Промовирани огласи »

На патот до успехот мааните не им сметаат, па личностите родени во овие два хороскопски знака обично се доста познати и успешни.

Дали е во прашање положбата на планетите кои го одредуваат полето на успехот во животот и способноста на раководните позиции, не е познато, но овие два хороскопски знаци дефинитивно се најдобри кога се работи за лидерска позиција.

Тие се родени лидери, авторитети, а со тоа и доста способни и знаат од своите подредени да го извлечат максимумот. И тие имаат по некоја маана, но на патот до успехот не им пречи, па личностите родени во овие два знака обично се познати и успешни.

Најизразени црти на водич во себе поседува Овенот. Главна карактеристика му е динамичноста, еланот и креативноста, но најголем проблем често претставува неговата тврдоглавост, промена на расположение и раздразливоста. Припадниците на овој знак се многу јасни во нивните барања, и ги поттикнуваат нивните вработени да го дадат најдоброто од себе, но со своите непромислени изјави можат да ги понижат и повредат. Оние кои се слични на нив имаат добар однос, но со оние кои се повлечени како работници – ним им следува ноќна мора.

Поради својата доминантна природа, Јарецот е роден за позицијата шеф! Сакаат ред, работа и дисциплина па уживаат да ги обучуваат своите вработени. Немаат страв од губиток на позицијата бидејќи се уверени дека се незаменливи, што дури е и можно поради нивната работохоличарска природа. Главна карактеристика им е способноста да го извлечат најдоброто од другите, како и да се изборат за подобра плата за сите, а маани им се тврдоглавоста, нечувствителноста и уверението дека сами знаат најдобро.

Промовирани огласи »

За секој лет купен во периодот 19-20 мај, ќе добиете поврат во кредит на WIZZ од 15% од вкупниот износ на резервацијата (што може да се искористи до 15 септември 2019 година). Промоцијата е достапна за сите што ќе купат билети во текот на наведените 2 дена и повратот од 15% ќе се пресмета на конечниот платен износ. Кредитот ќе се додаде на Вашата сметка на WIZZ најдоцна до 31 мај.

Промоцијата не важи за билетите купени со Wizz Flex или Wizz Plus.

*Повратот од 15 % важи за вкупната цена на превоз (вкупниот износ на резервацијата, заедно со цената на билетот и дополнителните услуги купени во текот на резервирањето). Повратот од 15 % важи за сите летови и сите дестинации. Промоцијата важи на 19 и 20 мај 2019 година, во периодот 00:00 - 23:59 часот CET. Имајте предвид дека понудата не е пренослива и важи само за поединечни резервации, со што се исклучуваат групните резервации. Понудата не може да се комбинира со други промоции што ги опфаќаат цените на авиобилетите. Ако ги исполнувате критериумите на промоцијата, ќе добиете поврат од 15 % од вкупниот износ на цената на превоз во кредит на Wizz на Вашата сметка на WIZZ најдоцна до 31 мај 2019 година, а кредитот ќе може да го искористите најдоцна до 15 септември 2019 година за купување авиобилети на Wizz Air. Повратот може да се изврши исклучиво на Вашата сметка на Wizz и на ничија друга. Повратот не може да се конвертира во готовина. Поврат се врши само за завршени летови. Имајте предвид дека износот на повратот не е наведен/видлив на www.wizzair.com во текот на резервирањето. Важат Правилата и условите за сметки на WIZZ. Wizz Plus и резервациите со Wizz Flex се исклучени од промоцијата.

Промовирани огласи »

Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија го објави одржувањето на првата Парада на гордоста на скопските улици во последната сабота од јуни.

Со оваа најава Ирена Цветковиќ ја отвори денешната прес конференција, истакнувајќи ја важната улога која медиумите ја имаат во заедничката борба за праведно општество во кое се почитуваат човековите права и слободи на сите граѓанки и граѓани, вклучително и ЛГБТИ заедницата.

Антонио Михајлов ја нагласи потребата од што е можно поголема поддршка и активно учество од сите чинители: политичари, јавни личности, активисти, уметници на Парадата на гордоста, солидаризирајќи се со ЛГБТИ луѓето. Парадата на гордоста креира простор кој еманципира и ослободува, и е отворен за сите, без разлика на нивната нација, вера, род, сексуална ориентација, родов идентитет итн.

Годинава се одбележува 50-годишнината од првите демонстрации во Њујорк, познати како Бунтот од Стоунвол, кои беа пресвртна точка за создавање на ЛГБТИ движењето, односно борбата за почитување на основните човекови права и спротивставување на прогонот и стигматизацијата на ЛГБТИ луѓето - изјави Кочо Андоновски. Северна Македонија е последната земја од регионот која организира Парада на гордоста.

Во текот на наредниот месец редовно ќе ја информираме јавноста за деталите околу одржувањето на Парадата, точната локација, маршрута и време.

Промовирани огласи »

Цените на криптовалутите повторно летаат во небо, а вистинско лудило предизвикаа приказните дека „eBay“ може да воведува тргување со дигитални пари.

Цените на биткоинот надминаа 7200 евра, а само во една недела оваа валута доби на вредност скоро 2000 евра.

Посетителите на Конзензус, тридневната конференција посветена на криптовалути, во организација на Коиндеск, еден од најголемите медиуми во светот, кој се занимава со дигитални пари и блокчеин, имале прилика да ги видат и ркеламите на „eBay“.

Се верува дека и тој планира да влезе во бизнисот.

Прифаќањето на криптовалути од трговците како што е „eBay“ би било голем чекор напред во идентификација на криптовалути како полни алтернативи на еврото и доларот. Уште нема официјални соопштенија на трговците за ова, но по мислење на многумина, само е прашање на време кога тоа ќе се случи.

Високиот раст на криптовалутите ги изненадило и најголемите позанвачи, бидејќи ситуацијата на пазарот е далку од розева. Минатата недела хакерски напад го намали прометот на најголемата светска криптоменувачница „Binance“.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »