа поставени дваесетина плочки со имиња на новороденчиња, на дрвја кои беа засадени во минатата акција за зазеленување на градот.

Денеска, заедно со родителите на пријавените дечиња, почна проектот „Дрво за секое дете“ што го работиме аедно со ЈП „Паркови и зеленило“ и гинеколошко-акушерските болници во Скопје. Во наредниот период уште 300 дрвја во градските дрвореди и паркови ќе добијат плочки со имиња на новородените деца во чија чест е засадено тоа дрво. Особено се радувам што овие деца ќе растат истовремено со дрвјата и ќе можат да го следат растот на своето дрво. Со тоа, на симболичен начин сакаме да создадеме врска меѓу градот и неговите сегашни и идни граѓани. Плочките се напишани на јазикот што ќе го одберат родителите. Нам ни е битно детето да се врзе за овој град, истакна градоначалникот на град Скопје Петар Шилегов.

Шилегов ги повика идните родители да ги пријават своите деца за учество во оваа акција.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »